Зависи која емисија на обврзници ја имаш, меѓутоа генерално за сите важи исто правило. На годишно ниво, односно секој 1-ви јуни, се исплаќа 10% од главницата, т.е. количината која што ја поседуваш, плус 2% камата.
Единствено обврзниците се разликуваат во тоа што секоја емисија има различен рок на крајно доспевање. Сите се издадени на 10 години, но различно е времето кога се издадени. Погледни на линкот од ЦДХВ која емисија обврзници поседуваш, и според тоа кога е исплатена првата рата, плус 10 години, ќе знаеш кога доспеваат.
http://www.cdhv.org.mk/default-MK.asp?ItemID=44
Ако ништо не си подигал, ниту продавал дел од обврзниците, тогаш можеш сега да си го подигнеш делот што ти доспеал до денес, а остатокот да го оставиш да доспее, со тоа што секоја година ќе си земаш 10% од главницата, плус 2% камата. Јави се на 3299-802, кажи им ЕМБГ и сметката на која што ти се водат обврзниците и ќе ти кажат дали и колкава сума е доспеана. Ако има доспена сума, тогаш во било која банка ќе можеш да ги подигнеш парите.
Инаку, друга варијанта ти е да ги продадеш на берза, меѓутоа имај предвид дека во тој случај нема да добиеш 100%. Зависно од цената на обврзницата ќе добиеш некаде околу 80-85% од главницата.
И уште нешто, количината на главницата ти е искажана во евра. Значи, ако имаш 3267 обврзници, тоа се всушност евра. Со тоа што напомнав погоре, ако ги чуваш до крај ги добиваш 100%, а ако ги продадеш на берза, ќе добиеш 80-85% зависно од моменталната цена.