Куќа без малтер и шајки

  • Креатор на темата Креатор на темата Apokalipto
  • Време на започнување Време на започнување

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.586
Со монтажа на ромбоидни тули може да се направи куќа за еден ден без употреба на класични градежни материјали, вели Веле Нелковски, автор на пронајдокот.

Малтерот, шајките, теслите и класичните тули ќе станат минато во градежништво ако пронајдокот на скопјанецот Веле Нелковски наречен „Градежни елементи за брза градба“ најде поширока примена. Суштината на пронајдокот е монтажата на куќите со ромбоидни тули, кои од една страна имаат жлеб, а од друга клин, па со нивно спојување се прави цврста врска без употреба на малтер или друг материјал. На тој начин се добиваат целосно рамни и правоаголни форми на ѕидовите на кои потоа им требаат многу мали интервенции до вселувањето на станарите. Меѓутоа, и покрај неколкуте награди, пронајдокот се' уште не се применува.

Нелковски вели дека ако се применува иновацијата цената на еден квадратен метар на станбена површина нема да биде поголема од 300 евра за квадрат.

Тајната на проектот

Но, за изградба на прототип за ваква куќа за да видат потенцијалните инвеститори како изгледа, потребни се од 50.000 до 80.000 евра, кои тој не може да ги обезбеди.

- Тајната на пронајдокот е во тоа што се користи силата на гравитацијата при што ромбоидната тула со сопствената тежина го притиска спојот помеѓу жлебот и клинот под посебен агол. Се жлебови и клинови се поврзува секој нов ред, се прават агли и на крајот целата конструкција на објектот. Тулите може да се прават од различни материјали. Објектот на крајот претставува своевидна цврста кутија, која е многу поотпорна на земјотреси, но и овозможува значителни заштеди во енергијата. Со вакви тули може да се градат и канали, но и објекти што имаат тркалезна и други форми - објаснува Нелковски.Тој вели дека за вакви градби воопшто не е потребно да се користи алат бидејќи само се монтираат веќе готови елементи.

- Не е потребно да се користат ни малтер ни тули, а блок-елементите се многу посилно поврзани. При земјотресите нема опасност да се урнат редовите на ромбоидните тули, бидејќи спојките меѓу нив се зајакнати со стаклена волна, па ѕидовите може само да се искриват, но не и да паднат - истакнува Веле Нелковски. Тој на последниот саем на иновации во Нирнберг, Германија, доби признание од Здружението на пронаоѓачи на Полска. Неговиот пронајдок добил и сребрен медал на минатогодишната „Макинова“, а влегол и во финалето меѓу шест најдобри труда на смотрата на иновации за бизнис-проекти во Холандија.

Типски објекти

За градбата на еден станбен објект од околу 60 квадратни метри се потребни околу шест илјади вакви елементи. Ромбоидните тули се долги 33, високи 13 и широки 20 сантиметри. Но, димензиите може да се приспособуваат. Најскап дел во овој проект е изградбата на посебни калапи во кои би се правеле ромбоидните тули и сите други елементи. Но, откако еднаш ќе се направат калапи, тие би можеле да се користат долго и за многу објекти. Еден објект може да се направи за седум дена. Пронајдокот најдобро може да се искористи при изградбата на типски проекти. Идејата му ја изложив и на премиерот Никола Груевски на Денот на идеите, но освен ветувања не сум добил конкретна поддршка - вели Нелковски.

00A4C0B9D7233E40A413B26466338D04.jpg


Извор
 
Уште еден пример за напредна станбена архитектура. Иако можеби не претставува голем чекор во иновација од поглед на статички виртуозности, се согласувам дека е погоден за нашето поднебје.

Ваквите системи се скапи додека се доведат до сериско производство. Како што кажал и иноваторот, најскап дел е изработката на калапи за блоковите, кои ќе го овозможат производството.

Во однос на самата иновација, иако не би можел да критикувам (нити би сакал, камо среќа да успеваат вакви проекти во Македонија, како што успеваат сегде во развиените подрачја, при што изведувањето на индивидуални станбени куќи е далеку поефтино, побрзо и поефикасно), сметам дека е недовршена, решавајќи го само проблемот со ѕидовите. Вклопувањето на хоризонталните архитектонски елементи, од темелење до покривање (вклучувајќи и еден посебен проблем - вградување на меѓукатна конструкција) е прашање кое сеуште останало неодговорено. А за кое не се сомневам дека постои одговор.

Какви предности има ваквиот начин на градење? Покрај типизацијата на објектите (тоа не значи куќите дека ќе си личат како „јајце на јајце“), се отвара можност за развивање на субурбија (предградски урбанизирани простори) со карактеристична ниска станбена структура. Ваквите простори се многу попогодни за урбанистичко решавање, бидејќи и самата населба станува еден вид на витраж од типизирани градежни парцели, кои овозможуваат полесно контролирање.

Заклучок: прочитајте го делот „Тајната на пронајдокот...“. Заклучокот доаѓа сам по себе - не секогаш треба да се иновира со нови материјали, нови системи...некогаш треба само да се осврниме на заборавените природни закони, статички принципи, да ги сфатиме како функционираат и да побараме како би ги искористиле, на поинаков начин, одколку досега. Секоја нова идеја е успешна, доколку не нарушува, туку користи од природните принципи.
 
izvodlivo bi bilo ama za niski gradbi i sepak mislam deka e skapicko
a ubava ideja extra dobra idea ama toa e toa
so sreka neka mu e na tipov
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom