F
FilipMacedon
Гостин
Трајче Атанасовски е првиот Македонец кој е избран за градоначалник во австралиската држава Викторија, соопшти денеска Македонската заедница во Австралија.
Во општината Бринбанк, втората по големина во Мелбурн, денеска Атанасовски беше избран за градоначалник, со што се запиша во историјата на Австралија како прв Македонец градоначалник во државата Викторија.
Во општината, која ќе ја раководат 11 советници, има уште еден Македонец. Тоа е младиот Роберт Божиновски кој забележа успех на локалните избори и е вториот советник од македонско потекло.
- Изборот на Трајче Атанасовски за градоначалник на општината Бринбанк е од големо значење за Македонската заедница и поттик за во иднина повеќе членови од Македонската заедница да се вклучат во политичкиот систем на Австралија од каде што ќе имаат поголемо влијание за македонските работи, се наведува во соопштението.