Вака ли се бори против корупцијата?
СТРАНСКАТА ПОМОШ ОДИ ВО ПОГРЕШНИ РАЦЕ
Ѕинго стави министер и доби трактори
Поседот на најголемиот кратовски земјопоседник Љубисав Иванов- Ѕинго се ора со трактори од јапонската помош. Најмодерните трактори со полна пареа ораат и го собираат родот од пченка на најплодна земја, додека земјоделската механизација на земјоделците е пред распаѓање. - Видете ги нашите трактори кои се стари како за во музеј, а видете ги оние што ораат на нивите на Ѕинго. Ние обичните земјоделци ниту имаме пристап до земја, ниту, пак, можеме да добиеме од тие современи трактори. Нам ни останува да се мачиме, со старите трактори да ораме по ридовите, а тие што ја имаат власта во Кратовско, да можат да направат се што сакаат - вели земјоделец од Кратовско. Негов соселанец иронично забележува дека не е чудно што новите трактори ја ораат земјата на Ѕинго, бидејќи тој ја има најубавата земја, па мора и тракторите да бидат соодветни. Тракторите се купени со пари кои јапонската влада ги даде уште пред 11 години кога се набавија трактори и се поделија на земјоделците. Сега, по пауза од 7 години од наплата на тие трактори се купија нови и се објави оглас за нова поделба. За 140 трактори конкурираа 160 земјоделци. Во меѓувреме, во последен момент, една од двете фирми што требаше да ги испорача тракторите се откажа, бидејќи фабриката не можела да ги испорача тракторите. Наместо планираните 140, за поделба останаа само 80 трактори. Иако одбрани на огласот, при поделбата пред два месеца без трактори останаа околу 60 земјоделци, но не и комбинатот на Ѕинго. На списоците до кои дојде „Време“, од вкупно 80 апликанти што добиле трактор нема ниту една компанија од Кратово, ниту, пак, е запишана „Земсил“, која е ќерка-фирма на РИК „Силекс“ и која ги работи нивите, иако на терен поседот на Ѕинго го ораат најнови трактори од марка „џон дир 5303“, исти такви какви што требаше да завршат во рацете на земјоделците. Кога побаравме став од Министерството за земјоделство за тоа кој се добил трактори од јапонската помош, излегоа со официјалниот список за поделбата на тракторите. Одеднаш на овој список се појавува и кратовската фирма „Земсил“. Ставот на Министерството е дека откако увиделе дека им остануваат 4 трактори, за нив дале оглас дека ќе се делат и тоа го објавиле на веб-страницата и на огласна табла. Тогаш „Земсил“ добила два трактора, но под важечките услови и начини за плаќање. Според информациите на „Време“, по завршувањето на јавниот оглас каде се било транспарентно, министерот Спасеновски направил втора комисија и така, на мала врата, фирмата на Ѕинго добила трактори. Земјоделците коментираат дека чудно би било Ѕинго да не добиеше трактори од јапонската помош кога ги делеше токму Ацо Спасеноски - министерот на Ѕинго.
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=11&tabid=1&EditionID=1566&ArticleID=103317