@cool@
Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
- Член од
- 2 јуни 2007
- Мислења
- 23.601
- Поени од реакции
- 27.115
Исповед на Сократ Лафазановски, балетски уметник и сликар.
Исповед за ужасите на една лична, семејна и национална голгота. Ова е приказна за искорнетоста од родната грутка, вистина за оттргнатоста од своето огниште и потрагата по сопствениот идентитет. За с. В'мбел, Костурско, за егејска Македонија, за погромите од времето на Граѓанската војна во Грција. Приказна за траумите на едно детство, но и непокорот и човечката гордост.
Шеесет години наназад една коска ме стега во грлото и болка во душата. Уште од раните години на моето детство до денес.
И, ако не кажам и премолчам, ќе ме задуши, затоа сакам да кажам, да проговорам, отворено, едноставно да се исповедам пред македонската јавност и македонскиот народ за прогонот и егзодусот на 35 илјади дечиња од грчкиот монархофашизам во виорот на Граѓанската војна во 1948 г.
Како сведок на трагичните настани на 9-годишна возраст ја понесов мојата животна одисеја трагајќи интуитивно по сопствениот животен идентитет.
ГОСПОД САКАШЕ МАШКО
Роден сум во село В’мбел, во 1939 г., со светлина во една септемвриска ноќ на гумно кога се вршеше и вееше. Во колибата направена од снопови жито лежеше мојата мајка во положба да се породи, се очекуваше со сигурност да се роди девојче.
Во тој момент мајка виде турма (рој) ѕвезди кои го осветлуваа селото. Една ѕвезда се доближи и го осветли гумното, а особено внатрешниот дел на колибата. Мајка вознесена од мистичното привидение на светлината на ѕвездата се породи лесно и безболно. И наместо долгоочекуваното девојче, се родив јас. Земајќи ме во својата прегратка, мајка ме исправи кон небеса, навестувајќи: “Родив дете со ѕвезда на небото”.
Потекнувам од фамилијата Лафазановски, веќе спомнав, с. В’мбел, Костурско, беломорскиот дел на Македонија, од татко Тодор, мајка Дана, сестра ми Александра и браќата Зисо, Ристо и јас, најмалиот Сократ. Во 1940 г. татко ми како војник во грчко-италијанската војна заболе од неизлечива пневмонија. Како и многу други Македонци, и тој со иста судбина, излажани од грчката политика да се борат за грчката кауза божем за добивање свои права. На креветот пред смртта и се обратил на мајка ми со следните зборови: “Дано, јас умирам, аманет оставам, децата ти ги барам на другиот свет”.
Така, татко ми остави вдовица со четири дечиња, облечена во црнина до крајот на својот живот. Го презема сиот имот во свои раце, нè растеше, работеше ден и ноќ, се бореше со целокупното домаќинство и го одржа аманетот на татко ми што и го остави. Јас не го памтам татковиот лик бидејќи имав само неколку месеци. Како најмалечок во фамилијата, бев милениче. Мајка ме доела пет години, како и сестра ми Александра. И мене и сестра ми нè лулала пет години во древната лулка.
Се сеќавам кога мојата кума и рече на мајка ми: “Дано! Доста го доиш, види го колкав е голем...” Ме искара и мене, а мајка и рече: “Нека кумо, така сакал Господ, родено е со ѕвезда на челото”.
Тој ден за првпат ги слушнав зборовите: со ѕвезда на челото.
МЕЃУ ПАРТИЗАНИТЕ
Во 1945-46 г. започнаа да се формираат македонските партизански одреди.
Почна Граѓанската војна на македонскиот народ во беломорскиот дел на Македонија и еден мал дел на Комунистичката партија на Грција против монархофашизмот за демократска Грција и национално ослободување на беломорска Македонија. Партизанските единици брзо напредуваа во борбите, а монархофашистите имаа големи загуби, бегаа од сите македонски села. Сите планински полициски станици беа минирани од партизаните. Сите македонски села беа организирани во акција за помош на македонските партизански единици со храна, оружје, лекарства и писмени тајни пораки. И ние како деца бевме вклучени во дел од акциите. Во една таква мисија бев испратен и јас да однесам пратка во планините. Претходно ме научија што да направам во случај да ме фатат фашистите. Ми беше речено, доколку ме запре патролата, да паднам на земја и колку што можам на глас да плачам и да викам: леле мајко, ме тепаат. Но, за моја среќа, таква незгода не се случи, јас продолжив со магаренцето натоварено со два коша со ѓубре и стигнав кај партизаните во планината на закажаното место, кај Јаворот. Кога ги растоварија кошовите, меѓу ѓубрето видов спакувани многу лекарства, завои, инјекции и писма. Командирот ме бакнуваше дигајќи ме во воздух со зборовите: “Ти ќе бидеш голем партизан”. Кога се вратив, мајка ми ме прегрна и заплака. На осум години возраст се сеќавам многу добро на славната 1947 г., кога партизанските единици се симнаа од планините и ослободија многу македонски села, поставувајќи народна власт со сите правила. Во нашето село В’мбел дојдоа илјадници партизани, а радоста на селото не можеше да се опише со зборови, затоа што за првпат македонскиот народ од Егејскиот дел на Македонија почувствува дека дојде времето блиску за победа и за национално ослободување.
Во селото се веселеше, се пееше: “Во борба, во борба, македонски народе”, се викаше: “Да живее Македонија, ќе ја ослободиме Македонија!”, се пукаше од секакво оружје, се играа македонски ора и претежно партизански песни, се вееше македонското знаме.
Во македонските села се крена на нозе и старо и младо, со пушка во рацете против грчкиот фашизам, во редовите на партизанските единици се пријавија илјадници момчиња и девојки од 16 до 20 години. Во виорот на победата сите села и градови се ставија во служба на помош, особено со храна за партизаните. Во моето родно село беа направени болници од приватни куќи за ранетите кои помлади жени ги транспортираа со носилки, во ноќното време. Започна нашето школување на мајчин македонски јазик и кирилско писмо на најмладата генерација, од 6 до 16 години возраст. Во почетокот, во нашето село В’мбел учевме под дивата круша на местото наречено Подцел, потоа во црквата Св. Димитрија сè до изградбата на новото училиште. Во слободното време од преголема радост за слободата што ја имавме, со партизански песни, со дрвени пушки и македонско знаме, ние најмладите марширавме низ селото подигнувајќи ја нашата радост и моралот на постарата генерација. Сето тоа го правевме со голем елан затоа што така чувствувавме во срцата без некој посебно да нè учи. Јас имав осум години кога сестра ми и големиот брат заминаа во партизани, на Вичок Планина и Грамос. Добро се сеќавам на една ноќ, кога дојде брат ми Зисо да се види со мајка ми и со нас, помалите двајца браќа. Го прашав: зошто носи пушка на рамо, повисока и поголема од него? Тогаш братот ме фати за рацете и ми рече: “Слушај ти, малечок! Не знам дали ќе се видиме повторно, но никогаш да не заборавиш, ако јас загинам во борбите на Вичок Планина или Грамос, да знаеш за тебе ќе загинам. Затоа, ти треба да учиш, да станеш школуван и учен човек. Ме разбра добро?” Со очи полни солзи му одговорив дека разбрав и се гушнавме. Во прегратката уште ми рече: “Да ја слушаш мајка и да ì помагаш околу овците и козите”.
Си замина доцна, на полноќ. Оттогаш не го видов повеќе. Ниту сестра ми.