Вакви грешки повеќе НИКАКО

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.115
Секоја грешка од наша страна , или пак од поединци - и да е од незнаење, секојпат ќе оди во прилог на сите оние злонамерници кои се накострешија наново кон Македонија и се’ што е со неа поврзано.
Мора многу да се внимава.
Случајов го искористија гејциве и срдечно се заблагодаруваат на тур.агенција http://www.interkont.com.mk/

за што и се потрудиле САМИТЕ да го корегираат и потенцираат она што ним им одговара.
http://www.interkont.com.mk/en/12.htm
 
Веројатно сопственикот на агенцијата е Грк или гркоман а освен тоа презентацијата е очајна! Никогаш не би одел со агенција која има толку несреден сајт. Аматеризам!
 
Античка Македонија за само 109 евра!

Туристичка агенција „Савана“ ја промовира својата новогодишна турнеја во Солун, Паралија и Олимп, со можност да се посетат и Кутлеш, Постол и Метеори, но со доплата. Иако турнејата носи наслов „Античка Македонија“, во неа воопшто не се опфатени делови од Република Македонија, како на пример Хераклеја, Стоби или Вардарски Рид во Гевгелија.

Единствена локација на нашата територија што се споменува во рекламата е хотелот „Холидеј ин“, како место од каде што ќе тргнуваат автобусите. Првата средба со антиката е древната престолнина Кутлеш (Вергина) на Филип Втори, каде што ќе се посетат археолошки локалитети и музејот. Оттаму туристите можат да одат во градот Воден да ги видат неговите водопади, како и во Постол, престолнината од времето на Александар Македонски. Се продолжува со шопинг во Солун и посета на Виа Игнатија со плоштадот „Аристотелис“, белата кула во Солун и слично.

Од агенцијата велат дека воопшто не се раководеле од политиката кога ги составувале понудите, туку само од туристичкиот аспект. Дури најавуваат и тура наречена „Византиска Македонија“, со која треба да се посетуваат делови од Турција, Грција и од Бугарија, а Македонија повторно ќе биде изоставена.

- Точно е дека не ја вклучуваме Македонија како дел во турата за Античка Македонија, но таа е наменета пред сè за странци што сакаат да се запознаат со историјата. Нашите граѓани можат кога сакаат сами да ги посетат Хераклеја, Стоби, Скупи и другите антички градови кај нас. Заинтересираноста за оваа тура е минимална. Нашите граѓани сепак повеќе сакаат да одат на шопинг во Солун или на Пелопонез, отколку да се запознаат со историјата на нашите предци. Досега немаме ниту една уплата, но се надеваме дека шансата нема да се пропушти - објаснува Мирче Пешевски од туристичката агенција „Савана“.

СРАМОТА :tapp::tapp:
 
дајте тоа хакерите ваму да почепкат троа
 
Море, клуч на врата и гитла у „Античка Македонија„- штом работат за туѓи интереси, убава реклама за гејлада - убаво им ја преставуваат на странците , наместо тие да бидат промоторите на Македонија тие изигруваат лудаци.
 
И кога беа протестите за избегнување на Грција како дестинација, истите агенции правеа пропаганда по медиумите.

За парите се работи нормално.
 
Parata vrti tamu kaj sto burgijata ne saka! Denes e takvo vreme sto lugeto mnogu lesno si ja prodavaat dusata,barem da e za nekoi vredni pari aj ke kazes neka mu e ama za edna kola ili slicno nesto,nema sansi?! Sto vreme dojde,kolku lesno im se otvara na lugeto gazenceto,si ja prodavaat svojata nacionalnost namesto da gi branat boite na naseto zname koe od sonce go prekroija vo ventilator.Moze li edna intifada vrz turistickata agencija?!
 
Кај нас туристичките агенции се ужас!
 
Античка Македонија за само 109 евра!

Туристичка агенција „Савана“ ја промовира својата новогодишна турнеја во Солун, Паралија и Олимп, со можност да се посетат и Кутлеш, Постол и Метеори, но со доплата. Иако турнејата носи наслов „Античка Македонија“, во неа воопшто не се опфатени делови од Република Македонија, како на пример Хераклеја, Стоби или Вардарски Рид во Гевгелија.

Единствена локација на нашата територија што се споменува во рекламата е хотелот „Холидеј ин“, како место од каде што ќе тргнуваат автобусите. Првата средба со антиката е древната престолнина Кутлеш (Вергина) на Филип Втори, каде што ќе се посетат археолошки локалитети и музејот. Оттаму туристите можат да одат во градот Воден да ги видат неговите водопади, како и во Постол, престолнината од времето на Александар Македонски. Се продолжува со шопинг во Солун и посета на Виа Игнатија со плоштадот „Аристотелис“, белата кула во Солун и слично.

Од агенцијата велат дека воопшто не се раководеле од политиката кога ги составувале понудите, туку само од туристичкиот аспект. Дури најавуваат и тура наречена „Византиска Македонија“, со која треба да се посетуваат делови од Турција, Грција и од Бугарија, а Македонија повторно ќе биде изоставена.

- Точно е дека не ја вклучуваме Македонија како дел во турата за Античка Македонија, но таа е наменета пред сè за странци што сакаат да се запознаат со историјата. Нашите граѓани можат кога сакаат сами да ги посетат Хераклеја, Стоби, Скупи и другите антички градови кај нас. Заинтересираноста за оваа тура е минимална. Нашите граѓани сепак повеќе сакаат да одат на шопинг во Солун или на Пелопонез, отколку да се запознаат со историјата на нашите предци. Досега немаме ниту една уплата, но се надеваме дека шансата нема да се пропушти - објаснува Мирче Пешевски од туристичката агенција „Савана“.

СРАМОТА :tapp::tapp:
ова мора да се доведе во ред.има ли државата закон? како тоа им паднало од памет античка македонија баш до тука? што не ја прошират до индија барем. изроди
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom