Руската емиграција во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.115
За руската емиграција во Македонија публикувани се немногу статии, но сепак македонската историја претставува скривница на духовните и културни скапоцености. Можеби затоа, не случајно Црквата прва пројавува интерес кон оваа тема, иако е невозможно, да се говори за црковната историја во Македонија, а да не се обрне внимание и на присуството на Руската православна црква тука.
Појавата на првиот бран на руската црковна емиграција во Македонија се однесува кон почетокот на дваесеттите години од минатиот век, кога на Балканот си нашле за себе пристаниште стотина илјади руси, спасувајќи се од теророт на атеистичката идеологија, која стана основа на новото обштествено уредување после падот на монархиите во Русија. Во прогон биле претставниците на Црквата, аристократите, царската армија, голем дел од руската интелегенција и т.н. Последиците од Октомвриската револуција биле не единствените причини, кои ги довеле тука русите. Интересен пример е со еден валаамски монах, кој околу десетина години проживеал во манастирот Свети Пантелејмон во с. Нерези. Валаамските острови во 1918 година станале дел од територијата на Финска, и власта барала од монасите да го променат календарот. Голем дел од братството, неприфаќајки го новиот календар, пребегале кон православните земји на Балканот.

Со Македонија, која тогаш стана една од земјите , каде руската емиграција била многубројна, сврзани се немалку видни дејци, кои зеле учество во образованието на Руската православна црква зад границите или биле индиректно сврзани со нејзиниот прв Собор,кој се состана во ноемвти 1921 година во Сремски Карловац под покровителство на српскиот крал Александар. Во него учествувале 24 епископи, претставители на клирот и мирјани, а подоцна бил избран и првиот претстојател на таа црква- бившиот киевски митрополит Антониј Храповицки. Последното ракоположени, кое он го завршил пред својата смрт во мај 1934 година, била хиротонијата на тогаш младиот предавач-учител од Битолската семинарија херомонахот Јован Максимович.
Не секаде на Балканот руската црковна емиграција била примена подеднакво срдечно. Голем дел од руското свештенство и монаштво ја продолжиле својата голгота во западноевропските земји, а потоа и во Америка, каде и сега се наоѓа Синодот на Руската православна црква . Од неа биле основани Богословскиот институт Св. Сергеј во Париз, Св. Владимир во Њујорк, Катедрата по византологија на професорот Кондаков во Прага (кој четири години работел во Македонија), мисионерски и хуманитарни центри.
Во Македонија русите биле дочекани добронамерно: тие добиле можност да учествуваат во работата во образовните и државните институции, во Скопје, во Битола биле отворени две руски гимназии, изградени неколку десетици цркви за потребите на руските верници. Во месечните изданија на диаспората се соопштувало за животот на руската заедница во Македонија. Едвај тука може да се најде манастир, каде во свое време не живеел макар по еден руски монах. Но, за жал, за време и по Втората светска војна, започнуваат страдањата на руските емигранти.
 
тие не са ли на принципот" минале заминале"... Не знам во Македонија да е останала значајна Руска емигриција. Инаку е много интересна информацијата: "... Во Македонија русите биле дочекани добронамерно: тие добиле можност да учествуваат во работата во образовните и државните институции, во Скопје, во Битола биле отворени две руски гимназии, изградени неколку десетици цркви за потребите на руските верници..."

Имаш ли нешто по подробно?
 
тие не са ли на принципот" минале заминале"... Не знам во Македонија да е останала значајна Руска емигриција. Инаку е много интересна информацијата: "... Во Македонија русите биле дочекани добронамерно: тие добиле можност да учествуваат во работата во образовните и државните институции, во Скопје, во Битола биле отворени две руски гимназии, изградени неколку десетици цркви за потребите на руските верници..."

Имаш ли нешто по подробно?
На што подробно мислиш?
Инаку текстот го презедов од руски сајт ,но тоа што следува (барем дел), мислам дека нема да ти се допадне.
 
Венјамин, игумен на манастирот Свети Наум, русин по националност, бил убиен во 1942 година во с.Трпеица (близу Охрид), кога по служебена должност се упатил во Преспа. Убиството не било разоткриено.

Игуменот Јулиан бил намесник во манастирот Пресвета Богородица во Кумановската околина- област.Тој не бил изгонет за време на фашистичката бугарска окупација.Но, во 1944 година бугарите го одвеле во селото Страцин, го обвиниле за тоа, дека им помагал на партизаните и дека ги криел во манастирот .Го испрашувале, а потоа и го убиле. И така на ред сите примери , за кои подоле станува збор , зборуваат за лошиот однос кон руските емигранти до и после 1945 година.
Но, најстрашен удар им нанела новата југословенска реалност,оти практикувала суров однос кон Црквата и претставувала сама по себе слепо црево на атеизмот,кој бил дел о советскиот систем. Во Македонија започнало гонење на Црквата. Рускиот клир се најде и овде во безизлезна ситуација. Кон тој период се однесува и новиот излез на русите , пред се на Запад. Во Македонија останале оние, кои биле навикнати на “катакомбичен” живот, а исто така и старите монаси и оние, кои живееле во одалечените манастири. Имено од тие грижливи хранители на руската православна духовност се зачувани многу духовни плодови, записи и усни свидетелства.
 
На што подробно мислиш?
Инаку текстот го презедов од руски сајт ,но тоа што следува (барем дел), мислам дека нема да ти се допадне.

Не знам далеи знаеш - но Белоемигрантите од Русија са намерили добар прием во Бугарија после 1917 г. По големата част од тех са емигрирали на Запад, но немала част са се устроили во Бугариjа. Били са станали значаен фактор по некое време.
Но сичко свршило после идването на комунистите на власт во 1944 г. Тогава част од руската емиграција е била предадена на сталинските окупатори, кои са ги пратили во Сибир. Малка част е останала незасегната од репресиите на мрсните комунисти-болшевици.
 
Игуменијата Ирина
Манастирот Св. Преображение, расположено на три километри од селото Зрзе, во областа Горна Пелагонија, повеќе од десет века претставува сам по себе значаен културен и духовен центар во Македонија. Сите посетители во периодот од 1946 до 1962 година ја паметат средбата со смирената и благородна старица, монахиња, која сите ја викале Матушка. Матушка, или игуменија Ирина, ги проживеала тука во покајание последните дваесет години од својот богоугоден живот.Нејзините пријатели и духовни чеда не случајно велат во сеќавање на света Матушка : нејзиниот молитвен подвиг многумина ги доближил до Црквата, за многумина станал духовна потпора и утеха. По тој трнлив и тесен пат се решиле да појдат и монахињите Параскева, Марина, Херувима, Катерина, што во тој период, за кој станува збор, барало од човека немалку машкост и издржливост.
За младоста на Матушка зачувани се скудни спомени. Се родила 10 декември 1882 година ов Санкт-Петербург во благородничкото семејство Козицких, при крстењето го добила името Зоја. Завршила правен факултет и се омажила, а по тоа започнал и мачителниот период со смена на обштествените идеали.Таа била сведок на револуцијата, падот на монархиите, жестокото убиство на царските семејства и теророт во однос кон свештенството и монаштвото. Започнала емиграцијата на Запад. Од страна на монархиите – благородниците, свештенството, белогвардејците, кој го избегнале теророт, станале, по зборовите на еден од нив , “руси без Русија”. Судбината ја зафрлила Зоја Козицка во Војводина, во Бела Црква, каде во тој момент особено активна била дејноста на Руската православна црква зад граница со најмногу значајни руски епископи во емиграција, меѓу кои видно место му припаѓа на митрополитот Антониј Храповицки. Заедно со Зоја татковината ја напуштил и нејзиниот брат Александар Козицки, кој со својата сопруга се населиле во Осијек, каде бил предавач по руски јазик на машинскиот факултет.
 
Во манастирот Св. Преображене (Зрзе).
После неколку месеци, поминати во манастирот Св. Никола (с. Слепче), од каде тие биле изгонети од месниот црковен комитет, Матушка заедно со послушницата Ана , која 40 години проживеала заедно со неа, се преселиле во манастирот Св. Преображение во Зрзе. Во споредба со манастирите , во кои живееле до тогаш, условите тука биле нај сурови: тешко достапни патишта, отсутво на елементарните потреби . Манастирските имоти биле национализирани, а (350 кози и исто толку овци) конфискувани. По сведоштвата на многумина, монахињите неретко гладувале и по неколку дни. Но во исто време по Божја промисла , тие тука нашле заштита од тој безбожен свет, кој ги опкружувал..
Но, многу скоро верниците се увериле дека тие човекољубиви монахињи, живеат во склад со монашките правила. Им се дозволило да го обноват домаќинството во манастирот,кој после конфискацијата околу 400 хектари плодородна земја и шума, големи виногради, две воденици ,се сведувало на неколку бавчи (градини).
Само неколку години , по доаѓањето на игуменот Антониј од Скопје, во манастирот започнале да се одржуваат постојани богослужби.
 
За руската емиграција во Македонија публикувани се немногу статии, но сепак македонската историја претставува скривница на духовните и културни скапоцености.


четох бјал един материал к'дето се говореше за руските белогвардејци, дошли в Македонија след WWI. Те служили на западната албанска границата на Кральевството, в Охридско и т.н. като стражари. На ср'бска служба. (Русите, јасно е, се бијат в WWI на Солунскија фронт, помагат на с'рбите, французите там). През WWII ако седели оште в Мк, сигурно не са били пречекани много добре... С'штото и с поповете им. Сигурно са били и те ср'бски помоштници. Протерај/утрепај местнија екзархијски поп и опа, идва нов руски/ср'бски поп, заема ц'рквата. А сега де?..
 
Тие, кои често ги посетувалe , имале можност подобро да се запознаат со животот на Матушка. Од неколкумина очевидци се дознаени многу детали. Иако благородничка по потекло, оставајќи го својот свет, таа не се штедела во тешките работи, ( она неколку годшни по ред се грижела за манастирските коњи) и покрај тоа што таа била дама , навикната на тоа да слугите и’ ги исполнуваат бараните желби.
За Матушка, велат, дека била трпелива, блага и мека природа, која до крај на својот живот ја зачувала својата скромност,деликатност и достоинство.
Зачувано е нејзиното молитвено правило, запишано во тетратка. Во него основа е – молитвеното правило на Свети Серафим Саровски. Раскажуваат дека за нејзиното “домашно” приспособување на молитвите: кратка дрвена даска со две длабнатини за колената, на кои таа се молела деноноќно.. На позадината на една од иконите на Пресвета Богородица, која стоела во нејзината келија, пронајден е ракописен текст.
Коца од Прилеп ни раскажа за преломниот момент во животот на нејзиниот сопруг. За време на една посета Матушка неочекувано ја запрашала за него. Зачудена, Коца одговорила, дека маж и е убеден комунист, предан на партијата, и дека тој постојано и’ забранува да оди во црква. Матушка и’ дала книга, и ја замолила да му ја однесе на сопругот. Коца исплашена, не знаела како да го стори тоа. Но, мажот започнал да ја чита,и од тој ден неговото поведение се изменило. Наскоро станал чест посетител на манастирот, помогајќи во работата, како последица на тоа, тој претрпел многу: бил исклучен од партијата, го изгубил работното место, пријателите....
 
Имаше голем фељтон во Фокус пред неколку години за улогата на белогардејците и казаците во Македонија (вардарскиот дел) после 1917 години. Имаат направено многу позитивни работи и биле многу пријателски пречекани од населението.

Еден цитат од нивен атаман:„Иако и народот и самиот е роб одвојува од последниот залак и го дели со нас„.
 
Во с. Пирава (Валандовско) има служено поп-Моргуљ. Руски свештеник кој што избегал за време на Болшевизмот бидејки бил дел од Царската војска (ако не и гарда).

Поцвеќе за него не знам, можеби ќе дознаам, но ова докажува дека сепак имало руси кои што доаѓале во Македонија.

Инако попот го сакал народот, а народот до ден денешен го памти попот.
 
јака поговорка :) баш ми се допаѓа
Была распространена поговорка: «Двое македонцев – партија, двое русских – хор».

(Александар Стерjовски. Битола – руската колониjа. Битола
2003; Radovan Pulko. Ruska emigracija na Slovenskem 1921-1941.
Logatec 2004. )

Автор использовал многочисленные и разнообразные источни-
ки: государственные архивы Македонии и Сербии, церковные архи-
вы, исторические труды, отчеты учебных заведениј, периодическују
печать, опубликованные воспоминанија, личные высказыванија по-
томков эмигрантов и старожилов Битолы (более 300 сносок-ссылок
на источники). Издание богато иллјустрировано фотографијами из
семејных альбомов.

http://www.kadetpereklichka.org/pdfs/RollCall77/011.Bibliografia.pdf
 
Дедото на македонскиот новинар и воен репортер (од МТВ) Никола Чунихин е еден од протераните по Октомвриската револуција, кој се деселил во Скопје... самиот кажуваше на една емисија на МТВ.
 
И во Македонија пристигна бројна белогардејска емиграција, чии потомци меѓу кои сум и јас живееме, живееме во Македонија. Делата на првата генерирација од белата емиграција се насекаде во Македонија:првиот природонаучен музеј создаден во Струга, кино Култура во Скопје, порта Буњаковец, организирање на првото ветеринарно училиште и многу други. Ние сме насекаде во Македонија но за жал не постои научно испитување и публикации за белата емиграција и нејзиното влијание на културно-научниот живот во Македонија, за разлика од Србија каде државата преку Министерството за култура ги финансира тие проекти. Можеби сепак сме од грешна националност за да се проучи влијанието на руската заедница во Македонија. За информација најголем дел од професорите на Архитектонскиот факултет во Скопје беа потомци од белогардејската емиграција : Андреј Токарев, Михаил Токарев, Александар Никољски, Тамара Теофилова, Викторија Еремеева.
Точен е податокот дека по 1945 година и воспоставување на комунистичката власт емигрантите беа изложени на шиканирања и прогони, само затоа што беа белогардејци (и нивни потомци). Тоа добро го знае моето семејство
 
Не знам кој е точниот наслов на книгата, но знам дека игуменот на мариовскиот манастир „Свети Никола“, еромонах Никола, всушност, има изработено соодветна студија со документирани сведоштва на руските имигранти од прва и втора генерација (оние кои се живи)...
Заклучоците се тие, дека руските имигранти, всушност, поставиле основи на неколку научни, културни институции и имаат не мало влијание во понатамошниот општествен развој на Македонија.

Јован Максимович, спомнат погоре, е всушност, светителот Јован Шангајски и Санфранцискански - бил професор во битолската богословија (до скоро имаше живи сведоци - свештеници кои биле негови ученици) и за него има издадено неколку книги и од македонски автори (сведоштва од учениците во богословијата и луѓето кои го познавале)....

За матушка Ирина сеуште зборува населението од прилепска Пелагонија, како за голем човек....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom