Лазо Трповски

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.115
ЗАСЛУЖЕН СИН НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД

  • Јавно ги жигосуваше спогодбите меѓу грчката и бугарската влада за размена на населението од 1919 до 1924 година со што македонското население од Егејска Македонија се искоренуваше од своите имоти и се употребуваше како монета за поткусурување во меѓусебните сметки на Грција и Бугарија.
  • Лазо Трповски не доживеа да го види разгорот на НОБ на теренот каде што толку години работеше и го помина најдобриот период од својот живот. На одење за Солун, заедно со други шестмина, паднаа во заседа на националистите од колаборационистичката организација ЕКА и беа масакрирани на дивјачки начин. Лазо не доживеа да ги види со сопствените очи ниту бедите што следуваа како последица од една погрешна политика на раководството на КПГ, на она Партија на која & беше толку верен.

Селото Д’мбени, Костурско, е едно од ретките села од Егејска Македонија, чии жители од дедо-прадедо ги продолжуваат револуционерните македонски традиции. Д’мбени прво меѓу другите села во Костурско ја започна борбата за духовни и културни права на македонскиот народ против Цариградската патријаршија.
Таму е роден Лазо Трповски во 1901 година како прво дете на Насо Трповски, чие семејство даде многу револуционери, активни учесници во револуционерното движење во Егејската Македонија и Грција.
НАДВОР ОД МАКЕДОНИЈА
Уште како дете Лазо се разликуваше со својот темперамент од другите негови врсници во селото и секогаш беше меѓу одличните ученици. Првата светска војна го затекна како момче на петнаесетина години. Не е познато кога точно станува активен член на КПГ, но честопати го свртуваше вниманието на полицијата поради неговите отворени истапи против експлоатацијата на работниците. Јавно ги жигосуваше спогодбите меѓу грчката и бугарската влада за размена на населението од 1919 до 1924 година со што македонското население од Егејска Македонија се искоренуваше од своите имоти и се употребуваше како монета за поткусурување во меѓусебните сметки на Грција и Бугарија. Во тој период КПГ развиваше широка дејност во врска со размената на населението, а по објавувањето на Мајскиот манифест на ВМРО (Обединета) од 1924 година зазеде и став за обединета и независна Македонија и Тракија, во што учестуваше и Лазо Трповски.
Во 1928 година пред апсењето и судењето од воен суд поради неговата политичка дејност, беше принуден да емигрира во Канада, каде што во текот на четири години, покрај секојдневната работа за обезбедување на својата егзистенција, активно учествуваше во синдикалниот и политичкиот живот на оваа земја. Трповски членува во Канадската комунистичка партија, а работи во напреднатите македонски емигрантски организации (МАНС) и други. Особено се истакна во разобличувањето на ванчомихајловистичките елементи. Луѓето на Ванчо Михајлов во Канада го сметаа за опасен човек, го следеа насекаде и го предаваа на канадските власти.
Канадската полиција, исползувајќи еден политички инцидент во 1932 година, го апси Трповски за кого подоцна е донесено решение да биде екстрадиран во Грција. Но, и таму не смееше да се врати, бидејќи го очекуваше затвор и интернација заради ставот за самоопределување на Македонците како одделна нација. Сепак, канадските комунисти успеваат по патот од Канада за Лондон да го одвлечат Трповски и тој наместо за Грција заминува за Советскиот Сојуз.
Пред да биде депортиран од Канада, Трповски преку партиски врски испрати едно писмо до другарите во Канада во кое јасно се гледаше веќе изградениот лик на револуционер и борец. "Дали ќе останам жив, не е толку важно. Јас нема да бидам ни првиот, ни последниот што ќе го жртвува својот живот во борбата. Жалам само за едно - што не можам да бидам меѓу вас да ги искоренеме агентите на фашизмот и врховизмот од редовите на иселениците. Убеден сум дека Вие, моите другари, ќе по продолжите и ќе го завршите тоа дело...".
ЗАТВОР, ИНТЕРНАЦИЈА
Во Москва Лазо Трповски остана три години, каде што учествува во Високата партиска школа. Тој не забораваше дека произлегува и му припаѓа на еден понижен и обесправен народ кому од грчките режими не му се признаваше ништо освен задолженија и знаеше дека еден ден кога ќе се врати во Грција ќе има многу работа по ова прашање.
Во 1935 година, преку партиски канали, Трповски беше префлен во Грција и тука веднаш се оддаде на партиска работа. Во овој период активно се вклучува во работата на ВМРО (Обединета) која ги популаризираше идеите за создавање Обединета Македонија и Тракија. Неколкупати успешно ги одбегнува полициските заседи, се до 17 јануари 1939 година кога беше опколен во куќата на еден негов пријател во селото Сливени и уапсен. По долго мачење во визбите на безбедноста во Костур, беше изведен пред суд заедно со уште неколку комунисти. Трповски беше осуден на строг затвор од шест месеци на островот Егина и на уште три години интернација во претворената во специјален затвор за комунисти злогласната венецијанска крепост Акронавплион, на Пелопонез.
Капитулацијата и првите денови од окупацијата на Грција од германско-италијанските и бугарските војски, Трповски го затече уште како затвореник, бидејќи профашистичката влада на Грција и по своето бегање во странство сакаше комунистите да им бидат предадени на окупаторите. Меѓутоа, со еден вешт потег на еден од затворениците - дедо Неделко Попнеделков од Солун, успеаја да излезат од Акронавплион 27 Македонци и Грци комунисти, меѓу кои и Лазо Трповски.
Доаѓањето на Трповски во Македонија, каде што беше одреден како инструктор на Покраинскиот комитет на КПГ за Македонија, во летото 1941 година беше одбележано со трескави подготовки за вооружено востание. Во текот на целата 1942 и почетокот на 1943 година, тој во својство на инструктор на Покраинскиот комитет за Македонија, неуморно ги обиколува околиите Костурска, Леринска, Воденска се до Солунско. Во пролетта 1943 година Трповски формира посебен македонски одред со командир Паскал Михаиловски и комесар Аргир Валсамов, со задача да агитира сред заведените од окупаторот Македонци за живо разоружување, а во случај ваквата агитација да остане бесплодна, македонскиот одред да биде тој што ќе ги нападне и обезоружи контрачетниците.
Лазо Трповски не доживеа да го види разгорот на НОБ на теренот каде што толку години работеше и ги помина најдобрите години од својот живот. На одење за Солун надвор од селото Имера, Кожанско, Лазо заедно со други шестмина, меѓу кои двајца членови на Покраинскиот комитет, на 11 април 1943 година паднаа во заседа на националистите од колаборационистичката организација ЕКА и беа масакрирани на дивјачки начин. Лазо не доживеа да ги види со сопствените очи ниту бедите што следуваа како последица од една погрешна политика на раководството на КПГ, на онаа Партија на која & беше толку верен. Неколку месеци по неговата смрт, во септември 1943 година еден македонски одред во Костурско го носеше името на Лазо Трповски.

од Википедија
 
ΤΕΡΠΟΦΣΚΙ ΛΑΖΟ

Εδωσε τα πάντα στον αγώνα του ΚΚΕ​
Στις 15 Απρίλη έκλεισαν 60 χρόνια από τη βάναυση δολοφονία του γνωστού κομμουνιστή Τερπόφσκι - Ζησιάδη. Γεννήθηκε στο χωριό Δενδροχώρι του Νομού Καστοριάς το 1901 από φτωχή αγροτική σλαβομακεδονική οικογένεια. Στο χωριό του γνώρισε την άθλια ζωή της αγροτιάς.
Αναγκάστηκε να μεταναστεύσει στον Καναδά. Εντάχθηκε στο εργατικό κίνημα και έγινε μέλος του ΚΚ Καναδά, όπου ανέλαβε υπεύθυνη κομματική δουλιά.
Ο Τερπόφσκι αρχίζει μια νέα περίοδο στη ζωή του, περίοδο συνειδητής επαναστατικής δράσης για την απαλλαγή του προλεταριάτου από την εκμετάλλευση. Για την επαναστατική του δράση, ο κομμουνιστής αυτός απελάθηκε από την κυβέρνηση του Καναδά. Βρήκε άσυλο και φιλοξενία στη Σοβιετική Ενωση.
Ατσαλωμένος πια επαναστάτης - κομμουνιστής επιστρέφει στην Ελλάδα το 1934 και αφοσιώνεται ολοκληρωτικά στην υπόθεση του εργατικού κινήματος μέσα από τις γραμμές του ΚΚΕ. Αναπτύσσει δράση στη Δυτική Μακεδονία με το ψευδώνυμο «Μαύρος» και έντεχνα συνδυάζει την παράνομη με τη νόμιμη δουλιά. Ο Τερπόφσκι μαζί με τον Τάσο Καραντζά δημιούργησαν σε πολλά χωριά της περιοχής μαχητικές κομματικές οργανώσεις του ΚΚΕ.
Το 1939 συλλαμβάνεται από τις αρχές της δικτατορίας του Μεταξά και βασανίστηκε άγρια στις φυλακές της Καστοριάς. Στην ειδική ανακριτική επιτροπή του καθεστώτος, ο Τερπόφσκι κατακεραύνωσε το φασισμό και θαρραλέα υπεράσπισε την πολιτική του ΚΚΕ. Η δικτατορία του Μεταξά τον έστειλε εξορία στην Ακροναυπλία. Οταν ο φασισμός του Μουσολίνι επιτέθηκε στην Ελλάδα στις 28 Οκτώβρη 1940, ο Τερπόφσκι ζήτησε μαζί με τους άλλους εξόριστους να πάνε στο μέτωπο να πολεμήσουν κατά του εισβολέα, κάτι που η κυβέρνηση του Μεταξά δεν τους επέτρεψε.
Τον Ιούνη του 1941, ο Τερπόφσκι βρίσκεται στις πρώτες γραμμές του εθνικοαπελευθερωτικού αγώνα, ακούραστα εργάζεται για την αναδιοργάνωση των κομματικών δυνάμεων που είχε χτυπήσει η δικτατορία, τη δημιουργία νέων κομματικών και αντιστασιακών οργανώσεων, του ΚΚΕ, του ΕΑΜ και του ΕΛΑΣ. Γυρίζει από πόλη σε πόλη, από χωριό σε χωριό στην περιοχή της Δυτικής Μακεδονίας και των άλλων περιοχών. Στα χωριά των Κορεστίων και Γρεβενών, στην Καστοριά, στα Καστανοχώρια Πτολεμαΐδας και Κοζάνης γρήγορα αναπτύσσεται ο ένοπλος αγώνας κατά των κατακτητών. Ο ΕΛΑΣ πέτυχε τη λαμπρή μάχη στο Φαρδύκαμπο με την εξόντωση ολόκληρου του πολιτικού τάγματος.
Στις 11 Απρίλη 1943, επιστρέφοντας προς την Κοζάνη, ο Τερπόφσκι μαζί με το μέλος του Μακεδονικού Γραφείου του ΚΚΕ Σίμο Κερασίδη (Χρυσαφόπουλο) και άλλους αγωνιστές συλλαμβάνονται από τους συνεργάτες των κατακτητών της οργάνωσης ΠΑΟ. Στις 15 Απρίλη 1943, στο χωριό Ημερα της Κοζάνης, μετά από φρικτά βασανιστήρια με αγκαθωτά συρματοπλέγματα, οι ΠΑΟτζήδες κατακρεούργησαν αυτούς τους αγωνιστές στην πλατεία του χωριού.
Ο Τερπόφσκι θυσιάστηκε στον αγώνα για το διώξιμο των κατακτητών από τη χώρα μας. Ο γιος του πέθανε στο εξωτερικό. Οι μετεμφυλιακές ελληνικές κυβερνήσεις και μετά την πτώση της χούντας δεν επέτρεψαν στον γιο του Τερπόφσκι να επισκεφθεί τον τάφο του πατέρα του και να καταθέσει ένα λουλούδι προς τιμήν του. Αυτή η απαράδεκτη κατάσταση συνεχίζεται και σήμερα με την Απόφαση Νο 106841/29 Δεκέμβρη 1982 περί «το γένος». Είναι καιρός πια να καταργηθεί αυτή η απόφαση. Αλλωστε, η Ελληνική Βουλή ομόφωνα ψήφισε το νόμο Νο 1863/15-9-1989 περί «Αρσης των συνεπειών του Εμφυλίου Πολέμου 1944-1949».


http://www1.rizospastis.gr/page.do?publDate=6/5/2003&id=3578&pageNo=24&direction=1
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom