За десет месеци дефицит од 961 милион долари

  • Креатор на темата Креатор на темата TrOtOaRka
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
25 јануари 2005
Мислења
165
Поени од реакции
3
Обемот на стоковната размена со странство од јануари до октомври изнесува 4,32 милијарди американски долари, при што извозот учествува со 38,9 проценти, а увозот со 61,1 процент. Покриеноста на увозот со извозот е 63,6 проценти, а салдото е негативно и изнесува 961,5 милиони долари.
Според податоците од Државниот завод за статистика, најголемо учество во извозот имаат производите класирани според материјалот 34,5 проценти, разните готови производи со 28,9 проценти, а во увозот производите класирани според материјалот со 29,3 проценти, минералните горива, мазива и слично со 19,5 проценти и машините и транспортните уреди со 17,2 процента.
Најголемо учество во извозот на стоки имаат земјите-членки на ЕУ со 53,3 проценти и државите од поранешна СФРЈ со 28,8 проценти, а во увозот на стоки најголемо учество имаат земјите-членки на ЕУ со 45 проценти и земјите на Централна и Источна Европа и поранешен СССР со 25,9 проценти. :pop:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom