Книги vs Интернет книги (e-books)

  • Креатор на темата Креатор на темата Ајсшутер
  • Време на започнување Време на започнување

Какви книги читате ?

  • Обични книги

    Гласови: 98 82,4%
  • Интернет книги (e-books)

    Гласови: 21 17,6%

  • Вкупно гласачи
    119
Но Beric, дали кога човештвото ќе дојде до степен да ги користи само алтернативните извори на енергија како геотермалната и сончевата, а и поефективно да ја користи таа од ветерот (брановите) и плимата и осеката, ти ќе читаш ли електронски книги?
Ако уредите почнат да се прават од биоразградлив материјал, што тогаш?
Ти не размислуваш рационално, ти Берик во моментов користиш еден таков уред за да пишуваш на кајгана што укажува на фактот дека твоето резонирање не е длабоко, ти си хипокрит!!!
Да, сега користам таков уред, затоа што сеуште човековиот напредок не дојде до тоа ниво, да биде омасовена до такви размери еколошката енергетска индустрија.
Штом, човештвото ќе дојде до степен да ги користи само алтернативните извори на енергија како геотермалната и сончевата, а и поефективно да ја користи таа од ветерот (брановите) и плимата и осеката, кога уредите ќе почнат да се прават од биоразградлив материјал, најбрзо што можам ќе купам киндл и нема да читам вистински книги.
До тогаш, за читање - книги, кои не трошат енергија за да работат и многу полесно се распаѓаат од електронските уреди за читање. А комуникацијата со вас ценети членови, наскоро ќе ја прекинам, бидејќи навистина овој уред (компјутеров) е баш таков, еколошки несоодветен и точно е, тоа дека е еколошки лицемерно од моја страна користењето на истиот (затоа што нели троши енергија и тешко се разградува). Од утре ставам кафез со гаврани на тераса. Тие се прилично еколошки. Очекувајте писма на прозор (на природен пергамент од кожа од рис, напишани со природно мастило добиено од морски сипи, без да им се наштети притоа).
 
Од утре ставам кафез со гаврани на тераса. Тие се прилично еколошки. Очекувајте писма на прозор (на природен пергамент од кожа од рис, напишани со природно мастило добиено од морски сипи, без да им се наштети притоа).

Хаха, ама ти баш истото го правиш во случајов! :)
Пергаменти, сипино мастило, кожи од рисови, гаврани и голуби: НЕ. Но мртви дрва: ДА!

Иронијата целосно си ја маваш од своја глава, пошто не користиш ни голуби ни гаврани за комуникација - туку модерни мобилни телефони... чии батерии (хехе) ги напојуваш со електрична енергија која најверојатно во најголема мера е произведена токму во ТЕЦ Неготино/Битола. Овде на форумов пишуваш на лаптоп (или компјутер, или таблет) кој работи на истата таа струја.

И сето тоа ти е сосема нормално: телефон/лаптоп/компјутер/таблет, но ете не и ебук ридер!
Инсистираш на книги печатени врз мртви дрва, иако во секојдневниот живот не употребуваш ни гаврани, ни голуби, ни сипи, ни рисови... туку модерни електрични уреди. Затоа Дедалус ти вели дека лицемерно образложуваш, пошто немаш ист критериум кон компјутер/телефон/таблет, и читач за книги (впрочем читачите се само таблети со специјализиран екран).

Иначе не знам како на рисот ќе му ја „позајмиш„ кожата - без да му наштетиш! ;)
Интересно е дека дури и да ги потепаш рисовите (како што дрвата се сечат за хартија), можеби ќе направиш и добро дело - зошто ако нема повеќе рисови, барем нема да се искористуваат како изговор за неградењето на хидроцентралите во централно-западниот дел од Македонија. Голема иронија има во тоа, неколку десетици рисови се изговор за нечие понатамошно профитирање од горење јаглен во термоцентралите. За контраст - хидроцентралите ќе донесат исклучително чиста енергија, ама без разни набавки и транспорт на јаглен некои нема да профитираат.
Впрочем, рисовите никој не ги тера да рипаат во езерото, секако нивниот хабитат е повеќе погоре во планините а не доле во долините. Рисовите не се проблемот.
 
Иначе не знам како на рисот ќе му ја „позајмиш„ кожата - без да му наштетиш! ;)
.
Хехе, ти изгледами си пропуштил по некое часче по биологија. А?
Да беше присутен на часовите по биологија, ќе знаеше дека рисовите ја оставаат својата кожа при пролетното менување кожа, притоа кожите се собираат и од нив се прави пергамент, без никакво наштетување на животното. Овие пергаменти се еколошки исправни и се користат кај нашиот народ уште од времето на Климент и Наум.
А јас потврдив дека е лицемерно тоа што за комуникација користам компјутер (еколошки несоодветен исто ко ридерот), али еве се мењам, еколошката свест расне во мене. Стварно ти велам, дојди кај мене на тераса ќе го видиш голем кафез и еден мал. Ги спремив веќе. Тука ќе ми седат гавраните за комуникација (во склад со еко-нормите).
Малиот кафез ми е за белиот гавран, пошто се тепа со обичниве. Тој го пуштам на 22-ри декември.
 
Не е точно. Тоа се случува на крајот од есента и строго кај женските рисови коишто според новите истражувања, ја исфрлаат кожата за да може да го заштитат младенчето во истата за време на зимата.
Ако им ја земеш кожата, младенчињата ќе умрат.
 
Затоа ли се оставаат искористените пергаменти у шума... Учевме за тој народен обичај. Гледаш сите тие народни обичаи обично имаат практична позадина, не се без врска. Народниот гениј е ненадминат!
 
Го игнорираш моментот каде ти укажуваме на лицемерието, и двојните аршини. Од една страна прифаќаш телефон/лаптоп/компјутер/таблет, а истовремено го демонизираш ебук ридерот (кој работи на истата таа струја како и претходно спомнатите уреди).

Геноцид против дрвата! И рисовите!!

;)
 
Го игнорираш моментот каде ти укажуваме на лицемерието, и двојните аршини. Од една страна прифаќаш телефон/лаптоп/компјутер/таблет, а истовремено го демонизираш ебук ридерот (кој работи на истата таа струја како и претходно спомнатите уреди).
Е како бе го игнорирам?
Па во постот број десет и потоа во постот број дванаесет, апсолутно го оверив тоа мое лицемерие, ви потврдив дека сте во право, притоа посочувајќи ви што ќе превземам во таа насока, за да не биде повеќе така.
Аман, читај ми ги постовите!
 
Јас не верувам во твоите ветувања за тоа што ќе превземеш. Ти исто така рече дека нема да пишуваш за политика и религија повеќе, па еве, пак пишуваш!
Сва среќа што ветувањата дадени у Македонија, немаат тежина како тие во GOT.
 
Јас не верувам во твоите ветувања за тоа што ќе превземеш. Ти исто така рече дека нема да пишуваш за политика и религија повеќе, па еве, пак пишуваш!
Сва среќа што заклетвите дадени у Македонија, немаат тежина како тие во GOT.
Е тука веќе ме фати во небрано.
Ако сум го прекршил тоа што сум го рекол во врска со моето неучествување во политички дискусии на форумов (а евидентно дека навистина сум го прекршил), тогаш кој може да гарнатира дека и овој мој, да го наречам, еколошки завет, нема да го прекршам? Односно, кој воопшто може да гарантира, после ова со политиката, дека јас ќе ги напуштам еколошки несоодветните начини на комуникација, како што реков дека се спремам да направам и ќе ги заменам со еко-исправните пораки на пермгамент, носени од гавран. Дали кафезите на мојата тераса, навистина се некаква индиција, на која човек може цврсто да се потпре, дека ете нема никако да ја нарушувам во иднина, фрагилната природна рамнотежа комуницирајќи преку гаврани или пак сум ги поставил тие кафези, само за да наметнам лажна надеж, лажен траг, кој ќе се стопи како снег во пролет, кога тие кафези ќе останат празни и после неколку и повеќе недели, а јас сеуште ќе си типкам по форумов, на неразградливиот и енергетски еко-ужасен компјутер.
Кој ќе знае што се случува во умот на лажливиот измамник....
нема гаранција за ништо
 
... притоа посочувајќи ви што ќе превземам во таа насока, за да не биде повеќе така.

Aма кај мене гостинските кафези се сеуште празни, а ти гледам сеуште по електронски пат се допишуваш!

baby-reading-fast-funny.gif
 
Пратив бе, пратив две птици. Али изглеа Црнион Балак стрелцине ги и имет распоредено околу зграда.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom