Red Bull Energy lounge

  • Креатор на темата Креатор на темата 436053
  • Време на започнување Време на започнување

436053

Consigliere
Член од
19 декември 2005
Мислења
860
Поени од реакции
69
Возраст
39
Локација
Скопје, Македонија
Веб-сајт
www.fenster.mk
Значи вакааа,

Red Bull годинава организира награден конкурс за најдобар дизајн на енергетски хол (знам дека е тапа преводот,али закон си е закон :) ).
У кратки црти:
Се работи за идеја,студентите на сите факултети во Македонија сами да си креираат корнер во кој ќе можат да кулираат измеѓу предавања, за време на паузи и сл.
Еве ги и правилата:

Основни содржини кои треба да ги поседува Енергетскиот Хол:

 Тема : МУЗИКА – Во Red Bull стил
 Димензиите на просторот во кој треба да се смести твојот Енергетски хол се: 270x120x130 cm.
 Во боите на Red Bull
 1 сталак за Red Bull ладилник 50x82x53cm
 1 сталак за LCD Monitor
 Простор за 16 луѓе
 Dj пулт
Напомена: За изработка на Енергетскиот Хол користете исклучиво лесни (за транспорт) , монтажни и издржливи материјали.

Награда:

Победничкиот проект ќе добие 500 евра.

Наградениот проект ќе биде представен на сите унуверзитети во Македонија и Србија.
.
Останатите проекти ќе бидат наградени со супер Red Bull награди.


Услови за учество:

Конкурсот е отворен за сите универзитети во Македонија и Србија.
Сите проекти кои ќе бидат испратени ќе бидат прегледани во нашата агенција и ќе биде избрано најкреативното идејно решение.


Пријавување:

Право на пријавување на конкурсот имаат сите студенти. Проектите се испраќаат во електронски формат, изработени во следните програми: AutoCAD, 3dmax, Photoshop, Coral Draw на следнава e-mail адреса: energylounge@redbull.co.yu
Во склоп на mail-от треба да ни ги доставите и следниве информации: име и презиме, број на индекс, година на студирање, контакт телефон, адреса и град на живеење..

Значи на кратко тоа е тоа.Иначе наредната недела ќе се оддржи и презентација на конкурсот на повеќето факултети (архитектура,европски,машински,шумарски и т.н.)/
Само да ви кажам дека не се работи за тоа дека тој дизајн после ке се продава негде или нешо слично,туку се работи само за студентите.Откако ќе биде избран дизајнот,тој се изработува и тргнува на тура низ факултетите низ Македонија.
Тоа е тоа,
Ако ве интересира нешто може дополнително да се информирате на тука

Презентација на проектот имате во четврток 05,11 на машински факултет,во новата зграда во 12 саат.Ваљда ќе биде во големата сала (не на страната на АXIS,туку на другата)
Во понеделник на Архитектура од 11 саат.
Ќе има и на Архитектура уште еднаш и на шумарски и т.н.
 
Презентација на проектот на шумарски во среда во 12:00.Незнам точно каде ќе биде али ќе има на постерите.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom