Битола

  • Креатор на темата Креатор на темата devilbt
  • Време на започнување Време на започнување
ДО КОГА БИТОЛА ЌЕ СЕ УНИШТУВА А СКОПЈЕ ЌЕ СЕ ИЗГРАДУВА- НА СКОПЈАНИ ИМ Е ПОТРЕБНО СКОПСКО ПОЛЕ А НЕ ЖИВА ГРОБНИЦА, НИТУ БИТОЛСКИОТ АЕРОДРОМ СО ДРЕНАЖА А НЕ ДЕНЕС И СО ГРОБИШТА:
Битола во 19 век беше поголем град од Белград. Во Битола беше подигната црквата Св.Димитрија која станала соборна православна црква, под која беа Белград и селото Атина- денес главен град на новата држава Елада, ослободена од Русија водителка на православието. Таа била и главен град на Румелија во која Скопје беше само село без историско значење. Следи трагедија на македонска Македонија- таа била окупирана и поделена од балканските држави, непознати во историјата, дело само на европските држави.
Скопје во 19 век станал центар на српската пропаганда, која како и бугарската и српската биле уништувачки за македонскиот народ. Така Скопје постепено растел, но никако Битола да ја достигне со број на жители и традиции со своја култура. Скопје до Втората светска војна ја стигнал Битола со број на жители, но никако со култура... Потоа Скопје ја надминал со жители, но никако со култура... Денес Скопје е многу голем, кој се состои од Скопје со ниска култура во однос на Битола и со околни населби на Скопско Поле без никакви традици. Следи Скопјани со потекло од цела Р.Македонија ќе ја доуништат Битола и нејзиното население ќе го дораселат. Ваква политика водат само најголемите македонски изроди подржани од Немакедонци.
По Втората светска војна ... Битола ја воделе Власи како српски и грчки зависници. Тие Битола ја прогласиле за пограничен град, и во него да не се гради баш ништо. Ова не важело за пограничните места на другите републики, кои имале железари... Во Битола требаше да се изгради Тетекс, но тој беше одбиен. Во неа имаше кондураџиски еснаф, чии производи однапред беа продадени во Белград. Меѓутоа, ЧИК се носи во Куманово. За злосторите беа огромни, што овде не би требало да се говори- овде за тоа и не е место.
Кога беше Лазар Колишевски, кој беше битолско домче и гулабарче, пријател на мојот татко гулабар, оти ние живееме близу до домот, Битола во однос на Скопје толку не заостануваше. Со смена на просрпската власт дојде Крсте Црвенковски, кој како Прилепчанец, Битола ја запостави. Па што тој направи ? Поради семејни врски тој Скопје дозволи да стане голем центар, и тоа со Албанци. На тоа Тито нему му укажувал, дека тој ќе ја албанизира Македонија, што за него и ништо не значело. Следи неговите Прилепчани да му испраќаат низа нанижена со албански кечиња за тие него да го потсетат какво зло тој на народот му прави.
Следи селска династија од Кичевско го смена влашкото владеење и се прекинаа понатамошните навреди врз Македонците како волови итн. Но оттогаш Битола почна да заличува на нивното село, чии селани во тоа нивно село ни чешма немале направено... Понатаму Битола си живуркаше, со култура... над Скопје.
На Пелистер беше првата антена во СФРЈ од која се следеа РАИ програмите, а Битолчани први гледаа ТВ програма во Технометал- наспороти стоковата „Корзо“. Кога требаше да има олимпијада во Мексико, СФРЈ на Пелистер требаше да изгради олимписко село... Па во Битола дури се запостави и скијачкиот центар, а му се даде предност на Шар Планина и секаде низ Р.Македонија. Се во Битола мора да е мртво- ѕверови.
Па Кавадарци беше село, но со селска династија тоа станува градче, што не е лошо. Меѓутоа, само Битола назаднува-ла, а мене како Битолчанец само Битола ме занимава, и само за неа пишувам. Ова многу убаво го знаат Битолчани, кои Скопје веќе со векови го мразат како вештачки град без историска основа. Него го води штипска селска династија, која тоа село веќе го прави во се поразвиен од Битола, дури поголем, со свои автопати, аеродроми, со фабрики, затоашто во Битола нема пратеник и одборник маж, туку сите се со скутини кои со цел да се во власта ја заборавија Битола, и затоа во неа секој владее, дури и небитолчани. Токму затоа да се потсетиме: градоначалникот од селската династија беше запрашан од Франзуци за неговото потекло. Кога тие дознале дека тој не бил од Битола, им се расипале желбите да разговаат за историската Битола. Па токму за Битола и Хитлер имал свои планови: по победата на Втората светска војна тој ќе изградел три споменици: еден во Варшава, друг во Битола и трет на Олимп- никаде го нема селото Скопје сосе Штип, ниту баварското село Атина денеска град.
Бидејќи Р.Македонија е планинска држава со малку плодни површини, на Македонците им треба Скопско Поле и Битолско Поле а не град Скопје изграден на Скопско Поле без кое Скопје не може да се нахрани- Битолско Поле Скопјани следните генерации ќе ги храни, а Битола ќе назаднува. Што ова говори ? Бидејќи во Битолско Поле е изграден ХМС „Стрежево“ на неговите површини не смее да се произведуваат култури кои не се наводнуваат (пченица, јачмем, сончоглед, маслена репка...) кои се екстезивни и недоходовни туку само доходовни за исхрана на говеда..., и Битола мора да биде центар со млекари и кланици, а не се тоа да се носи вон Битола таа да се плачка, а нејзиниот народ да бега џенемите во полза на селата на Скопје.
Иако гробишта се прават само на ридови, битолскиот аеродром, кој само тој имаше дренажа никако во Атина, селото Скопје, монструмите го уништија, него го разораа и гробишта направија... Е македонски ништожници, каде ви се вашите глави, кои како лејки ви служат и се битолско уништивте.
АИК „Лозар“ со партиска полиција им го одзедовте на Битолчани, а и ЗК „Пелагонија“ партиски го купија странци-ништо за Битола и Битолчани, со што Битола 100% стана сировинска основа на збирот скопски населби без градски традиции, а Скопје се гради и доградува на штета на следните генерации, кои за да се нахранат во македонската жива „гробница“ Скопје ќе мора храна да увезува. Што ова говори ? Лудак=лудак.
Битолските одборници и пратеници под итно да се заземат, се што се произведува во Лозар и Пелагонија 100% да останува во Битола, што важи и за субвенциите кои од Битола во неврат се носат- и за се друго.
Иако Битолчани од РЕК со децении се чадат и зрачат, Скопје се мора да му врати на Битола што од РЕК во селата скопски било однесено и за нив изградено. Скопските банди од нашата Општина Битола вештачки си создале две непостоечки општини Новаци и Могила, за РЕК и се битолско да стане селско- скопско. Не само тоа, за потсета по мелиорацијата на Битолското Блато, што заврши 1963 година, цела опрема остана во Битола, се создаде „Водостопанство“ со центар во Битола кое сите корита на сите реки ги одржуваше. Следи под итно тоа да се возбнови, а ХМС „Стрежево“ како и РЕК „Битола“ да бидат во служба на Битола, а не да се странски.
На Битолчани не им треба скопска жива гробница туку Битола да му се врати приматот пред Скопје во се, а не некакви безвредници да ја менуваат историјата. Следи под итно Р.Македонија да запопчне да го гради кај (до) Германски гробишта македонската историска тврдина наследство на Цар Самуил, и стоп за Скопје.(ФБ-06.09.2015) ЗИК „Пелагонија“ беше југословенски рекордер во земјоделско производство, па приватизиран и откупен скоро без пари, оплачкан и уништен, тој се доуништува, затоашто во Р.Македонија нема власт, туку само бандити и арамии!
Пак, ЗЗ „Светлост“ с.Породин, кој беше како пример во СФРЈ, каде доаѓаше Јосиф Броз Тито, делегации од разни држави, вклучено во ЗИК „Пелагонија“- Битола, е продадено и уништено, исечено, железото продадено, злостори невиден, од продавачите на општествениот имот кој подоцна станал државен и купувачите, државни непријатели, се само да скапат в затвор,луѓе без трошка човечност. Како може да постојат такви арамии,државни непријатели?!

Tekstot e prevzemen od Facebook na nekoj istoricar ili taka nesto ...

Sent from my SM-S901B using Tapatalk
 
Преголема централизација се направи после осамостојувањето. Што е многу лоша за земјата. Плус не се става најголемиот град како административен центар.
 
ногу полиција денес,се дешава нешто големо денес?
 
Некој да познава кујунџија кој организира индивидуални или групни курсеви за изработка на филигран? Никаде не наоѓам информации од регионалната занаетчиска комора.
 
Да не знај некој кога ќе се туркаат дивоградби(гаражи) Нова Битола и како им е редоследот? Оти гледам дека почната е процедурата.
 
Последно уредено:
Да не знај некој кога ќе се туркаат дивоградби(гаражи) Нова Битола и како им е редоследот? Оти гледам дека почната е процедурата.
Гледав вчера нешто кај кружниот на дулие
 
Гледав вчера нешто кај кружниот на дулие
Сите се во план да ги туркат или? Ремо знам дека ги турнаја, чекам Јадранска над Климент да ги турнат оти ќе легнам взатвор за паркинг место. Има едни ретарди на јавен паркинг не остават да се паркира секој ден во вербален конфликт со нив :uzi:
 


АПЛА.мк - Без пардон за Битола
Март 06, 2025
Импресум
Ценовник
Контакт
2win800x200

Директно
За 18 општини, од Дебар до Битола, ќе се гради регионална депонија во Новаци
Март 06, 2025
Новата регионална депонија ќе биде сместена наспроти постојната дива депонија Мегленци
Новата регионална депонија ќе биде сместена наспроти постојната дива депонија Мегленци
БИТОЛА – Советот на Општина Битола едногласно го прифати предлогот за меѓуопштинска соработка за отворање на регионалната депонија во Новаци заедничка и за Битола, Прилеп, Крушево, Долнени, Могила, Кривогаштани, Битола, Демир Хисар, Ресен, Охрид, Струга, Кичево, Дебар, Пласница, Центар Жупа, Вевчани, Дебарца и Македонски Брод. Оваа одлука на Советот доаѓа по иницијатива со која Општина Новаци го прифати предлогот на нејзина територија да се гради регионална депонија за потребите за одложување и преработка на сметот од 18 општини во југозападниот дел од државата. Едногласно беше изгласана и одлуката за формирање на заедничка комисија за основање на заедничко јавно претпријатие за регионално управување со отпад меѓу наведените општини.



Повеќе од 10 години се договара отворање на регионална депонија во срцето на најплодната житница во државата – Пелагонија, на локација на која претходно РЕК „Битола“ експлоатираше лигнит.

Новата регионална депонија ќе биде сместена наспроти постојната дива депонија Мегленци што ја управува ЈКП „Комуналец“ од Битола. Таа ќе се гради североисточно од селото Новаци на околу 5,3 км, или 2,4 км југозападно од селото Мегленци кое е најблиско населено место. Пелагонискиот и југозападниот регион има нерегулирани диви депонии со голем ризик за животната средина, па планот предвидува нивно затворање. Само во битолско има над 200 диви депонии.


Како што првично беше кажано од Министерството за животна средина, трошоците за изградба на регионалната санитарна депонија во Новаци и набавката на потребната опрема за санитарно депонирање на отпадот ќе бидат 22 милиони евра.

На последната седница на Советот на општина Битола, во петокот, беа отворен две дилеми, каде ќе поминуваат возилата со сметот од сите општини вклучени во проектот ако се знае дека еден е патот кој од Битола води кон Општина Новаци, односно тој е истиот пат кој од Битола води кон РЕК „Битола“. И вториот момент дали со овој голем проект општините ќе добијат нови камиони за транспорт на отпадот, оти сегашните се стари. Советниците исто така реагираа дека не го знаат проектот за регионалната депонија, а треба да го гласаат.

„Добивме одговор дека проектот ќе биде објавен со распишување на тендерот. На градовите кои ќе го носат отпадот до Новаци, им е многу лесно да донесат ваква одлука, затоа што отпадот си го изнесуваат од своите дворови. Но, каде ќе врват камионите треба да знаеме. Голема е веројатноста патниот сообраќај во Битола и околу Битола да биде загрозен. Дали ќе има примарна селекција на отпадот,посебни канти? Дали ќе се набавуваат нови камиони за транспорт на отпадот?“, рече Горан Велевски, советник од Левица.

Борче Корлевски, советник на СДСМ смета дека битолско и Пелагонија мора да се заштитат од дополнително загадување на животната средина и дека мора да се изгради нов пат до локацијата на новата регионална депонија, кој ќе поминува низ Пелагонија. Па предочи дека животната средина, воздухот и во изминатиот период дополнително подлежи на загадување од камионите кои секој ден носат јаглен од Грција за потребите на РЕК „Битола“.

„Отпадот ќе го собираме од Дебар, Гостивар… значи од запад кон југ и вклучува и туристички капацитети од Охрид…Пристапот на овој отпад до Битола е еден. Во Битола прв загадувач е сообраќајот. Мора да направиме нов патен правец, инаку тие 60 товарни возила дневно ќе се движат низ Битола, ќе биде голем проблем, смета Корлевски.

Советникот Бојан Бојкоски од ВМРО -ДПМНЕ вклучен во проектот, на седницата појасни дека државата е обврзана со кредит за изградба на регионалната депонија и во првичната фаза предвидено е да се набават камиони за транспорт на отпадот за комуналните претпријатија од сите општини. Во рамките на планот предвидено е да се направат и собирни станици за отпад во секоја општина, односно отпадот ќе се собира поединечно во сите општини па ќе се носи на регионалната депонија.

„Она што кажавте дека камионите со отпад не треба да врват низ Битола, апсолутно дека треба обиколница. Уште во 2021 година од тогашните градоначалници беше предочено дека камионите не треба да сообраќаат по патот за Новаци, туку треба нов регионален пат кој ќе оди директно кон регионалната депонија и ќе ги поврзува РЕК ‘Битола’, Мегленци и останатите села. Дали тој пат ќе биде изграден во рамките на овој проект или во други програми? Ова е долг процес“, рече Бојкоски.

Советникот Бојкоски вели дека секоја општина според претходно направените анализи и мерења мора да носи одредена количина на отпад на депонијата, задолжителни количини, оти во спротивно ако не биде испорачана предвидената количина на смет, разликата ќе ја плаќа јавното комуналното претпријатие, односно граѓаните преку сметките за комуналии.

Тој рече дека медицински отпад нема да се депонира на регионалната депонија во Новаци, туку согласно законите тој отпад ќе продолжи да се одлага во Скопје, како и досега.

Советот изгласа заклучок да се задолжи Комисијата за животна средина во наредните две недели да се закажи јавна расправа на која ќе се добијат подетални информации во врска со изградбата на регионалната депонија во Пелагонија.



Анета Блажевска


Сподели
Tags регионална депонија во Новаци


Malku bese zagaduvanjeto od REK Bitola so lazat godini za filtri so gorat sekakov otpad ,so sme prvi po zaboleni od kancer sega uste regionalen otpad falese i toa ednoglasno

Sent from my SM-S901B using Tapatalk
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom