Тиквеш меѓу топ 30 светски вински брендови

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.098
Веб-сајт
www.kajgana.com
Винарската визба „Тиквеш“ е избрана меѓу 30-те водечки глобални вински брендови на еден од најзначајните и најпознати светски саеми за прехранбена индустрија – СИАЛ (www.sial.fr) во Франција.

Според зборовите на одговорните луѓе од СИАЛ, „Тиквеш“ го заслужи своето место во друштвото на водечките светски винарии поради иновативниот приод во работењето, постигнатиот комерцијален успех и додадената вредност која придонесува кон стимулирање на пазарот на вино.

Во групата 30 топ светски винарии, покрај „Тиквеш“, која е единствена од Југоисточна Европа, се наоѓаат и 16 вински брендови од Франција, три од Австралија, по два од Германија и Аргентина и по еден од Португалија, Шпанија, Италија, Нов Зеланд, Чиле и Кина.

Повеќе
 
Nemam nekoj komentar, mislam deka zasluzeno se naogja Makedonska vinarija vo top 30 svetski brendovi.
 
Секој странец кој ја посетил МК,кога ќе се врати во својата татковина,прво нешто што ќе го потсеќа на МК е одличното вино.:toe:
 
Свето Јаневски не е многу пожелен во Кавадарци ама сепак од кога стана главен акционер во Тиквеш редовно остварува профит, инвестира во модернизација на винопроизводството и воопшто не сум изненаден од ваквиот успех. Барем во тоа што сме навистина добри не признаваат :)
 
И заслужува да биде.. Покрај позитивниот резултат за Винаријата, тука корист има и Македонија...
 
Па што сакате да не биде во Македонија купува грозје за џабе го преработува и зима прекрасна пара + виното е одлично Македонското а им го зимаат за џабе.
 
тони вино од Македонија се извезува рефус во цистерни,ние незнаеме од тоа да направиме бренд и да го флашираме виното кое после ке има многу поголема цена,туку после странците се фалат со нашето вино,пример Словенија
 
е сега треба тиквеш да почне флаширано вино да извезува, ако тоа не почнат да го прават, значи се навистина тешки идиоти.
 
Убаво тоа што е меѓу првите топ 30, ама цената за која тиквеш им го откупува грозјето на лозарите е стварно :nesvest: , така да нема многу да зборувам за ова:salut:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom