„ДНЕВНА СОБА“ со Игор Џамбазов

Член од
16 август 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
637
Игор Џамбазов потпиша ексклузивен договор со телевизијата Алфа за обновување на неговото шоу „Дневна соба“, кое пред десетина години се емитуваше на ТВ Сител.

- „Дневна соба“ беше првото ток-шоу во Македонија, со ексклузивни гости и со интересни, но и провокативни содржини. Сè што се правеше подоцна е само негова бледа копија. Во новата „Дневна соба“ на ТВ Алфа ќе има многу новини, но атмосферата ќе биде иста, спонтана и топла. Гостите ќе бидат навистина посебни, бидејќи станува збор за ексклузивни имиња не само од Македонија и Балканот туку и од светот - изјави Игор Џамбазов.

Освен со подготовките за новата концепција на „Дневна соба“, Џамбазов продолжува и со ангажманот како водител на емисијата „Пирамида“ на МТВ, на која ќе остане уште две сезони, како и со улогите во претставите „Сомнително лице“ и „Кралот Иби“ во Македонскиот народен театар. Во студиото на своите пријатели Пере и Франц од „Нокаут“, тој во моментов интензивно го подготвува и материјалот за новиот албум, а со Влатко Илиевски често настапува во клубовите низ Македонија.

- Влатко и Тамара неодамна во студиото на „Нокаут“ ја снимија песната „Прегрни ме“, која ја напишав специјално за нив, а сега ги избирам песните што ќе се најдат на мојот нов лабум - вели Игор.

http://novamakedonija.com.mk/Deskto...d=2&fCat=1&top=1&EditionID=216&ArticleID=9972
 
Одлично ,ете кое ке биде најгледано ток шоу ...каква вртелешка каков Тони ...све е тоа гола вода..
 
Одлично ,ете кое ке биде најгледано ток шоу ...каква вртелешка каков Тони ...све е тоа гола вода..
Тони е на второ место, сепак и тој е добар. Ама како Игор, никаде. Значи ќе биде. :)
 
Инаку Игорче значи рекордер си по емисии во исто време и уште поразлични телевизии :)
 
„Дневна соба“ започнува наредниот септември, барем според Џамбазов. :smir:
Се надевам на одлично ток шоу, кое ќе ги засени сите останати.
 
Едвај чекам да видам што ќе е ова, инаку не памтам дека тој водел емисија порано со иста емисија :toe:
 
И јас не се сеќавам, а и не се сомневам дека Игор ке направи добро шоу...Само морам да му препорачам да го викне Слави Трифунов да му биде гостин:pos2:...или дако го викне Тони Михајловски е тоа ке биде цепки:tv:
За македонската Вситина, каде што вели: Вашите успеси се и наши успеси,а нашите успеси се само наши. Браво Игоре
А овде му удира ремет до максимум
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom