@cool@
Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
- Член од
- 2 јуни 2007
- Мислења
- 23.601
- Поени од реакции
- 27.115
Навистина ИНТЕРЕСНО.
Харалампие Орошаков потекнува од стар византиски аристократски род, писател, сликар и илустратор. Живее во Берлин, роден 23. 05. 1955 г.во Софија., како единствен син на грофот Георги Харлампиевич Гаврилов-Орешаков и Велика Угриној де-Жунгул-Гударовска. Правнук на државникот Гаврил Орошаков. Специјалист по историја и култура на државите од православниот круг пред се Византија и Балканот. Се залага за идејата за културно предимство на источно христијанската цивилизација пред западната. Цариград пред Рим.
Негови спомени:
“ Јас го живеев своето детство во Красно Село, во малечкиот дом на мојата македонска баба Милена Ивановна де Жунгул-Гударовска. Тоа беше обична куќичка, со излез во малечката градина, низ која трчаа кокошки предводени од гордиот петел — кој еден ден неочекувано ме нападна, и јас во крик од смртниот страв, со раце и нозе ја залупав влезната вратата. Од тој ден петелот безтрага исчезна и стана празничен ручек.
Таму, во таа градина , јас седев и слушав, а мојата бабичка ми раскажуваше за македонскиот Дебар, кој е до албанската граница, и за својот род Макриевски — познатите градители и иконописци, оставајќи во XVII век свои траги од Александрија (Египет) до Кишинова (Молдавија) во вид на манастири, цркви и икони; за мојот дедо Угрин, и како он се појавил од Лазарополе; потоа за Видин, кој лежи на Дунав меѓу Србија, Романија и Бугарија, — за неговите богати кораби од Константинопол, Одеса и Виена.
Угрин, мојот "деддо", понекогаш седеше покрај мене, гордо молчејќи само гледаше во мене, неподвижно.Ретко тој ми раскажуваше за унгарскиот Угрон, за Далмација и за Македонија под османлиите, и тогаш неговите очи се палеа. Еднаш годишно тие ги облекуваа своите костуми, и кога јас наполнив пет години ми дозволија да им помагам во тоа. Со голема крзнена шапка на глава, во исткаена кошула навезена и на појасот силно црвен обмотан шал, јас му седев в скутот и ги посматрав круговите образувани од масовните ороводи, обземен со возбудата од великолепието на боите и звуците.
Тие рани години од детството оставија во моето срце впечатоци, влијание кое продолжува континуирано до денешниот ден. Кога бев пионер и извикував во црвената марама "Ура", размавтувајќи црвено знаме со амблем на срп и чекан, мојот татко, исмејуван и прогласен како "непријател на народот", должен беше лично да пишува пароли за "вечно здравје на товариш Сталин, Димитров и Живков". Ова се нарекуваше "лечебна преквалификација на рускиот аристократ в современ трудбеник". Така јас за прв пат допрев до современоста. Во школо се зборуваше за притисок, за откажување заради општата благосостојба, за слободата која доаѓа и за општото равенство во успесите :утре, некогаш......
Така јас ја преживеав утопијата. Како глупава програма на потчинувања. Потоа, во Белград, зборуваа за Европа и за борбата на славјаните за слобода и признавање. Мојот српски чичко Миодраг Ристич раскажуваше со часови, очите на мојата фантазија се полнеа со тропотот на копитата, херојски војводи и мајки во плач. Во Виена јас се ограничив од благодарноста и чувството на недостаток за тоа, како јас се преставувам навистина. Индивидуалноста во сета своја широчина се стесни до вербално мрдање на усните и чувството исчезна под маската на униформираноста.Секое отклонување од овој еталон се казнуваше.
Во тие години јас започнав да се занимавам со уметност. Врз основа на своето искуство започнав да сликам крстообразни прозори-лица, на славениците на празникот, погледи и чувства. На основа на тоа што значела монохромноста, т.е. достигнување на модерна во апстракцијата. ...’’
Харлампиј Гаврилов-Орошаков е личност повеќе од колоритна. Овој уметник на своите 30-те години ,се нарекува себеси " космополит со руско потекло. Попрецизно кажано, својата руска крв он ја собирал по капки, но со неа е многу горд, така да во последните неколку години ја смета Русија за своја духовна татковина. Биографијата на Орошаков, како и неговото творештво, не е помалку ефективна, од него — таква биографија може да се сретне само во политички авантурист со меѓународни димензии.
Предисторија: семејното име Орошанка во Крим, тетка му — кнегиња Волконскаја, чичко му — полковник на армијата Краснова (чии записи, Шолохов ги переработил во "Тихиот Дон"), дедо му — градоначалник во буржоаската Софија, татко му и мајка му (која се викала Велика Угрина де Жунгул-Гударовска), лишени во Бугарија од сите граѓански права и биле принудени да заминат и да се придружат на циганите. Бугарско пионерско детство, бегство во Австрија во пломбирани вагони, крајно понижувачки живот во Виена во логори за избеглици, дружба со ("емигранти, престапници и хомосексуалци", како што сам опишува уметникот). Бурна младост, експерименти со наркотици, политички демонстрации и авангардна уметност .. На крај Орошаков го избира последното. Во 1982 година — оди на Света гора и Патмос и каде крајно разбира колку е важна за него православната култура. После паѓањето на железната завеса — запознавањето со московската концептуална школа живее во Берлин и Канн, но често ги посетува Софија, Белград и Москва.