Предлог за серии и кратки рецензии

  • Креатор на темата Креатор на темата Акаша
  • Време на започнување Време на започнување
Ќе препорачам нешто постаро - I, Claudius, британска серија. Базирана на истоимена книга од Роберт Грејвс.

Меланхолична и со црн хумор. На моменти и насилна, брутална.

Се работи за императорот Клаудиј, кој го наследува Калигула. Го глуми тогаш млад Дерек Џекоби кој глуми сенатор во Гладијатор двата дела. Тиковите и д'ткањето ги глуми совршено, неверојатен е Џекоби во улогата.

Дејвид Чејс режисерот на Sopranos ја базира Ливија Сопрано на (освен неговата мајка) Ливиа Аугуста од оваа серија и Џорџ Мартин го базира Станис Баратеон на Tiberius. Ако ја гледате оваа серија а сте гледале Sopranos/читале ASOIAF или барем гледале GoT ќе ги приметите сличностите кај овие карактери.

Уметничка серија со добри глумци, улога има и млад Патрик Стјуарт.

Ја има на youtube, што е предност, ова е прва епизода:


Една сезона, 13 епизоди.
 
Appropriate Adult-старател при полициски истраги во британскиот систем

Appropriate Adult, британска минисерија од 3 епизоди, во главни улоги Доминик Вест и Емили Вотсон. Серијата е драматизација на вистинити настани поврзани со испитувањето на крвавите злодела на серискиот убиец Фред Вест и неговата сопруга Роуз и улогата на старателот (Вотсон) во истрагата.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom