Имам еден проблем и се надевам дека ќе наидам на решение од некој од форумов
Уште на почетокот кога го купив компјутерот, несакајќи ја блокирав опцијата за autostart на дисковите. Сега воопшто ништо не се појавува а претходно фино си излегуваше едно прозорче и те прашуваше што сакаш да правиш со дискот (да го отвориш, снимиш и сл.) (за WinXP станува збор). Дали некој знае како може ова да се поправи? И уште еден проблем, а тоа е како може да се промени сликата за добредојте на Windows XP (онаа која вика Welcome Windows XP), односно да се замени со друга (ми кажаа сум требал некој фајл во C:\WINDOWS да го отворам преку PAINT и тука да ја пастирам новата слика ама кој фајл?). Фала однапред!
