Македонски атракции во Би-Би-Си магазинот за историја

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.115
Скопската Стара Чаршија, Охрид, манастирот "Св. Јован Бигорски", античките градови Стоби и Хераклеа, се само дел од изборот на американскиот патеписец Кристофер Делисо, поместени на страниците на престижниот магазин

5B43E2529190624E9C12EF85E72101E5.jpg
Десет топ историски дестинации од Македонија ,.кои заслужуваат да бидат посетени од туристите се најдоа на страниците на најновото издание на Магазинот за историја на Би-Би-Си. Изборот е на познатиот американски патеписец Кристофер Делисо, а магазинот важи за најпродаван од областа на историјата во Обединетото Кралство.
Дестинациите се: Скопската Стара Чаршија, Охрид, манастирот "Св. Јован Бигорски", античките градови Стоби и Хераклеа, астрономската опсерваторија Кокино, Римскиот и Византискиот локалитет во Струмица, Кулите на Крале Марко и манастирот Трескавец кај Прилеп, и историските градови Кратово и Крушево.
Делисо, кој работи на едицијата за Македонија што ќе биде дел од следното издание на "Lonely Planet" за Западен Балкан, смета дека промоцијата на историските и археолошки локалитети на Македонија во странските медиуми е значаен чекор кон зголемувањето на свеста на странците за културните богатства на земјата, што ќе ги подобри нејзините шанси да биде дел од туристичката мапа на Европа.
- Сите знаеме дека има многу повеќе од десет возбудливи туристички локации овде во Македонија, кои чекаат да бидат откриени. Ентузијазмот на Владата да се посвети на археолошки истражувања е одлична стратегија и треба да добие на интензитет со помош на странски експерти и донации, што ќе овозможи културното наследство на Македонија да биде зачувано и ценето од страна на сите граѓани на државата и нивните гости од странство, вели Делисо за МИА.
Делисо е одговорен за делот посветен на Македонија, кој ќе биде публикуван во туристичките водичи за Западен Балкан, Источна Европа и Европа за патувања со скромни средства во 2009 година - сите изданија на "Lonely Planet".:smir:
:helou::helou::helou::helou:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom