Фестивалот „Браќа Манаки“

  • Креатор на темата Креатор на темата Nemiseverue
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.307
Сајтот на А1 напиша:
Битолчани вечерва во Скопје го изразија својот револт поради одлуката фестивалот да има своја програма и во Скопје. Непосредно пред свеченото затворање на фестивалот пред Домот на АРМ со пароли и пораки до организаторите дека фестивалот „Браќа Манаки“ треба да се одржува исклучиво во Битола.

„Ние цела недела збиравме потписи на интернет и документација, имаме други активности во Битола. Ова е кулминација на нашиот револт“, објаснува Алекс Букарски, демонстрант.

Јас не се сложувам со преместувањето на фестивалот во Скопје. Не дека имаме доволно во главниот град, туку дека имаме премалку во Битола. Некои читав дека се жалат за премала посетеност, но исто така и знам дека млади љубители на филмот од Скопје одеа во Битола да гледаат проекции, што значи и не е се` така црно. Зошто и дали да се префли фестивалот од Битола во Скопје?

п.с. Букаро покрај се`, и демонстрант станал... :pos:
 
Против сум да се префрли фестивалот во Скопје. Скопје има приличен број манифестации и не ја сфаќам поентата зашто да мора и овој фестивал да биде во Скопје. “Браќата Манаки“ како манифестација си е карактеристична за Битола и како таква и на некој начин претставува една асоцијација за градот. Не е во ред според мене да се префрли во Скопје, едноставно не ја гледам логиката.
 
Отворија ваква тема баш за протестот веќе.

Ни јас не се сложувам со преместувањето. Браќа Манаки е обележје на Битола, од секогаш било така, и како такво нема потреба да се преместува во Скопје само за поголема посетеност. Кој сака да го посети, ене ја Битола кај е, мала држава сме, се е блиску.

А Букарски... Сестран е човекот :pos:
 
Како една од поглавните причини за преместувањето мислам дека беа сместувачките капацитети на Битола, премалку хотели имало, не знам ти шо. Требало тие шо се сместени во Скопје да патуваат на секое во Битола, многу малтретирање ќе им дојдело.
Иначе како и секој битолчанец, очигледно е дека не се согласувам со преместувањето. Нема смисла цела работа. Фестивалот бил и ќе биде засекогаш во Битола.
Иста работа е фестивалот Сан Ремо да се одржува во Милано. Нема смисла :nesum:
 
i ova bese na crveniot tepih!!!
1000961_517197691688254_556762254_n.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom