- Член од
- 12 мај 2008
- Мислења
- 338
- Поени од реакции
- 27
По една средба со висок дипломат од конзуларното претставништво на Јапонија во Македонија (името на дипломатот од разбирливи причини не го спомнувам), каде што разговаравме повеќе на полето на младинската политика која би можела да се продлабочи помеѓу двете земји, муабетот не однесе назад во времето на Александар Македонски.
Младиот дипломат ми постави неколку прашања:
Дали знаеш дека ние имаме индиректни корени од империјата на Александар Македонски?
Дали знаеш дека кај нас во Јапонија има универзитети на кои се изучува МАКЕДОНИСТИКА?
Дали знаеш зошто Јапонија е една од првите држави која ја призна независноста на Македонија, а покрај тоа се уште имаме овде конзуларно претставништво (амбасада немаме) и зошто Јапонија нема визен режим со Македонија, а има со дел од земјите членки на ЕУ???
Вака, да одиме по ред.
Македонија беше признаена од Јапонија, уште во 1991год. Од тогаш до денес (тогаш кога зборевме) поминаа, речиси 17 год. но сеуште, иако меѓу двете земји соработката е на највисоко ниво, немаме нерешени меѓудржавни прашања, ние се уште имаме конзуларно претставништво во Македонија, исто како и вие.
Проблемот добива “мистериозност” ако се сетиме за момент дека Јапонија е една од малкуте земји во светот кои немаат воведено визен режим со Македонија.
Втората “мистериозност” е кога ќе дознаеме под чија надлежност е конзуларното претставништво во Македонија т.е. која од околните амбасади на Јапонија низ земјите соседи на Македонија е задолжена за работата на конзуларното претставништво на Јапонија во Македонија. Многу би било логично тоа да е амбасадата на Јапонија во Београд, Софија, Атина, Тирана, Загреб....
Не, јапонското конзуларно претставништво во Македонија е под директна надлежност на амбасадата на Јапонија во Виена, Австрија. Сега прашањето е многу логично, зошто да е Виена кога има амбасади кои се во непосредното опкружување на Македонија.
Пријателот ми вели вака, иако по Втората Светска војна царот во Јапонија, кој иако од секогаш имал високо почитување од сите останати власти во државата, сето тоа било сменето, неговата моќ намалена во огромна мера. Но, и покрај тоа митот за царот (императорот) во Јапонија е длабоко вкоренет во човековото битие на секој Јапонец (затоа што толку колку што е стара Јапонија, толку е и стара династијата од која потекнува сегашниот император, впрочем друга династија во Јапонија никогаш и не постоела), па затоа владата на Јапонија има еден коректен однос со царот и има земји во светот каде што царот предлага амбасадори (кои секогаш се со сина крв), а владата ги прифаќа без никакви забелешки.
Така, владата на Јапонија по предлог на Јапонскиот цар го има назначено амбасадорот на Јапонија во Австрија (кој погоре напоменав дека е со сина крв), значи човек кој му има служено на императорот во изминатите 30-тина години. Заклучокот е дека Јапонија премногу ја почитува Македонија, па не сака било каков дипломат да биде официјален претставник на неговото височество, царот на Јапонија во Македонија, туку мора да биде со сина крв.
Овде прашањето е логично, што е тоа Македонија да направила толку многу за Јапонија, па тоа Јапонците неможат да го заборават и ни враќаат во толку голема мера?
Последната битка на Александар Македонски со големиот индиски крал Пор се случила во 326 год.п.н.е., кај реката Хиндуш, со што Александар успеал да го наметне влијанието на Македнската империја врз Индија. По победата на Александар кај Хиндуш, војската и голем дел од генералите бараат повлекување т.е. враќање назад. Еден од верните Александрови генерали Неарх, му предлага една неверојна идеја на Александар, чија цел била обиколка на провинциите во Азија (според тогашните верувања се наоѓале на крајот од светот) кои претходно ја признавале персиската власт. Така Неарх (првиот македонски адмирал), тргнува во обиколка на провинциите и задушување на востанијата кои претходно се појавиле (затоа и денес на разни страни од светот се јавуваат луѓе кои тврдат дека нивните предци биле дел од војската на Александар Македонски).
http://www.worldhistorymaps.info/images/East-Hem_323bc.jpg
Пријателот мој (дипломатот) тврди дека Македонската флота, предводена од Неарх, стигнала до бреговите на Кина, каде сретнала едно кинеско племе (инаку официјалната јапонска историја тврди дека тие се одметнато кинеско племе, па затоа тие полагаат и право на Манџурија, најбогатата кинеска област, кои тие ја окупираат во 1931-1932 год. и таа постапка е забележена во светската историја како почеток на втората светска војна на другата страна од светот), кое било завојувано со сите останати племиња и му се заканувало опасност да биде уништено. Првиот обид на кинеските племиња бил успешно одбиен, со помош на Неарх, кој откако увидел дека нема да издржат уште многу напади, предложил целиот народ да биде префрлен на најблискиот остров Хоншу. Така и било направено, народот бил заштитен од истребување, Неарх им кажал од каде доаѓа, кој е Александар, од каде потекнува, ги научил да прават бродови, да градат тврдини, мостови, ги научил се за македонската култура. Сето тоа се пренесувало од колено на колено до ден денешен. Затоа Јапонија и јапонскиот народ имаат посебно место за Македонија и Македонците во своите срца.
Инаку да ја довршам мислата, набргу Неарх се враќа со Македонската флота во Македонија, во нејзината нова престолнина Вавилон, од каде што требало да започне големото враќање на Македонската војска во нивната земја Македонија, претходно заобиколувајки го Арабискиот полуостров и доаѓајки до богатите рудници за злато и дијамнти во источна Африка, па преку северна Африка, Шпанија, Галија и Италија во Македонија. Знаеме дека планот не успеал, затоа што во 323 год.п.н.е., најголемиот император на сите времиња Александар III Македонски, ќе замине во вечноста.
Јапонската династија која ја поставил Неарх, во името на Македонскиот император, никогаш не го заборавила овој гест, дури ни денеска. Тоа што Јапонија е една од првите земји кои го призна постоењето на македонскта нација, македонската култура, македонската држава, не е случајно. Дипломатот вели, од кога постојат универзитети во Јапонија, од тогаш, тоа што се пренесувало од колено на колено било направено да биде дел од обрзовниот систем на Јапонија. Затоа ние, во Јапонија имаме универзитети, каде што учиме за Македонија, каде има катедри за македонистика и излегуваат кадри, доктори на науки, кои се специјализирани за оваа област (немаат катедра за Хеленизам).
Еден таков пример е и гостувањето на македонската етно-група СИНТЕЗИС во Јапонија, пред 3 год. Членовите на СИНТЕЗИС биле пречекани со такви големи почести, што ретко кои државници ги добивале кога биле во официјална посета на Јапонија (апартмани во најдобрите хотели во Јапонија, невидена заинтересираност за нив, по што морале да одржат уште 2-3 концерта плус од предвидените и најголемо воодушевување од нивното присуство искажал лично, престолонаследникот на јапонскиот трон).
Лично верувам дека нема никакви случајности па и оваа исповед на мојот пријател од конзуларното претставништво на Јапонија во Р Македонија, иако во многу случаи ми ги разјасни нештата, дојдов до заклучокот дека за жал ние МАКЕДОНЦИТЕ, треба уште многу да се интересираме за нас самите, да бараме податоци и којзнае се какви работи нема да откриеме за нас.
----------------------------
Prevzemeno od http://socialist.blog.com.mk/