„Земи или остави“ на Алфа

Какви се правилата на квизов? Само 666 666 илјади зема или и тоа во куферчето им следува, во секој случај? :vozbud:

Зема 666.666 денари, ама ако одеше до крај ќе си ги земеше 6.000.000 бидејќи тие ги имаше во куферчето. Баш ми е жал што пропушти ваква шанса што ретко се добива. :(

Инаку денешнава емисија беше една од подобрите работи видени на македонските телевизии последниве години. :cuc:
Лекаркава беше цар. :vozbud:

Кој не ја гледал емисијава обавезно нека се закова пред телевизор во недела во 20:00 на Алфа ТВ. :)

* * * * *
Еве и малку инфо за денешното издание:

666.666 денари за Лидија во „Земи или остави“

Лидија Симоноска од Охрид е јунакот на неделата, а нејзината игра направи атмосфера на вистинска драма во студиото на Алфа телевизија во квизот со највредна награда - 6.000.000 денари.

Таа си замина за Охрид со 666.666 денари, рекордна сума во досегашните три изданија на „Земи или остави“.

Докторот за забава, Игор Џамбазов ја одјави докторката Симоноска како доктор за „Земи или остави“.

На почетокот таа го избра куферчето со број 21 и сите си го поставија клучното прашање: Дали е во него посакуваната сума? Одговорот стануваше се подраматичен со отпочнувањето на останатите куфери, а Симоноска се држеше до тоа што го најави - ќе оди на се или ништо.

Оваа атмосфера се пренесе и на публиката и на придружбата кои станаа „едно“ со доктор Симоноска. Таа и Игор правеа се за да има и забава. Имаше шеги, вицови, песна, игри...

Но, сето тоа не можеше да ја потисне драмата што ја создаде играта на Лидија, понудите на банкарот и сумите што остануваа на „дрвото на парите“.

Понудите на банкарот стануваа се „поадреналински“ и конечно одлуката мораше да се донесе. Таа беше неверојатна, сите беа емстремно возбудени зашто беа сведоци на нешто што долго ќе се памети: Лидија прифати 666.666 денари

А ако сакате и вие да бидете учесник во квизот со најголема награда во историјата на квизовите во Република Македонија - 6.000.000 денари - пријавете се на телефонот 14 15 14 од сите мобилни и фиксни оператори и посeтете ja страницата на Алфа ТВ каде што ќе ги добиете сите информации во врска со правилата и процедурите, како и со начинот на кој можете да се пријавите.

Бидете и вие јунакот на „Земи или остави“

извор
 
Супер квиз шоу, превозбудливо и напнато до смаиот крај, ретки се играчите кои играат како докторкава или како таа од првата емисија, треба храброст и голема среќа, сепак е коцкање повеќе
 
Ако има поалчен народ нас кај глвата одма ја сечам.Не бе фраери се готово секад до крај идат.Пред некоја емисија на еден му останува 6 милиони,200000 и 300000 и 30000 мислам.Банкаров нуди 600000 оваа глупачава одби.И наредно влечење се знае што излезе 6 милиони и ја еба убаво.Тоа е кога се алчни.
 
...А, да не зборам за тоа колку е мизерно студиото.Каде со таква технологија?! i toa tv studio go vikas ti pa toa e se samo tv studio ne e.
i celata tehnologia na celata tv.kako i se kaj nas i site tv.

bravo za ova.samo do nasite sosedi pogledni da ne ideme podaleku na hrtv i rts slotv bugtv btv pink ... pogledni da ne ideme podaleku. abe se amaterizam.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom