Стари Скопјани

  • Креатор на темата Креатор на темата nicole_l
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
5 јануари 2008
Мислења
532
Поени од реакции
614
Не знам дали има некој отворено ваква тема, ама сепак се решив да ја поставам.
Што мислите каде главно се стационирани старите скопјани? Кои населби се населени главно со нив?
Ме интеренсира дали на форумов има стари скопјани што потекнуваат со генерации наназад од Скопје?
Дали знаете стари скопјани, по што се разликуваат од луѓето кои се населени во Скопје од внатрешноста на Македонија?
Пред се дали ги почитувате нив?:helou:
 
Се разликуваат и те како. Некои од „Старите скопјани“ (дел самопрогласени, дел навистина стари) се понашаат посељачки од наводно селаните населени во Скопје. Си земаат за право да многу работи, кои не им доликуваат на понашање. И воопшто не сакам кога доселениците се навредувани од Стари скопјани, самиот процес на навредување ги прави старите скопјани поретардирани.
 
Не знам дали има некој отворено ваква тема, ама сепак се решив да ја поставам.
Што мислите каде главно се стационирани старите скопјани? Кои населби се населени главно со нив?
Ме интеренсира дали на форумов има стари скопјани што потекнуваат со генерации наназад од Скопје?
Дали знаете стари скопјани, по што се разликуваат од луѓето кои се населени во Скопје од внатрешноста на Македонија?
Пред се дали ги почитувате нив?:helou:

Дали некој ќе се најде во постов... Има ли?

Инаку стари скопјани мислам дека нема, иако се појавуваат некои луѓе со тврдење, и дедо ми и баба ми, ама се сомневам дека си ја знаат историјата на семејството. Оние кои се релативно стари, пред земјотресот родени во Скопје, се знае, Чаир, Топаана, Маџир маало, Дебар маало (иако и тука сега им ги испоземаа праејќи згради).

Испокупени се сите тие стари куќи на стари скопјани од богатите доселеници, а најстарите жители живеат по бараки во Козле и Тафталиџе... Нагаѓам, ај некој нека дополни.

п.с. А овој I “heat“ you... Fail сине... :pos:
 
^Ново Маало, Пајко Маало, Циган Маало....дел од овие уште има....
 
Старите Скопјани испоумреа во земјотресот, све друго што кажува дека е стар скопјанец само лаже. Најсмешно е кога некој Маџирмаалец ќе рече дека е стар скопјанец, значи глупост до јаја Маџири = Дојденци

Така да сите ние сме од некое си село близу Куманово, Паланка, Егејци пребегани за време на војната, поречани.... Стари скопјани има...во Бутел
 
^Ново Маало, Пајко Маало, Циган Маало....дел од овие уште има....

Голем дел од Ново маало не постои веќе, но интересни се куќите кои сеуште стојат таму а се стари преку 100 години и повеќе. Ако некој влегол, има некои од нив кои сеуште имаат земјен под, како во старо време, само горните катови се оспособени за живеење, а подрумот е со биена земја.

Пајко маало, не знам дали воопшто има жители сега, куќите веќе не постојат, мислам дека има некоја комунистичка зграда во тој дел таму сега нели? Уствари у право си, строг центар, плоштад спаѓа под Пајко маало, а таму има навистина доста стари скопјани.
 
Старите Скопјани испоумреа во земјотресот, све друго што кажува дека е стар скопјанец само лаже. Најсмешно е кога некој Маџирмаалец ќе рече дека е стар скопјанец, значи глупост до јаја Маџири = Дојденци

Така да сите ние сме од некое си село близу Куманово, Паланка, Егејци пребегани за време на војната, поречани.... Стари скопјани има...во Бутел

Врска нема, особено делов со умирањето на скопјаните после земјотресот....впрочем умреле само ~2000 луѓе
И не е точно дека ги има само во бутел.
Егејците главно ги населија во гостивар, тетово, дебар, кичево
Што се однесува до дојденците....да ги има многу и што е најстрашно и понатаму цела држава се пика во Скопје....
 
Бутел мислам на гробиштата, не се разбравме добро изгледа.

И една стара реченица си плови низ Скопје, продадоа нивите изнакупија станови во Лисиче и Аеродром и стана Скопјани
 
Бутел мислам на гробиштата, не се разбравме добро изгледа.

И една стара реченица си плови низ Скопје, продадоа нивите изнакупија станови во Лисиче и Аеродром и стана Скопјани

Е да...
Ама не сите завршија таму...

Го заборавив Крњево.
 
Моето скромно искуство со „старите скопјани“ целосно се поклопува со постот на Гижо. Еве што ми се случи со една самопрогласена ли, вистинска ли, кој ќе ја знае, стара скопјанка. Со една пријателка задоцнивме на концерт на филхармонија и си ја чекавме паузата пред влез кога ни се придружи една бабичка од некои 70-тина години која прво се декларираше како стара скопјанка а потоа не престана да зборува за тоа колку старите скопјани се културни интелектуалци со манири и сè тоа, а доселениците сељаци (а и јас и пријателката од планина симнати :)), притоа пцуејќи го вратарот што не нè пушта пред време, зашто нели, како интелектуалци не би правеле врева. :icon_lol:
И така после некое време непрекинато дробење за манири, култура, староскопјанство и генерациите доктори од нејзиното семејство, ни се довери дека е падобранец и гледа некако да се протне без да ја забележат. И се протна. :icon_lol:
Моето скромно лол искуство со старите скопјани. :)
 
^^
И тоа е искуство со стар скопјанец? :pos: Тоа е искуство со стар измамник кој добро си ја знаел работата... Али добро, по таква основа и се градат генерализации нели? :wink:
 
Koi naselbi se (bile) naseleni so Stari Skopjani? Se znae, tie naselbi sto postoele pred zemjotresot.

Cair ( Serava, Gazi Baba, Jahja Pasa, Carsija, Dukandzik..), Saat Kula, Karadak Maalo, Madzar Maalo, Evrejsko Maalo, Debar Maalo ( do Univerzalna ).... i nesto sitno ostalo :).

A kolku seuste se tie naseleni pretezno so Stari Skopjani e drugo prasanje.
Poveke Stari Skopjani ke najdete vo Turcija i Belgrad. :)
 
Има една многу полоша варијанта.Да се декларираш како стар скопјанец,а уствари навистина да не знаеш од кај ти е коренот.Е тоа е ептен болно и жално,а ги има такви многу :smir:
 
Стар скопјанец никогаш нема да се фали по форуми за своето потекло ниту пак пред било кој друг... едноставно си или не си.
 
Kajgana Shop

Постови на неделата

Недела од 12 јули 2025

Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија
Многу изгубија Вмро, Мицковски и Тошковски со ова. 30 години политички партии, еден не се најде да им каже дека не можат да идат со глава во ѕид, и дека не идат лично против Арсовска, туку против функцијата градоначалник на Град Скопје. Толкави...
Фан Клуб: Вардар
убаво е да се знае, не сите комити го делат ставот на “комити“
не може мене никој да ми наметнуваат како да размислувам.

иститие тие пред неколку години во ерата на најуспешните години на вардар бараа вардар да се повардарел. се повардари, си...
Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија
тошковски постапува по судски налози. Конкретно за ова кај судот треба да ја бараш кривицата. Судот моментално не е под влада него ете е независен. ВМРО не смени ниеден судија кога дојде него тие што беа за време на СДС.

Аха, значи ако некој...

Недела од 5 јули 2025

Back
На врв Bottom