Сликарство како уметност во Македонија!

  • Креатор на темата Креатор на темата CopyOfDeath
  • Време на започнување Време на започнување
Вести

Вест



[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]КУЌАТА НА ЛИЧЕНОСКИ - ПОДАРОК ДО ЈАВНОСТА[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Богатството излегува од стапицата[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Со одлука на Влада, а по нивна желба, куќата на Зое и Лазар Личеноски, со сите дела во неа, станува музеј со име на големиот уметник. Откако големиот македонски ликовен уметник Личеноски ненадејно починал во 1964 година, неговата сопруга Зое, емо[/FONT]

%7B7FEBAAF7-F6B2-44DE-9319-25820A24A987%7D_licenoski-2.jpg
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif] Она што прво ве опива кога ќе влезете во старата куќа на Лазар и Зое Личеноски на левиот кеј на Вардар во Скопје е мирисот на минатото, како фетиш, како запрено, во стапица фатено непроценливо богатство.
Откако големиот македонски ликовен уметник Личеноски ненадејно починал во 1964 година, неговата сопруга, емотивниот, интелектуалниот и творечкиот дел од него, го оставила ателјето негибнато, како што тој го оставил.
Куќата се уште е со нерасчистен двор, но сепак, уште однадвор ве пречекуваат мозаици по sидовите на влезната врата, по патеките до куќата.
Внатре хол со стари закачалки, миндери со галички ќебиња, подарок за новата куќа од сестрата на Лазар. Слики на сите страни. Потоа скали кои ве водат во ателјето, голема просторија на катот, сама за себе. Таа има голем балкон кој гледа на Вардар и каде што е поставен огромниот мозаик од 16 квадратни метри, кој Лазар на почетокот го нарекол "Од Адама до атомот".
Во ателјето на големиот уметник чувството е уште поексклузивно. Во недопрените слики, книги, бои, рамки, разбој, работниот мантил, алат е оставена душата на Личеноски која бездушно ни ја подарува и таму можеме да се чувствуваме само како во бајка. Таму се допира дел од реткиот живот на големиот уметник кој со сето срце живеел и во непроценливи дела ни ја оставил енергијата на Галичник, Охрид, Македонија, на Белград, Париз и тоа од едно за општеството и за уметноста револуционерно време.
Личеноски кој живеел и создавал во Белград, во Скопје бил поканет веднаш по војната за да помогне во развојот на Македонија. Со својата бујна природа бил активен на многу полиња. Но со Зое живееле, а таму тој и сликал, во една соба кај нејзината мајка. По долг период се преселиле на улица Орце Николов во Ташковиќевата палата каде што на потпокривот имал малку подобри услови за работа. Таму во парченца ги подготвувал своите мозаици, кои подоцна ги монтирал во куќата, за која цел живот сонувал. Тие мозаици и не биле толку мали, па со мајстори, макари и камиони ги префрлал во новата куќа.
Плацот за куќата имал можност самиот да го одбере, многу подоцна, на почетокот на 60-тите. Тој бил угледен уметник и единствениот Македонец, академик во тогашна Југославија. Го одбрал местото до Вардар со поглед на Водно. Набрзо кога почнале да се градат високите кули, тој јавно напишал: "Го криете Водно од народот" оти бил против таквата архитектура, ни раскажуваат неговите внуци чиј вујко бил - Киро, наставник по ликовно воспитување, и Драган Бошнакоски, архитект.
Бошнакоски кои сега ја спроведуваат постапката која со одлуката на Владата е донесена - куќата да стане музеј, се сеќаваат со колкава радост нивниот вујко ја чекал пензијата и новата куќа за да може цел ден да слика. Куќата, велат тие, е изградена по негова замисла. Тој сакал да има на катот посебно и пространо ателје. Уште кога ја граделе куќата, тој знаел дека ја гради за да ја остави на македонскиот народ. Тој и Зое имале исти ставови во животот и бидејќи немале деца, било договорено било куќата со делата, по нивната смрт, да и се подари на државата. Последниве месеци неговата сопруга Зое не живее веќе таму, оти и е потребна 24-часовна нега, па затоа нивната желба почна да се остварува.
Личеноски починал две години откако ја изградиле куќата. Таму ја доживеал и скопската поплава и катастрофалниот земјотрес. Сепак, тој бил полн со елан и планови. Со тазе купеното фиќо, раскажуваат потомците, имал план да оди со Зое по Радика и да слика пејзажи. Тие платна останале ненасликани. Она што им велел, а не стигнал да го направи е, да купи маса за пинг-понг на која ќе играат заедно, лете во дворот, зиме во холот.
Личеноски бил ранобудец. Станувал во 04, 05 часот и сликал до зајдисонце. Особено во белградскиот период, тој бил постојано во боемско и интелектуално друштво кое тогаш било во зародок. Има многу анегдоти оти Лазар бил дел од боемите, а ниту пушел ниту пиел. Пиел од уживање, а не запалил цигара откако како многу млад чирак во столарскиот дуќан на татко му, по неговата смрт, несакајќи, со догорче го запалил дуќанот. На своите студенти кои пушеле им велел: "Ги гориш парите", а на сите што ќе му побарале пари за цигара, им давал за јогурт.
Личеноски бил голем интелектуалец кој читал многу и имал фотографска меморија. Тој го послушал Мештровиќ, кој по парискиот период му рекол оти Македонија е толку богата што тој треба да ја слика. Тин Ујевиќ бил еден од неговите блиски другари, а откако Иво Андриќ го убедувал дека толку убаво раскажува и дека треба тоа и да го пишува, Личеноски ја напишал својата книга "Средби". Лазар бил омилен во друштвото. По 20 луѓе замолчувале кога тој ќе почнел да раскажува. Во ателјето во Скопје го пренел и т.н. белградско катче во кое доминира турска гравирана бакарна тепсија од крајот на 19 век, која тој ја заглавил, така што од неа направил маса. Околу неа се стари фотографии и библиотеката. За библиотеката велат дека е многу вредна зашто тој купувал и следел се ново што се случувало во историјата на уметноста во Париз меѓу двете светски војни. Пред повеќе години МАНУ сакала да ги откупи вредните книги, но Зое сметала дека книгите се составен дел од ателјето, како што се и сликите.
Фамилијата на Лазар за него вели дека бил чешит човек. Постојано расположен, со голема дарба за хумор. Во нивната куќа било врвулица. Не доаѓале многу луѓе додека сликал, но тој знаел секому да му го подари времето кое го поминува со него, независно кој човек е тоа. Лазар го славел Први мај, па така во новата куќа приредил и прием по тој повод каде што го поканил целиот државен врв. Личеноски се дружел со политичарите, но како уметник. Тој сметал дека тие се сите делови од општеството кои го прават цело.
Во неговото ателје постојани гости биле младите уметници Мазев, Драгутин Аврамовски - Гуте, Калчевски. Во дворот на куќата каде што по патека од мозаици со риби и школки се стигнува до базенче, исто така со мозаици со риби и ајкула која испушта вода од устата, има и скулптура од Петар Хаџибошков.
Бошнаковски раскажуваат дека му била слабост собирањето камчиња од Охрид, од Јадран, со што сите наоколу ги заразувал.Слабост му било, исто така, кога ќе поминел до некој столарски дуќан, да ја земе пилата од мајсторот и да се пофали дека го знае занаетот. Столарството го наследил од татко му кој не го пуштал да учи. Тој заминал во Белград на 20 години кога татко му починал.
Личеноски својот живот го оценувал како 30 години пеколна работа, 30 години творештво.
Деновиве се подготвуваат правните акти со кои Министерството за култура е задолжено куќата на Зое и на Лазар Личеноски да ја пренамени во музеј што ќе го носи неговото име. Тоа ќе биде спомен-куќа во која, покрај влезниот хол и ателјето, кои ќе бидат отворени за јавноста, ќе бидат пренаменети и станбените простории. Тие, како што ни кажаа од семејството, ќе бидат исто така уредени како музеј, со само една маса за кустос, но тој дел ќе биде од затворен карактер.
Музејот "Лазар Личеноски" со одлука на Влада стана дел од Националната галерија - Скопје, чиј актуелен директор е Маја Бошнакоска - Крстевска, правнука на Личеноски, која не ја крие радоста дека кругот се затвора и оваа благородна идеја, од една страна, останува во семејството, од друга, станува дел од наследството на македонскиот народ, како што тоа го сакале нејзиниот вујко и вујна Лазар и Зое Личеноски.
М. Зафировска
фото Б. Грданоски
[/FONT]
 
Dejan] напиша:
Боро Митриќески, Драган Попоски - Дада, Жарко Башески, Рубенс Корубин, Веле Ташовски, Свето Манев, mary_jane

Корубин според мене е најдобриот сликар во македонија, тука некаде е и Личеноски...
Sramota i greota e da go sporeduvas Korubin so Licenovski
Rezil
 
Dejan] напиша:
Боро Митриќески, Драган Попоски - Дада, Жарко Башески, Рубенс Корубин, Веле Ташовски, Свето Манев, mary_jane

Корубин според мене е најдобриот сликар во македонија, тука некаде е и Личеноски...
A baska ako Boro mitrikjevski go racunas za vajar togas pojma nemas sto e toa umetnost i vajarstvoto voopsto.Toj zaedno so nekoviot drugar od MANU se najgolemiot sram i rezil za makedonskata umetnost voopshto
 
Dejan];143863 напиша:
Боро Митриќески, Драган Попоски - Дада, Жарко Башески, Рубенс Корубин, Веле Ташовски, Свето Манев, mary_jane

Корубин според мене е најдобриот сликар во македонија, тука некаде е и Личеноски...

Извини, но ти ги наброи тезгарите како најдобри уметници во мкд (тезгари се оние ументици кој прават т.н. ументички дела со цел да можат да ги продадат полесно на широките маси ) на Рубенс Корубин кумот што го крстел му набил комплекс на ументик, со тоа што му го дал името на познатиот сликар, дадата е салабајзер од вајар , на кого скулптурите му ги прават студенти од ФЛУ,а тој само се потпишува, Веле Ташковски асистент по акт на ФЛУ па после "прерасна" во професор за да на крај стане декан, а зад себе нема повеке од една изложба и тоа направенеа со ДЛУМ. За мене ументици во права смисла, ако не за пошироко барем во МКД се Глигор Чемерски,Димитар Манев и Анета Светиева, но таа е вајар.
 
Извини, но ти ги наброи тезгарите како најдобри уметници во мкд (тезгари се оние ументици кој прават т.н. ументички дела со цел да можат да ги продадат полесно на широките маси ) на Рубенс Корубин кумот што го крстел му набил комплекс на ументик, со тоа што му го дал името на познатиот сликар, дадата е салабајзер од вајар , на кого скулптурите му ги прават студенти од ФЛУ,а тој само се потпишува, Веле Ташковски асистент по акт на ФЛУ па после "прерасна" во професор за да на крај стане декан, а зад себе нема повеке од една изложба и тоа направенеа со ДЛУМ. За мене ументици во права смисла, ако не за пошироко барем во МКД се Глигор Чемерски,Димитар Манев и Анета Светиева, но таа е вајар.
:tapp: кој се тезгари бе брат? Корубин или можеби Личеноски, дај не тропај. Види само колку глупости имаш напишано во предходниот пост?! Корубин бил искомплексиран ради името, дадата бил шалабајзер, а Ташковски АСИСТЕНТ?!?! како можел?!па после професор sookomg omg!! гарант според тебе ти си најголем уметник во македонијава :wink:
 
:tapp: кој се тезгари бе брат? Корубин или можеби Личеноски, дај не тропај. Види само колку глупости имаш напишано во предходниот пост?! Корубин бил искомплексиран ради името, дадата бил шалабајзер, а Ташковски АСИСТЕНТ?!?! како можел?!па после професор sookomg omg!! гарант според тебе ти си најголем уметник во македонијава :wink:
Не знам дали има смисла да реплицирам на твојот пост, но само ке казам дека ги познавам луѓето за кој сто пишував во предходниот пост, и знам што тие прават, себеси не се спомнав никаде како најдобар уменик во МКД, а ти дефинитивно си премлада за да имаш некој критериум што е тоа ликовна ументост, поздрав!
 
iako slikarstvoto vo nashata drzava se uste ne bi mozelo da se narece profesija i ne e profitabilno kako vo drugi drzavi, ke go rabotam toa do krajot na zivotot bidejki e edna od rabotote sto najmnogu me ispolnuva,vo tie migovi se pronaogam sebesi,izleguva na povrshina najdobroto od mene i so sekoj nov poteg so cetkata doznavam nesto novo za sebe,za suptilniot svet,so sekoj nov poteg otkrivam novi zadovolstva i se stremam kon se pogolema perfekcija koja nekogas i ja prestignuvam,se nadminuvam samata sebe i togas cuvstvoto e nesporedlivo.
 
Оптимизмот и упорноста во она што се сака да се работи е убава работа па дури тоа и да не се исплати економски. Човекот уште од почетокот на своето постоење имал потреба од изразување,тоа што во оваа држава покрај уметноста и многу други вредности не се ценат не треба да не деградира и обесхрабрува. Тоше Проески беше пример дека дури и во Македонија може да се постгне многу труд и желба.

затоа mesecina само напред во спознавањето себе и тоа околу тебе :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom