Почна изградба на станови за млади брачни двојки во Аеродром

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.115
Во Реонскиот центар Аеродром во Скопје денеска е поставен камен-темелник за изградба на станбен објект наменет за млади брачни парови кој е дел од владината програма со која е предвидена изградба на шест објекти во Скопје со вкупно 321 стан.

На чинот на поставувањето на камен-темелникот присуствуваа премиерот Никола Груевски, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и директорот на ЈП за стопанисување со станбен и деловен простор Ивица Коневски.

ekonomija-stanovi.jpg

Објектот кој треба да биде завршен до крајот на 2009 година, ќе биде на пет ката и поткровје со вкупно 56 станови, од кои 43 двособни, 12 трособни и еден еднособен.

Од Буџетот на Република Македонија за објектот се одвоени 100 милиони денари.
 
Ајде нека е аирлија. Не е важно каде се становите туку да почне да се прави нешто за доброто на сите
 
и ќе се продаваат по цена..?или ќе ги донираат?:toe:
 
И мене не ми е јасен овој дел... Не верувам дека ќе бидат беспари.
Што е приказната? Кој ќе може да ги купи/добие и по колкава цена / какви услови?
 
Треба да си млад брачен пар...треба да аплицираш и да влезеш во списокот. И од коа ке се изградат да влезеш и се отплаќаат на многу години не знам точно по колку.
 
И мене не ми е јасен овој дел... Не верувам дека ќе бидат беспари.
Што е приказната? Кој ќе може да ги купи/добие и по колкава цена / какви услови?
Членска имаш?
Рушвет да дадеш?
Ако така... да продолжиме да правиме муабет.
 
А, што пак баш во Аеродром да се гради.Зарем неможе да се шири градот?
Туку , така сме си научени, една врз друга градба, без улици, без паркови, без простор за дишење, што поблиску до центарот:tapp::tapp:
 
Океј се женам, аплицирам (кажувам дека немам кај да живеам, дека жената студира или нема работа, кажувам дека и јас немам или имам постојан работен однос) Чекам да бида избран......за тоа време се снаоѓам кај моите/нејзините живееме нешто ситно под кирија во некоја шупа. На крај не ме одбираат (нормално) затоа што сум клошар од Ченто без роднини во владата и едноставно ВИСТИНСКИ ми треба кров над глава.......фала ама ќе продолжам да си живеам во кујната:wink:
 
Greece_Stamp_by_l8.png

Αγαπώ την Ελλάδα



А,ЈАС ЈА МРАЗАМ ЕЛАДА
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom