Фиксна протеза

  • Креатор на темата Креатор на темата Шмики
  • Време на започнување Време на започнување

Шмики

Byakugan
Член од
12 март 2008
Мислења
743
Поени од реакции
16
Возраст
31
Фиксна протеза ?

Има ли некој искуство од вакво чудо. Можеби касно ја отварам темава зашо јас утре идам да местам. Има ли некој што носи ова па да ми каже како, што, дали боли, колку време ја местат, ке имам проблеми со јадење, со четкање на заби ? Зборете ми само без претеризам, за џабе не си ги извадив двете четворки :nesvest:
 
неболе само од кога ке ти ги стават само тој ден може да те заболе а после нема ништо
 
Абе фиксната протеза е убава работа, убаво ти кажаа погоре не боли тогаш, боли откога ќе ти ја стават. Јас не сум носела фиксна али знам нешто од нешто. Со јадење нема да имаш проблем, е сеа со четкање а забите е малце потешко, мораш тоа да го правиш до бескрај за да исчистиш се околу желевцата.
али нешто што е најинтересно кај фиксната, е тоа што можеш да си ставаш камчиња во разни бои и да си стаиш и гумички во боја на желевцата :wink:
 
...jaс носам...дури ја става не боли,а после мене 2 недели ме болеше мислам неможев нормално да јадам...ама се навикнав. Брикета досеа ми се има скршено само еднаш(во декември ги стадов протезиве бај д веј)...се на се не е нишо страшно...само на моменти ме фаќа криза и ми ида со клешти да ги откорнам:pos2:
 
1 недела од коа ке ти ја стаат ке те боли и тешкотии ке имаш при јадење.После нема да ја забележуваш, ке си јадеш шо сакаш.И убава работа е фиксната
 
1 недела од коа ке ти ја стаат ке те боли и тешкотии ке имаш при јадење.После нема да ја забележуваш, ке си јадеш шо сакаш.И убава работа е фиксната

многу убава... кога ќе јадеш пола храна ќе ти остане на протезата и после 1 час ќе ја чистиш со јазикот и тамам ќе си "јадеш" по малку и нема да одгладнеш :pos2:
 
многу убава... кога ќе јадеш пола храна ќе ти остане на протезата и после 1 час ќе ја чистиш со јазикот и тамам ќе си "јадеш" по малку и нема да одгладнеш :pos2:

Нема врска. Не останува многу од храната како што покажа ти. Принципот на самочистење на забите во голема мера може да се задржи. Сепак се бара многу поголема хигиена од тој шо ја користи протезата.
 
Нема врска. Не останува многу од храната како што покажа ти. Принципот на самочистење на забите во голема мера може да се задржи. Сепак се бара многу поголема хигиена од тој шо ја користи протезата.

си го нашол правиот човек :helou:
 
Добро што прво ти ги извадиле забите па потоа ќе ти ја ставаат фиксната, прво треба да се ослободи простор за да можат забите убаво да се наместат. Многу ортодонти прават грешка со тоа што не го советуваат пациентиот да ги извади 4ките или 8ците, па по вадењето на протезата, од притисокот забите пак си се враќаат во нивната првобитна положба.
Jaс имам фиксни на двете вилици, ги ставив пред 4-5 месеца.
Не е страшна работа, ги местат околу саат време и потоа чекаат лепакот да се исуши едно 30 минути. Потоа ќе ти стави сајла(желевце), гумички и тераш:).
Ќе те болат забите едно 3-4 дена откако ќе ти ја стават фиксната и после секоја контрола(што вклучува менување на сајлата, нејзино затегнување и менување на гумичките), макар што мене ме болеа забите само првите две контроли.
За јадење првите 10 дена ќе ти биде малку чудно, ама потоа нема ни да ја чувствуваш, се` ќе ти биде како порано. Само избегнувај да јадеш кикирики, леблебии, фстаци такви работи, затоа што се заглавуват меѓу брикетите и ќе треба пола саат да ги миеш забите, а мастики ако сакаш да џвакаш, ќе треба повнимателно да го правиш тоа затоа што се лепат:(.
Мој совет ти е од аптека да си купиш интрадентална четка, слична е како четка за чистење шишиња и со неа ќе си поминуваш измеѓу секој заб, затоа што ќе треба хигиената да ја држиш на високо ниво:). Ако те интересира уште нешто, слободно прашај.

И да, како што кажа Вес погоре, на моменти ќе те фаќаат кризи за да ги откорнеш, ама помисли на тоа дека ќе имаш холивуд смајл кога ќе ги извадиш и нервозата ќе ти помине.
 
Сите кажаја дека постои болка откога ќе се стават протезите едно 3-4 дена. И после менување на нова жица исто така ден-два ќе се осеќаш ко тогаш да ти ги ставиле протезите. И да, не е ништо страшно:).
 
super e...jas lani nosev mi se namestija zabite...ne boli bas...samo koga odis da ti gi potstegnuva ili ti menuva gumicki taka malce eden sat dva boli ....jas si se naviknav gi nosev skoro cela godina i koga gi izvadiv mi bese grdo:)...ama to e to
 
Јас од моето искуство иам само три совети да ти дадам, кои сигурен сум дека ако ги примениш ќе ти помогнат многу. Накратко.

1. Не се срами од протезата. Нема ништо срамно, не си набивај комплекси.
2. Редовно четкај ги забите, и поголемо внимание обрни на ''прстените''.
3. Биди редовен на контролите, секое одложување/неодење на контрола за протеза ти го пролонгира денот на вадење на истата. :)
 
Само што се вратив. Успешно ми ја наместија. За понатаму ке видиме како ке се одвиваат работите. Бај д веј бела гумичка избрав :pos: Инаку ако не ги мијам прстените и остантатот, можно е да дојде до восплаување на непцата. Др.-Бојка рече после секој оброк да се четкат забите. Пред спиење 10 минути, ама хоризонтално и да ги прочистува со чај од жалфиа. Фала за советите сепак. :back:
 
Со здравје да си ги носиш. Сепак мислам дека претерана хигиена како на пример 10 минути четкање не е потребна и после некое време станува одбивно и гарантирано ќе ти се здосади. Така да, освен редовната хигиена(и малце поголемата на протезите) не ни мисли на нив. Ќе се навикниш одма.:helou:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom