Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
До 1913 г. Кукуш македонскиот град е со околу 10 000 жители. Родно место на Гоце Делчев.Се наоѓа на околу 30 километри северно од Солун.
На 16 јуни 1913 г. започнува војната. Три дена (19, 20 и 21 јуни) една наша бригада води крвопролеачки борби со шест грчки дивизии. Грмежите од фронтот започнале се по јасно и поблиску да се слушаат.
На 20 јуни умрела прислужничката на католичката црква во Кукуш ( црквата била еден вид сиропиталиште и во неа биле католички сестри на милосрдието - французинки ) и на 21 требало да биде погребана. Кукушани уплашено бегаат од градот. На погребот биле само отец Јосиф Раданов - од с. Гранитово Елховско и гробарот. .. Се гледала долга врвулица од мажи, жени и деца, со малку багаж во рацете како бегаат на север. На брзина ја погребале жената, и отец Јосиф ја соблекол мантијата и се приклучил кон бегалците...