@cool@
Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
- Член од
- 2 јуни 2007
- Мислења
- 23.601
- Поени од реакции
- 27.115
Многумина Македонци или нивни потомци ја раководеле Бугарија во минатото, а и денес тие заземаат клучни позиции. Списокот на тие што биле или се нејзини премиери, министри, пратеници, академици и генерали е многу долг. Голем број од нив се ресенчани или, пак, потекнуваат од ова мало гратче крај Преспанското Езеро. Пред десетина години на ранг-листата на стоте највлијателни бугарски личности во минатото, што ја направија историчарите на Софија, се најдоа дури четворица ресенчани, кои беа побројни и од софијанците.
За тоа како се случувало, а и денес се случува Македонци или нивни потомци да палат и да жарат на бугарската политичка сцена, има повеќе причини. Прво, по поразот на Илинденското востание и по сите војни на македонските простори, по Балканските и по Првата светска, многу македонски семејства се засолнале во Бугарија и таму останале. Освен тоа, тие што не побегнале своите деца ги испраќале на школување таму. Второ, Атина и Софија на неколку наврати извршиле размена на населението, а сите тие луѓе што морале присилно да ја напуштат Егејска Македонија биле Македонци. И трето, што можеби е најважно, бугарската егзархија, која имала свои училишта низ цела Македонија, на талентираните Македончиња им создавала услови да го продолжат школувањето и по завршувањето ги ангажирала на раководни места.
НЕ СУМ БУГАРИН Првиот бугарски социјалист Димитар Благоев, чие име го носи центарот на Пиринска Македонија - Благоевград, е Македонец од селото Загоричане, Костурско. Роден е во 1856 година, а починал во 1924 година. Студирал во Петроград, а бидејќи формирал социјалистички кружоци, бил протеран во Бугарија. Ја формирал Социјалистичката партија на Бугарија. Неговата основна теза во врска со македонското прашање била дека тоа може да се реши само во рамките на една Балканска федерација, за што и се залагал. Во документите на бугарското собрание забележана е една остра полемика што ја водел со неговите противници во врска со македонското прашање. Тогаш јавно изјавил дека не е Бугарин, туку Словен од Македонија.
Георги Димитров, човекот за кого дозна светот за време на познатиот Лајпцишки процес во 1938 година, кога беше обвинет дека го запалил Рајстагот, по мајчина линија е Македонец. Тој е еден од основачите на БКП, а осум години бил генерален секретар на Коминтерната, од 1935 до 1943 година. Додека бил на чело на Бугарија, Пиринска Македонија добила културна автономија, а Македонците ги имале сите права. Немал никакви дилеми дека тие имаат посебен национален идентитет. Преговарал со Тито за формирање Балканска федерација и сметал дека присоединувањето на Пиринска Македонија кон тогашна Народна Ррепублика Македонија е работа на самите Македонци. Роден е во Ковачевица, Бугарија, а починал во 1949 година.
Значајна личност во политичкиот и интелектуалниот живот на Бугарија бил и штипјанецот
Тодор Павлов, кој долги години бил претседател на Бугарската академија на науките. Бил член на Президиумот на Народното собрание на Бугарија и две години, од 1944 до 1944 година, еден од тројцата регенти. Роден е во штипско Ново Село 1890 година, а починал 1977 година.
НАЈВЛИЈАТЕЛНА ЛИЧНОСТ И еден друг бугарски премиер има ресенски корени. Станува збор за Андреј Луканов, кој беше ликвидиран во 1996 година пред неговата куќа во Софија. Тој беше една од најзначајните и највлијателни личности во посткомунистичкиот период на Бугарија. Историчарите го определуваат како една од најсилните политички фигури, не само меѓу бугарските социјалисти, туку воопшто меѓу сите политичари на современа Бугарија. Многумина го сметаат за творецот на пазарната економија во таканречениот преоден период на транзицијата на бугарската држава.
Интересно е тоа што Андреј Луканов бил братучед со Иван Татарчев, потомок на еден од основачите на ВМРО и видна личност во бугарскиот живот при крајот на минатиот век. Нивните баби биле родени сестри, ресенчанки. Татарчев за време на убиството на Луканов беше главен обвинител на Бугарија, трета функција според значењето во бугарската држава. Инаку, двајцата братучеди приватно не се трпеле, а нивната нетрпеливост произлегувала од тоа што едниот бил левичар, а другиот десничар. Во 1992 година Татарчев повел и обвинение против Луканов, по што тој шест месеци одлежал во затвор. За Татарчев треба да се каже дека се смета за поголем Бугарин отколку самите Бугари. А и во Бугарија се смета дека најдостојните и најцврстите бранители на бугарската кауза се токму Македонците кои се определуваат како Бугари. Татарчев ќе остане запаметен по тоа што чувствува голема омраза кон Македонците во Бугарија и додека беше на функцијата, често им правеше сериозни проблеми, нарекувајќи ги со разни погрдни зборови.
Актуелниот премер Сергеј Станишев е со македонски корени. Неговиот татко е роден во струмичкото село Штука а семејството потекнува од Мали Брод, Егејска Македонија. За премиер на Бугарија е назначен на 16 август 2005 година,откако неговата партија победи на парламентарните избори.Станишев е роден на 5 мај 1966 година во Керсон, Украина. Дипломирал историја на државниот Универзитет во Москва, а во 1994 година докторирал. Во 2001 година стана прв човек на БСП, заменувајќи го Георги Прванов, кој победи на претседателските избори. Станишев не е оженет, но долго време живее со познатата бугарска новинарка Елена Јончева. Со него е поврзан еден скандал што го измисли весникот „24 часа“. Според овој бугарски весник, американскиот претседател Џорџ Буш сакал Станишев да му стане зет и за жена му ја понудил една од двете негови ќерки. Оваа дезинформација беше демантирана од Вашингтон од највисоко ниво.
ТАТКО И СИН Сегашниот претседател на Бугарското народно собрание Георги Пирински е Македонец. Неговиот татко Георги Николов - Зајков е познат меѓу македонската емиграција во САД, каде што речиси три децении се борел за македонската вистина. Бил генерален секретар на Македонскиот народен сојуз во Америка, организација која ги бранела македонските интереси наспроти пробугарската МПО. По стапувањето во сила на Макартиевиот закон, Зајков бил екстрадиран во Бугарија. Роден е во Банско, градот на Никола Јонков - Вапцаров. Неговиот син Георги беше министер за надворешни работи во владата на Жан Виденов и кандидат на БСП за претседател на Бугарија. Тогаш анкетите покажуваа дека лесно ќе го победи Петар Стојанов, но на стартот беше елиминиран од претседателската трка бидејќи беше роден во САД, а не во Бугарија, како што е предвидидено со Уставот.
Се тврди дека и сопругата на бугарскиот претседател Георги Прванов припаѓа на семејство кое потекнува од Македонија.