Богатата Норвешка и' го врти грбот на Шведска

  • Креатор на темата Креатор на темата vone
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Локација
Тука негде наоколу
EU на печалба во Норвешка



8C33935D7D964D40A218DB7F0E0AF3E5.jpg



Евтината работна сила од Шведска ја развива норвешката економија, Швеѓаните го работат она што не го сака никој


Норвешка ја надмина Шведска и стана една од најбогатите земји во светот, но и магнет за младите Швеѓани, подготвени напорно да работат за да заработат брзи, наместо многу пари. „Кога бев млад, Швеѓаните имаа побели заби, почиста кожа, ги имаа АББА и Бјорн Борг. Ние имавме многу риба и уште нешто“, вели Томас Хиланд Ериксен, професор по социјална антропологија на Универзитетот во Осло. „Денес е намален бројот на Швеѓаните и би рекол дека многу Норвежани уживаат во фактот што толку многу Швеѓани доаѓаат тука да ги работат оние работи што не ги сака никој“.

Во годините по Втората светска војна, во која Норвешка беше окупирана од Германија, а Шведска остана неутрална оставајќи ја својата индустриска база недопрена, економијата на Шведска растеше со опасна брзина. Од цела Европа пристигнуваа работници, па и од Норвешка, за да ги пополнат празните фабрики, бродоградилиштата и градежните локации во годините на подемот. Меѓутоа, во осумдесеттите години на минатиот век, шведската економија почна да наидува на пречки и големата социјална држава што беше изградена во поствоените години почна да покажува пукнатини.

Во исто време нафтата што ја откри Норвешка во Северното Море во седумдесеттите години почна да има сериозно позитивно влијание врз економскиот раст на земјата. До почетокот на деведесеттите години, токму кога Шведска влегуваше во длабока рецесија, сериозно почнаа годините на економски бум во Норвешка. Норвешкиот БДП по жител, кој изнесуваше 80 отсто од шведскиот во поголемиот дел од поствоениот период, се искачи и го надмина во 1991 година и никогаш не се врати на таа позиција. Во 2006 година просечниот БДП во паритетот на куповната сила за Норвежаните изнесуваше огромни 53.000 долари, а на Шведска скромни 34.000 долари, според ОЕЦД. Во 2006 година Норвешка беше извозник на нафта трет по големина во светот, по Саудиска Арабија и Русија.

Ова значеше дека миграцијата на работници преку границата меѓу овие две земји се промени. Додека бројот на Норвежани кои живеат во Шведска драстично се намали од 1990 година, бројот на Швеѓани во Норвешка речиси двојно се зголеми во периодот меѓу 1990 и 2007 година, од 18.000 на повеќе од 35.000. Истражувањата, исто така, покажуваат дека бројот на Швеѓани кои секојдневно патуваат на работа во Норвешка брзо расте. Следејќи ги законите на понуда и побарувачка, нема знаци дека овој наплив се намалува. „Постоењето евтина работна сила придонесува во развојот на норвешката економија“, вели Кнут Антон Морк, главен економист во банката Ханделсбанкен. „Не е толку екстремно како што е случај во некои од блискоисточните емирати и не верувам дека Швеѓаните сакаат да се гледаат на тој начин, но постојат исти економски елементи“.

Седиштето во Осло на оваа „евтина работна сила“ е Шведската асоцијација од Сторгата, густо населена со имигранти. Настрана од најмувањето околу 300 кревети во апартманите во близина на канцеларијата на Асоцијацијата, причина поради која локалното радио неодамна го нарече Бругата „шведско гето“, исто така таа им нуди на своите членови советување за тоа како да го пронајдат патот низ норвешкото општество и, најважно од се', како да најдат работа. „Сега тоа е многу бавно“, вели Џозефин Карисон, која работи за Асоцијацијата, и додава дека моментно на листата на чекање се наоѓаат околу 300 лица. За време на најактивниот период во годината, кон крајот на летото и во јануари, на листата може да се најдат околу 1.000 лица. Повеќето од оние кои доаѓаат се на возраст од 18 до 25 години и се подготвени напорно да работат. Според Микаел Свенсон, Швеѓанец кој регрутира сонародници и на тој начин ја снабдува со работници компанијата „Адеко“, Швеѓаните се многу популарни кај норвешките работодавци. „Тие се млади и гладни“, вели тој, подготвени да работат повеќе во предизвикувачки работи за кои повеќето Норвежани со презирање ги одбиваат. „Швеѓаните нема да мора да чекаат повеќе од една недела пред да најдат работа“, додава тој.

Многумина, како 22-годишната Џени Ериксон, работат во магацини и пакуваат продукти. Други, како Софија Фалк (21) и Пернила Бергстром (19), работат во ресторан. Велат дека Осло е пријатно место за живеење, а и двете се согласни дека плаќањето меѓу 120 и 250 круни, односно од 22 до 46 долари на час е она што ги привлекло да дојдат тука. Додека некои за кусо време се адаптираат на животот во Осло и ги трошат повеќето од парите што ги заработуваат, други живеат поскромно. „Не одиме во шопинг, не излегуваме во град и главно јадеме тестенини“, вели Пернила Бергстром, која работи во „Мекдоналдс“ во Сторгата. Таа додава дека ќе ги искористи парите што ги штеди за да патува неколку месеци низ Азија и подоцна да си ги финансира студиите во Шведска.

Повеќето Швеѓани посочуваат дека воопшто не се чувствуваат дискриминирано од страна на Норвежаните. Покрај економијата, двата народа остануваат „браќа“ со многу слични јазици и култури. Но, Џозефин Карлсон во Шведската асоцијација признава дека се чувствувала малку навредено кога ја видела рекламата за најмување стан во која стоело дека тој би бил добар за „Швеѓани или за Полјаци“. „Немам ништо против Полјаците, но тоа не е онака како што ние се гледаме себеси“, изјави таа.

Што се однесува до Норвежаните, дури и ако признаат со одреден степен на радост дека им е драго што нивниот поранешен „постар брат“ пакува продукти и им прави кафе, тие се обидуваат да бидат великодушни околу тоа. „Некој може да чувствува радост дека на Норвешка и' оди подобро отколку на Шведска“, вели Ларс Остби, истражувач во норвешката агенција за статистика. „Меѓутоа, ние добивме на лото, а не добивате на лото затоа што сте го заслужиле тоа“.
 
Некој да предложи агенција за работа во Норвешка за биоло каква работа може и шовер со Е категорија. За со мк пасош
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom