„Злосторство и казна" - Ф.М. Достоевски

  • Креатор на темата Креатор на темата nicole_l
  • Време на започнување Време на започнување
knigata e mnogu interesna samo premnogu e razvlecena i pregolema, duri da stignes do krajot ke go zaboravis pocetokot:helou:
 
Го тупел Достоевски. :icon_lol: Ах бе... Книгата е мастерпис, како и безмалку сите негови дела. Тоа шо "многу се влече" е обележје типично за руската книжевна школа, нема допирна точка со тупење. Горе долу сите од тој табор така пишуваат, масивни, гломазни реченици, од по 4 - 5 па и повеќе редови итн не ми се елаборира. :icon_lol: Феноменална е Злосторство и казна, од симболика до порака, и грев е да не се прочита од причина - досадна е. Не мора да го љубат сите, ама да го почитуваат, да.
 
Тоа е реализам. Достоевски , Толстој , Балзак.
Сите пишувале така. Претставување на реалното. Конкретно како изгледа реално.
Злосторство и Казна омилена книга.
Раскољников е комплексна личност. Парите на убиената баба мислел да ги потроши за доброто на човештвото. После тој чин на убиство тој е во целосна конфузија ... што ќе прави со самиот себе. Тој се оттуѓува од сите, од светот, се измачува. Соња Мармеладова ќе му рече - Мислеше да ја убиеш старицата , а се уби себеси .

Ова уште го памтам. Совршенство. :)

[FONT=M_Times]
[/FONT]
 
уште последните два дела ми останаја за читање али џабе проф. спојл ми направи кажа како ке завршит...
 
книгата е мајсторски напишана, јесте да има малце појше(многу појше) детали ама све тоа е во реализмот, долстоевски е цар, книгава ја читав 3 пати и ми се свиде
за оние што го сакаат Долстоевски го препорачувам Идиотот - има добра сторија иако крајот не ми се свиде
 
Иначе сорри за офтопиков ама морав да прашам-Идиот од Достоевски мора да е уште некој мастерпис или не? пошто во 3 екстра филма на ваков или онаков начин беше спомната или покажана книгата.
 
Иначе сорри за офтопиков ама морав да прашам-Идиот од Достоевски мора да е уште некој мастерпис или не? пошто во 3 екстра филма на ваков или онаков начин беше спомната или покажана книгата.
Идиот е најдоброто што Достоевски некогаш го напишал, Злосторство и казна е почетна, воведна литература кога станува збор за неговото творештво, но Идиот е круната.Феноменално разработени ликови, приказна која што во суштината е пооригинална од многу досега видени и толку безвремена што била реалност тогаш, реалност е и денес.
 
Злосторсво и казна ја имам прчитано два пати. Читам идиот ја фалите не сум ја читала ама сигурно ова лето ќе седнам и ќе ја прочитам
 
Прв пат почнав да ја читам кога бев прва средно, т.е. летото пред да тргнам у средно хах. Се чудев дали е до мене или овој стварно нема поим што напишал. Имам постара сестра и цело нејзино друштво паѓаше во трансови демек леле што прочитале, а мене од кожа ме вадеа километарски долгите реченици, кои може да се страна али две и се губев. Беше многу фрустрирачки на моменти. Не знаев каде почнал, каде завршил. Стигнав до пола и ја баталив, не можев повеќе да се измачувам. Тогаш се префрлив на „Quo vadis“ од Sienkiewicz и ми беше многу поинтересна, иако отпосле ги сфатив како што треба некои работи. Сепак тоа лето прочитав бар неколку книги од големи автори. За ,,Злосторство и казна" си реков, ќе ја читам кога ќе дојде време. Целосно ја прочитав кога имав 17 години и сфатив дека тогаш годините не ми биле за таа книга :toe: Ова е навистина интересна книга, ама откако ја прочитав цела хах :smir: И сега се чудам што ли сум мислела со 14 години?!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom