Графити во пишана форма

Член од
17 април 2005
Мислења
64
Поени од реакции
0
Веб-сајт
m.1asphost.com
Баш да видам кој како би оценил Graffiti ?

некои викаат
-Глупости
-Уметност
-Чкртање по ѕидови ( Вандализам )

и тн и тн

oppinions ?
 
Ја би рекол уметност која разубавува ... на пример на кејот на Вардар ... има многу убави цртежи и навистина треба да им се честита на дечките кои ги цртале .. НО .... НИКАКО НЕ ОПРАВДУВАМ ШКРТАЊЕ ПО СПОМЕНИЦИ И МЕСТА КАДЕ ШТО НЕ ДОЛИКУВА ДА ИМА ГРАФИТ
 
На кеј ДА, ама на места на кои не им доликува (згради, споменици..) НЕ.
 
na kejot vo skopje??
jas mislam NE. go pravi kejot gaden, treba cisto ubavo da bide, a ne iskrtano so razni gluposti.

tie skejteri vo makedonija neka crtat vo tie mesta kade im e napraveno specijalno za da se vozat, a ne na zgradi, gluposti, da dokazat deka toa e nivna teritorija lol
 
Види сега... "Бранко е пеер" или "Љупчо е травестит" се најчесто среќавани "графити" кај нас :D

Имаше еден познат ѕид во Чикаго - целиот покриен со графити цртани во форма на мозаик. Тоа е веќе уметност.

Не можам да ги најдам... но ево линк http://www.graffiti.org/chicago/chicago_1.html со графити во Чикаго(би требало да има слика од тој ѕид таму)... ако графитите се во тој стил, тоа може да се нарече уметност...
 
графити рулз.. во Охрид немат многу :cry: ама тие шо се се добри..
би можеле да се складирет графитите како уметност..
 
Еве еден од графитите кои ги регистрираше објективот на КАЈГАНА.
Локација: Скопје, позади Нова Македонија.
IMG_1853sdg.jpg
 
Grafitov vristi! E vakvite ne treba da gi ima ... samo da mi padne u raka nekoj sto gi crta :lol: :P
 
Јас мислев на оние графити кои имаат уметничка вредност според мене ... кои се нацртани убаво ... убаво изгледаат итн итн ..
А за овие ... треба да ги има за да се насмееме понекогаш, но мислам дека треба да се бришат 8)
 
Ја порано цртав графити.. уште цртам ама само на хартија. И уметност е! :shock:
 
Ииииииии добра тема да си ибете. Да бидам искрен кога прочитав графити милсев дека темата ќе биде за графити од типот: К у р, П и ч к а, Перо и Стојна се ебат, Бурек да, ајвар не...Инаку ова се графити од 80-тите во Скопје. Потоа како декадата се ближеше кон својот крај искочија “патриотски“ графити: ВМРО (еееј на времето си мислев кујзнае колку храбар фраер го испишал графитот), Комити Запад, ВЕП (за ова последново има многу интересна анегдота: Елем некаде околу 1989-90 и македончето почна срамежливо да се освестува национално, а во тоа предничеа Вардаровите навивачи, “Комитите“. Е на Комитите главен слоган кој го скандираа на натпреварите од првата Југословенска лига во тоа време им беше ВЕП, што у превод значи “Вардар, Егеј, Пирин“, демек обединета Македонија (ех кај се тие времиња на национален неоромантизам, ко шо би рекол Проф. Марјанович). Нормално тие тој свој патриотски ентузијазам сакаа да го споделат и со поспаните и национално неосвестени Југословени кои само случајно се родиле во Македонија (ако некој се препознае...ич к*р не ме боли) та така некој млад комита земал спрејот и почнал да ги овековечува трите букви В Е П на некој ѕид. Арно ама ко за беља, баш у тоа време некоја стока џандарска се појавила од никаде и го грабнал комитава за гуша, му врзал една воспитна и строго федеративно го запрашал (ко божем не знае) “Шо ти значи тоа ВЕП бе мрсул, а?“ А комитава наш не се збркал туку храбро Македонски му одговорил: “Вардар Европски Првак бе чичко милицаец“ :lol: :lol: :lol:
Ех се вратив две децении наназад... Туку да продолжиме за графитите. Во секој случај 90-тите донесоа многу свежина, па и Шкуп веќе не заостануваше во инвентивноста кога станува збор за луцидни графити. Од тоа време се и графитите: “Ристо Вртев, ама не те најдов“ (мала иронија со името на фронтменот на Архангел), “Слабо фаќам СИТЕЛ“ (фрустриран гледач кој не можел да се помири со фактот дека не може со сласт и без оние ебани линии на ТВ-то да ги гледа порничите кои СИТЕЛ ги емитуваше после дванаес’ на почетокот од своето постоење.) итн.
За 2000 и понатаму нема шо да дробам веќе сите сме сведоци на разнообразноста во графитите.
Сепак мене лично најдобар графит на сите времиња ми е еден Београдски јееботе. Графитот беше напишан на свежо фарбан ѕид и гласеше: “ЏАБА СТЕ КРЕЧИЛИ“ Садизам до јаја :lol: :lol: :lol:
 
Svetovid напиша:

те нема те нема и одеднаш комедии :D :D :D :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom