H
HITCH
Гостин
Што е многу, многу е. Без разлика кој да дојде на власт некои работи не се менуваат. Дали е тоа заѓто истите луѓе пак си остануваат и така им се сака или е поради немоќ да се средат некои работи ама е лошо многу лошо. На повидок нова пезиска афера овој пат во Прилеп. Во последниов период ми е гнас да уклучам телевизија да отворам весник бидејќи знам дека ќе налетам на нов грабеж, нова афера градежна, пензиска, на нов ТАТ и што многу ме вознемирува педофилите како се шетаат пред камери и пред апаратите. ГНАСНО....
Новата афера овој пат е во Прилеп ова е од А1......
Нова афера со незаконско вадење пензии во Прилеп. Матичарот Киро Мирчески од селото Воѓани оштетил и измамил 40-ина граѓани од неколку села, ветувајќи им дека доколку му дадат мито, ќе им заврши работа да добијат пензии.
Еден од нив е 73-годишниот Живко Китаноски, кој на Мирчески лани му дал 300 евра, а не добил ништо. Мирчески му ги зел парите и не му завршил работа.
„Мито му дадов, пари му дадов. Рече, ќе ти извадам јас, по извесно време ќе ти извадам. И скара рече ќе дадеш, велам, нема проблем и кога дојде ред, рече не можам да ти извадам. Добро, реков, врати ми ги парите, ќе ти ги вратам рече тој и сега не ми ги враќа“, вели Живко Китаноски, жител на с. Обршани.
Најчесто измамени лица се стари луѓе на возраст од околу 80-ина години, кои законски не можеле да извадат пензија. Мирчески им земал по неколку стотини евра, убедувајќи ги дека има човек во Фондот за ПИОМ, кој ќе им дадел пензија.
На семејството Кукески им зел 20.000 денари од кои не виделе ништо. Иако сега си ги бараат парите од него, тој им се заканува да не го малтретираат, оти ќе им викнел полиција.
„Јас појдов таму кај него, дај ни ги парите, без пари сме, стари луѓе ние сме. Осумдесет години луѓе не лажеш парите да ни ги земеш. И ми вели мене, ајде излези оттука, јас овде работам, оти полиција ќе ти дојде“, рече Ленка Кукеска, жител на с. Воѓани.
Мирчески го побаравме за став во подрачната единица на Министерството за правда и во неговиот дом, но не го најдовме. Иако треба да биде во својата канцеларија во Воѓани, жителите велат дека тука доаѓа само еднаш неделно. Семејството пак, не сака да коментира.
Иако го баравме Мирчески во подрачната единица на Министерството за правда, во неговиот дом и на неговото работно место во селото Воѓани, не успеавме да го пронајдеме и да добиеме негов став околу целиот случај.
Измамените граѓани го тужеле, но тој досега воопшто не се појавувал на судењата. Се сомневаат дека некој стои зад сето тоа.
„За пензија нешто да направи. И колку пари, што прави, 180 банки рече. На ти и ништо, чекавме денеска-утре, денеска-утре, ни побара слики и слики му однесовме и не ни даде ништо“, вели Иванка Богданоска, жител на с. Воѓани.
Сега оние како Китаноски се и без пари и без пензии. Бараат државата да преземе итни мерки за да им се вратат парите.
ЕДНО ПРАШАЊЕ ВОДИ ЛИ НЕКОЈ ШЕФ РАЧУН ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО НЕГОВИОТ ОТСЕК?! Многу ме интересираат коментарите