Кој е за ЈСП да воведе пак ноќна линија?

  • Креатор на темата Креатор на темата Elena F.Sinatra
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

Elena F.Sinatra

Temper Tantrum
Член од
5 август 2008
Мислења
227
Поени од реакции
15
Како што знаеме, ЈСП ја укина ноќната линија пред 5-6год... И беља, сега немаме автобуси за по дома навечер.
А нафтава е забегана работа... светски пазар диригира... Македонија стонира...
Таксито, бетер...
Кој е за да се воведат пак ноќни автобуси?
 
Јас сум против.
Сакаш надвор после полноќ? Плати си.
Чим немаш да платиш, значи си малолетен/на. Не ни треба да си надвор.
Ако си полнолетен, и немаш да си одвоиш 100-200 денари за такси, подобро седи си дома, и така така со една пијачка цела вечер само ќе се избрукаш. Земи книга, гледај си ТВ, поубаво ќе поминеш.
 
Не сум користел автобус ноќе сигурно 3 години.

Како и да е. Римз, не се само кафеџии после полноќ надвор. Качи се на двојка (12:20 по полноќ кај Мавровка) и дојди до Ѓорче... ќе видиш колку стари луѓе, луѓе од работа се враќаат. Тој дневница нема 200 денари, ти му збориш на него за 200 денари за такси. И тогаш бев за ноќни линии, а и сега сум. Има голема потреба.
 
Е да бе, 100-200 ден, а што ако такси ти зема повеќе, а немаш, треба да земаш од твојте???
 
Римз, има некои луѓе кои не патуваат на многу кратки релации. Некој можеби живее во Ѓорче, а работи во Автокоманда. Ако се задржи на работа и ја испушти таа двојка, последната, за такси ќе му земат 500 денари најмалку. Сакам да се воведе ноќна линија, затоа што лично јас како прво не сакам да се возам со такси сама, а немам многу другари/ки кои живеат во моја близина.
Да додадам и дека не сум вработена, финансиски зависам од други и нормално е да гледам поефтино да поминам.:smir:
Најдобро Јове или Сити да стават анкета, да видиме кој е за кој е против.
 
Трифун спрема трамваи а Град Скопје под чија надлежност е ЈСП(ако не се лажам)нема шанси да се тура во дополнителни трошкови ни за нови автобуси ни за ноќни смени,пред некое време баш гледав бараа од Влада помош за ЈСП.

Иначе за потребно потребно е,можда не сите ама некои линиии на подолг временски размак добро би дошле
__________________________________________________________________

он ди адар хенд http://forum.kajgana.com/showthread.php?t=26793 :S

Значи ајде да го земеме и ова за готова работа,имаме нови автобуси,трамвај и таксисти,некој ке се вози сам од триве само не знам кој уште :):)
http://forum.kajgana.com/showthread.php?t=26793
 
Не сум за ноќна линија. Загуба чиста е да се вози ноќе со 3-ца патници.
А богами и опасно - ем за возачите ем за патниците. Правилен потег е тоа што ги укинаа ноќните линии.
 
Абе ноќна линија влегуваш во автобус и глеаш на крајот седи некој Џанкер, у средина полупијан, а ти седнуваш напред и до тебе седнува некој манијак кој очине не ги трга од тебе. Плус бензин нафта скапа е нема шанси и да сакате да дојде до овозможување на линијата, а и плус автобусине едвај чекаат да паузираат малку од што се стари немаат сила да издржат.
 
Не сум за ноќна линија. Загуба чиста е да се вози ноќе со 3-ца патници.
А богами и опасно - ем за возачите ем за патниците. Правилен потег е тоа што ги укинаа ноќните линии.
3-ца патници? Си влегол некогаш во последна 57-ца во 00.15? Особено за викенд. Нема каде да се застане, не можеш да се качиш на Рекорд од што е преполн автобусот. И тоа се се луѓе од подалечни населби кои немаат пари за такси, а некако мора да се вратат дома, па се принудени да си го лимитираат времето за излегување до полноќ, ко Пепељуги.

Јас често се возам по автобуси и 100% сум за воведување ноќна линија. Некаде помеѓу 2 и 3 да поминува. Воопшто нема да биде празно со 3-ца патници, па според тоа ни опасно.
 
у право си... ова се дешава и во 41 исто во 00:15...јас сум ЗА ноќни линии:smir:
 
Не сум за ноќна линија. Загуба чиста е да се вози ноќе со 3-ца патници.
А богами и опасно - ем за возачите ем за патниците. Правилен потег е тоа што ги укинаа ноќните линии.
Па 3ца и не би рекол дека би биле. Во 23ка последна си се возел некогаш? Несакаш:) затоа што таква гужва 45 минути да ја трпиш е многу. Имам гледано луѓе како буквално трчале по автобусите, кои работат од 16 до 00. И треба да ја има онаа златна двојка што возеше во 15 до 2 и во 15 до 3, од Сарај до Ченто
 
3-ца патници? Си влегол некогаш во последна 57-ца во 00.15? Особено за викенд. Нема каде да се застане, не можеш да се качиш на Рекорд од што е преполн автобусот. И тоа се се луѓе од подалечни населби кои немаат пари за такси, а некако мора да се вратат дома, па се принудени да си го лимитираат времето за излегување до полноќ, ко Пепељуги.

Јас често се возам по автобуси и 100% сум за воведување ноќна линија. Некаде помеѓу 2 и 3 да поминува. Воопшто нема да биде празно со 3-ца патници, па според тоа ни опасно.

Сум влагал да. Малолетни џанкеришта напушени, пијани се враќаат дома, кршат столици, пљукаат кај ќе стигнат. Такси од центар на рекорд, до Радишани е некаде 150-200 денари. 4ца по 50 денари. Карта е 35 денари. И така така во таа 57ца се качува цело маало, па нека се колективни малце.

Џену, Принц. Тие вработени што се после 12, се ретки. И не се баш така стари баби кои што им киднала 2ката па немаат за такси. Јебига, глупо е да има автобус а да нема луѓе.
 
Лично сум за воведување ноќна линија, последна двојка некаде околу 12 часот е преполна, башка ако се заборавам низ град после до автокоманда такси ми е околу 200 денари.. не е проблемот за еднаш, два пати, али доколку е постојано + и со студентски буџет не ти се исплаќа баш
 
Не се заборавај. Студент си, треба од 8 на предавања да идеш. Сакаме здраво општество. Нели?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom