Ilumious
Патник, педер, поет, администратор, масон
1999 година:
Се` започна во 1999-тата година, кога челните луѓе на Адидас пројавија интерес да им се доближат на неприкосновените Спидо и Арена во производството на пливачка опрема, а тогашната ѕвезда во доаѓање, седумнаесетгодишниот Иан Торп им изгледаше како одлична можност. Му понудија договор доживотно да ги носи нивните пливачки костуми кои ќе ги прават специјално за него, ќе му ги подобрат резултатите и ќе му помогнат да се справи со конкуренцијата. Во Сиднеј 2000, го видовме во Акватик Центарот Иан Торп, како носи специјално направено одело за пливање, наречено Џет Концепт, a Адидас станаа прва фирма за спортска опрема која произведе целокупно одело за натпреварување.
Жолтите "исечоци", кои се протегаат на грбот и кај листовите на нозете се поставени со цел да допринесат за:
2008 година:
Конкуренцијата се засилува, битката за стотинки во базенот е зачудувачка. Губење на најмал дел од секундата би можело да значи и губење на светски рекорд или медал. На сцена стапи Спидо, со најновиот костим LZR Racer, по цена од $470.
На минатото светско првенство во пливање, од поставени нови 17 светски рекорди, 16 рекорди беа поставени од пливачи кои го носеа овој костим. Италијанската пливачка федерација го раскина договорот со германската фирма за пливачка опрема Арена и со тоа автоматски им даде дозвола на своите пливачи да ги користат новите костими на Спидо.
Ги гледам натпреварите на Олимпијадата и гледам дека 99 проценти од пливачите го употребуваат овој костим, што беше случај и на СП во Монтреал, кога скоро сите пливачи го носеа Џет Концепт на Иан Торп.
Секојдневно слушаме за нови соборени рекорди. Се прашуваме до каде е границата на човековите физички можности? Или на науката која допринесува за нови граници на нешто што мислиме дека е невозможно?
Јас ги имам двата костими. Ефтини се, со оглед дека во Конверс во ГТЦ сакаа да ми продадат обичен костим од перлон за 18.000. Не можам да ви кажам од кој сум позадоволна, затоа што и со двата телото поминува низ водата како низ воздух. Сепак помала предност давам на Џет Концепт, поради тоа што го намалува количеството на вода која што се влече на грбот.
Тоа што сакам вас да ве прашам е, дали вие сте ЗА или ПРОТИВ употреба на овие специјализирани костими? Дали сакате да гледате борба на технологијата или повеќе сте за да гледате "чиста борба" помеѓу пливачите?
П.С. Слушнав дека и во атлетиката американциве ќе користат специјални костими, така да кој има повеќе информации за било каква додатна опрема, нека ја пише:smir:.

- намалени турбуленции
- намалено влечење на водата на грбот
- полесно движење низ водата