Судбина

  • Креатор на темата Креатор на темата DimceY
  • Време на започнување Време на започнување

DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
5.869
Поени од реакции
5.761
Штипјанецот Ангел Зафиров, алијас Бате Геле, по цели 22 години потрага низ 18 светски држави, конечно ја пронајде својата ќерка. Крај на животната потрага и драма долга 22 години ставил идниот свршеник на неговата ќерка Ангела, кој заедно со неа последните неколку години исто така го барале Зафиров.

Инаку, Зафиров познат фудбалски фан и водач на навивачката група на штипскиот некогашен прволигаш, а сега во втората македонска фудбалска лига Брегалница, по распадот на бракот со сопругата, му била одземена тогаш тригодишната ќерка. Познатиот музички композитор на народни песни од Штип, Мирче Кикиритков, приказната на Зафиров ја преточи во фолк хитот “Ангела“, кој на почетокот на 90- тите ја испеа штипскиот пеач на народни песни Зоран Ванев. Ангел Зафиров сега живее во Лас Вегас,САД.

исто како на филм:smir:
 
И она живеела во Лас Вегас?
Што убаво што се нашле:vozbud:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom