@cool@
Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
- Член од
- 2 јуни 2007
- Мислења
- 23.601
- Поени од реакции
- 27.115
Географски податоци за селото Граждено
http://forum.kajgana.com/showthread.php?t=26081
Името на селото
За името на селото постојат повеќе претпоставки.Етнографски земено ова име е поврзано со глаголската придавка„градено„, или од именката „град„ или од старословенскиот збор „граждани„.Ова име исто може да означува и природно оградено место со планинио,висини и езера..Се смета дека селото настанало во средниот век, по распаѓањето на првата престолнина на цар Самоил ,и граѓаните од Преспа пребегале во ова село.По неговата смрт градот Преспа бил ограбен и разурнат од визнтиските војници и од нивните наемници.Тие го нападнале побунетото население на Преспа и ги разурнале тамошните цркви и дворци, дури го опожариле и храмот св.Ахил.По овие злодела населението ги напуштило своите домови и побарало спас во повисоките планини на Преспа.За овие уништувања охридскиот архиепископ, со следниве зборови го известува севастократорот Константин„Семоќни господине и наш заштитнику.Ти многу добрини си направил за нашата земја....Раскрснати сме на патиштата како давидовото лозје кое било разграбувано од минувачите....Поради општата беда и оние селани што живеат на своите имоти до црквата, сега и тие нив ги напуштаат и се иселуваат во погустите планини.“
Од други византиски извори дознаваме за „Тројановото кале„.Според нив, тоа се наоѓа до денешното село Трново,или 4 км е оддалечено од с.Граждено.
Името на ова село се споменува и во други средновековни кодекси, летописи,хроники и записи.
Уште во 1660 г. ова село е внесено во Слепческиот кодекс како Граждено.Името во статистичките податоци на Васил Канчов од 1888 година е споменато како такво.Исто и во трудовите на Селишчев и на Фасмир можеме да прочитаме за него, како и во „За Илинденското востание„ од Дино Ќосев.Се среќава и во првата повоена карта на Р.Македонија, и во првата читанка за 3 и 4 одделение издадена во Букурешт 1950 година.Но подоцна се среќава неговото елинизирано име -Врондеро.
Жители
До 1860 г.ова село постоело како турски чифлик во сопственост на Илиет паша.По оваа година чифликот постепено бил откупуван од населението, така што во 1880 г. ова село било со чисто македонско население.
Од Васил Канчов дознаваме дека селото во 1900 г. имало 276 жител и,а Боривое Милиќ пишува за 60 македонски куќи,додека С.Верковиќ запишал за 84 македонски семејства со вкупно 431 жител.
По Втората светска војна , преку еден попис извршен во 1913 селото имало 437 жители.Од една грчка наредба од 19 декември 1918 г (ВЛ,в/л бр.25 д/21) стои дека Граждено претставува самостојна општина , припаѓа на Леринската околија , а во нејзин состав влегува и с.Трново.Земјоделството било основна гранка.
Гражденскиот атар изобилува со иглолисна и листопадна шума.
Интересно како ги нарекувале жителите шумите:
Зелејнка (зеленика);Габрица(габер);Клејници(клен);Есејница(јасен)Лески;Тополи;Дрен;Врби и смреки.
Се занимавале и со сточарство, лозарство- го одгледувале Релушино(црвеното грозје) и Долга маска (белото грозје).
Во селото постоело едно соѕидано казанче во месноста Река- каде селаните правеле вино и ракија.Добиената ракија ја чувале во стаклени шипиња налик на стомни, А оние што имале повеќе во поголеми посебни дрвени кани,а за пиење на ракија користеле чингени баурчиња.
Пчеларството и рибарството не биле доволно развиени .