StenmarC
Скијач
- Член од
- 24 март 2005
- Мислења
- 2.179
- Поени од реакции
- 50
ПРИВАТИЗАЦИЈА НА ЧЕШКИОТ „TELEKOM“: КУПУВАЧ ОД ШПАНИЈА
Владата на заминување на Станислав Грос ја потврди одлуката на комисијата за приватизација, за победник на тендерот за продажба на државните 51 % во „Telekom“, да се прогласи шпанската „Telefonica“ (третиот светски оператор според бројот на корисници). Против одлуката, со која всушност се завршува главниот дел од работата на оваа приватизација, најголема годинава во регионот на средна и источна Европа, во јавноста никој не кажа ниту збор, иако многумина, особено од опозицијата, претходно остро ú се спротивставија на намерата Владата да ја заврши оваа приватизација, макар и како кабинет во оставка.
Понудата на „ Telefonica“ од 82,6 милијарди круни (2,75 милијарди евра) е значително подобра и од најоптимистичките надежи. Ова е втора по големина приватизација во историјата на земјата - најмногу се доби пред пет години со стопроцентниот удел на државата во „Transgas“(монопол во транспортот на гас) -124 милијарди куни. Есента, кога се отпочна со оваа приватизација се сметаше дека таа ќе донесе 55-60 милијарди круни. Распишувањето на тендерот ја зголемуваше цената на акциите на „Telekom“, за купувањето се заинтересираа најсилните светски играчи во телекомуникациите ...Сепак прогнозите за највисоката цена се движеа од 68 до 73 милијарди круни. Се чини дека аналитичарите го потценија оживувањето на телекомуникацискиот пазар, кој падна откако 2000 година пукна надуениот балон на преценетите акции на т.н IT сектор...
http://www.sekojden.com.mk/shownews.asp?action=shownews&id_news=616
Како може Чешка, откако влезе во ЕУ да го приватизира телекомот, а кај нас мораше многу многу порано??? Истото ќе се случи и со нашето Електростопанство ....