Измислени роботи кои работат на човечки емоции

  • Креатор на темата Креатор на темата GORAZDS
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
13 октомври 2007
Мислења
3.175
Поени од реакции
434
Нов изум на експертите од универзитетот во западна Англија. Два нови роботи кои одговараат на човечките емоции.
Роботот „Ај-си хексапод“ и неговиот механички колега, срцевиот робот, сведочат за постојаната фасцинираност на роботите од луѓето. „Ај-си хексаподот“ е машина која оди на шест нозе со уред за препознавање луѓе.
„Ај си има под-мозок на неговото тело, тоа е машина која му ги движи сите нозе и има серија правила на движење. Под-мозокот е поврзан со компјутерски систем за гледање со кој ги пронаоѓа лицата во неговата околина“, изјави Метју Дентон, дизајнер на „Ај-си хексапод“.
robot2.jpg
Срцев робот
Срцевиот робот има и човечки изглед. Тој трепка со очите, ги витка рацете, а срцето кое чука ја покажува неговата емотивната состојба.
„Многу е едноставно. Срцевиот робот има акцелерометар во глава и тело, така што и тој детектира свои движења. Неговото срце се согласува и има сензори за допир на неговите раце. Тој може да регистрира и звук“, рече Дејвид МекГоран, креатор на срцевиот робот.
МекГоран вели дека постојат долгорочни импликации за емотивните роботи во современото општество за иднината. Нивното целосно емоционализирање не е реалност сега, но тој ден не е многу далеку


извор А1 http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=95847
 
еј супер...едвај чекам да дојде и во македонија за да немам пари да го купам....-.-! закон е али колку кошта..ако е for sale..
 
Шо бе роботи-моботи!? Све се това л'жги!
Порано нас ни викаа - во иднината ќе имало роботи шо ќе не служат и све ќе работат место нас. Роботи со сијалички наместо очи, тркалца наместо нозе, штипалки наместо шаки, решетка наместо уста и антени на главата. Камо сеа роботи? Ни роботи ни ништо, пак е исто ко порано.
Ни беа ветени роботи! Иднината одамна дојде и сакам роботи, што ќе работат све место мене, а ја да лежам и да уживам!
После, викаа и други работи (апчиња место оброк, годишен одмор на Марс и сл.), али ај сеа да не бидам оф-топик... Поентата ми е, дека цело време не лажеа!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom