Состојките во енергетските пијалоци

  • Креатор на темата Креатор на темата goodman_91
  • Време на започнување Време на започнување

goodman_91

Бубалица
Член од
2 јануари 2008
Мислења
1.341
Поени од реакции
30
Енергетските пијалаци во Македонија се со опасниот таурин

Состојката таурин може да биде опасна за организмот, особено кога таа се консумира во исто време со кофеин. Токму овие две состојки ги има во сите енергетски пијалаци.
По неколкуте случаи на смрт што настанале од предозираност со познатиот „ред бул“, многу држави во светот го забранија пијалакот, а некои од нив состојката таурин целосно ја исфрлија од составот на пијалаците. Во Франција цели 12 години енергетскиот пијалак „ред бул“ беше забранет. Неодамна властите во оваа земја одлучија да се произведува и продава модифицирана верзија на „ред бул“, во која состојката таурин е заменета со агринин. Според токсиколозите, тоа е состојка со поблаго дејство, која при консумирање во комбинација со кофеин не е опасна за човечкиот организам.
За разлика од Франција, таурин има во сите пијалаци што ги има на македонскиот пазар - „ред бул“, „брн“, „енерџи кола“, „бастер“, „гуарана“, македонскиот пијалак „горска мечка“... Увозниците велат дека не се тие виновни што состојката кај нас не е заменета.
- Ние пијалакот го увезуваме директно од Австрија, каде што се произведува „ред бул“. Сите промени во составот се прават таму, а формулата на овој пијалак е истата од 1986 година, кога тој се појави на пазарот. Досега не сме добиле забрана да го увезуваме производот - вели Дејан Србиновски, менаџер во македонската фирма-увозник за „ред бул“, „Ивома-тв“.
Тауринот се вади од жолчката на говедата, се преработува и како таква се користи во индустријата. Според токсиколозите, таурин се користи и во индустријата за бои и лакови, како и во фармацевтската индустрија.

Институциите чекаат некој да умре за да почнат да испитуваат

Ниту десетиците случаи на смрт во неколку држави во светот не се доволна причина за македонските здравствени институции да поведат каква било иницијатива за подетална анализа на состојките во „експлозивните коктели“. Надлежните во Министерството за здравство, во Републичкиот завод за здравствена заштита (РЗЗЗ), како и од Дирекцијата за храна велат дека би поддржале кампања за забрана за употреба на овие производи поради штетните состојки. Но ниту еден од нив не рече дека има намера наскоро да испита колкаво количество шеќери, таурин и кофеин содржат овие производи, оваа опасна комбинација од состојки што преку продавниците им е достапна и на најмладите.
- Ќе умрете и ако испиете едно шише вотка, а сепак ја има на пазарот. Значи, големата доза е таа што е отров за човечкиот организам. Исто и ако изедете еден килограм сол ќе умрете. На крајот на краиштата, енергетските пијалаци не се дрога и се продаваат легално. Ако производот има состојки што се во граници на нормалата, тој не е опасен по живот - вели Станислава Лазаревска, поранешна директорка на Дирекцијата за храна.
Оттаму веќе најавија засилени контроли и детална анализа за тоа дали и колку е штетен тауринот. Но засега институцијата нема директор и пијалаците се уште никој не ги анализира.
Драган Ѓорѓев, пак, директорот на РЗЗЗ, вели дека и тоа како има простор за акција ако се организираат сите здравствени институции.
- Кога се појави „ред бул“ на пазарот бевме многу против неговата продажба, токму поради тауринот што го содржи. Мислевме дека тој ќе се продава во аптеки, по препораки на доктори, со дозирање и слично. Но него и уште десетици други видови пијалаци денес ги има на пазарот и очигледно никој не може да ја спречи нивната продажба. Ние нема да чекаме некој да умре од овој производ, напротив, ќе правиме се што е во наша можност, а тоа е постојано да им укажуваме на граѓаните за штетноста на оваа напивка - вели директорот Ѓорѓев.
Од Министерството за здравство вчера не кажаа дали планираат да поведат иницијатива за забрана на овие пијалаци.

„Ред бул“ му даде крилја на уште еден Англичанец

Четириесетгодишниот Алфредо Дуран, работник во супермаркет во Оксфорд, Англија, пред три месеци умрел од срцев удар, кој бил предизвикан од големото количество „ред бул“ што го испил. Ова е последниот случај на смрт предизвикан од овој пијалак за кој пренесоа англиските медиуми.
„Нова Македонија“ веќе пишуваше за многуте случи на смрт што настанале од предозираност со светски познатиот пијалак. Студент од Лимерик, Ирска, починал откако испил неколку лименки „ред бул“ пред кошаркарски натпревар. Британските власти, откако го испитаа пијалакот пред седум години, изрекле само предупредување да не го консумираат бремени жени, зашто постои ризик од пометнување.
Неколку студии што се направени на универзитет во Северна Каролина и во Сао Паоло, Бразил, покажуваат дека оние што пијат енергетски пијалак со алкохол можат да бидат попијани отколку што мислат дека се. Ова се случува зашто пијалаците за енергија може да бидат само маска на вистинскиот ефект што го предизвикува алкохолот.
Случаите на смрт не ја намалуваат продажбата на „ред бул“. Би-би-си пренесува дека само лани во светот биле продадени околу една милијарда лименки.




РЗЗЗ: Напивките за енергија создаваат канцерогени состојки

Засладувачите во пијалаците, односно сахаринот и ацесулфамот, поминуваат низ системот за варење на храната. Додека минува низ цревата, бактериските ензими го трансформираат цикламатот во циклохексил амин, кој има канцерогено дејство, стои во предупредувањето на РЗЗЗ за пијалаците за енергија.
Тие укажуваат и дека преку овие напивки метанолот се внесува во мали количества во организмот, но тој е многу токсичен и опасен по здравјето.
Од РЗЗЗ нагласуваат дека енергетски пијалаци не смеат да пијат деца, бремени жени, болни од шеќерна болест, лица со зголемен крвен притисок, како и лица чувствителни на кофеин. РЗЗЗ предупредува дека е опасна комбинацијата со алкохол.
Оттаму советуваат децата да консумираат исклучиво природни овошни сокови со висока биолошка вредност.

www.novamakedonija.com.mk
 
јебига...ја сепак си пијам...:kafe:
 
Енергетски пијалоци ИЧ, ама ич не пијам. И шо има фајда од нив? НИШТО
 
јебига...ја сепак си пијам...:kafe:
Не е за деца, не би ти препорачал да пиеш.

Пијам во екстремни случаи, кога ќе си легнам во 4 сабајле, мора да одам на работа од 8... Ова се случува еднаш во 2 месеци, демек да не заспијам и да ме држи буден. Никогаш не сум се напил Редбул (или друг енергетски пијалок) на забава, со цел да го конзумирам како сок или да „сечам“ водка со него. Секогаш со причина. И искрено, не гледам некоја разлика помеѓу енергетски пијалок и филџан турско кафе.

Убаво има пишано Станислава :)

"Ќе умрете и ако испиете едно шише вотка, а сепак ја има на пазарот. Значи, големата доза е таа што е отров за човечкиот организам. Исто и ако изедете еден килограм сол ќе умрете. На крајот на краиштата, енергетските пијалаци не се дрога и се продаваат легално. Ако производот има состојки што се во граници на нормалата, тој не е опасен по живот".

Верувам дека цигарите се далеку по штетни од лименка РедБул, па секој ден се конзумираат и продаваат слободно.
На крајот на краиштата, секој има разум - нека ги процени своите постапки и нека извлече поука од смртните случаи (кои најчесто се должат на предозираност). Лекот е лек се додека не земеш премногу. Тогаш станува отров.
 
Пијам два пати годишно а може и еднаш. :)
Али комбинацијата вотка+ред бул е превкусна и пиев лани неколку пати се додека не ми кажаа дека таа комбинација воопшто не е препорачлива па дури на некои места не ја ни сечат вотката со ред бул. Така да не фала за тоа.

А имам една познаничка која пиеше 2-3 ред була дневно одреден период мислејки дека ќе и помогне при учење, ќе има поголема концентрација, али еве сега е дијабетичар токму поради енергетските пијалоци. :icon_roll
 
Најчесто на излегување пијам водка со редбул, шознам уште сум жива :pos: може некогаш ќе се одрази на нешто ама неможам да се замарам со се нешто, и цигарите се штетни и сирењето е канцирогено па тоа е...:toe:
 
Најчесто на излегување пијам водка со редбул, шознам уште сум жива :pos: може некогаш ќе се одрази на нешто ама неможам да се замарам со се нешто, и цигарите се штетни и сирењето е канцирогено па тоа е...:toe:

Па како не ќе се одрази, неухрането срце го тераш посилно да работи, со тек време добиваш "тивка" исхемија на срцевиот мускул.
 
Не ми делуваат вакви пијалоци и не ги купувам, еднаш купив и заспав на плажа на пола журка.
Најтрагично е што внук ми кој има 11 години ми бараше да купам,некоја шема им е тоа изгледа :uvo:. Кога веќе не планираат да превземат нешто во врска со нив барем нека има забрана за продажба на малолетни, може има веќе не знам :kesa:
 
Не е за деца, не би ти препорачал да пиеш.

Пијам во екстремни случаи, кога ќе си легнам во 4 сабајле, мора да одам на работа од 8... Ова се случува еднаш во 2 месеци, демек да не заспијам и да ме држи буден. Никогаш не сум се напил Редбул (или друг енергетски пијалок) на забава, со цел да го конзумирам како сок или да „сечам“ водка со него. Секогаш со причина. И искрено, не гледам некоја разлика помеѓу енергетски пијалок и филџан турско кафе.

Убаво има пишано Станислава :)

"Ќе умрете и ако испиете едно шише вотка, а сепак ја има на пазарот. Значи, големата доза е таа што е отров за човечкиот организам. Исто и ако изедете еден килограм сол ќе умрете. На крајот на краиштата, енергетските пијалаци не се дрога и се продаваат легално. Ако производот има состојки што се во граници на нормалата, тој не е опасен по живот".

Верувам дека цигарите се далеку по штетни од лименка РедБул, па секој ден се конзумираат и продаваат слободно.
На крајот на краиштата, секој има разум - нека ги процени своите постапки и нека извлече поука од смртните случаи (кои најчесто се должат на предозираност). Лекот е лек се додека не земеш премногу. Тогаш станува отров.
абе фала богу, го знам ризикот...и јас не го пијам ко сокче...некад кога ке отидам на некоја транс журка која трае од 11 вечер до 11 сабајле...тогаш паѓаат едно или две...значи вкупно може да се каже од 2 до 4 годишно....
Најчесто на излегување пијам водка со редбул, шознам уште сум жива :pos: може некогаш ќе се одрази на нешто ама неможам да се замарам со се нешто, и цигарите се штетни и сирењето е канцирогено па тоа е...:toe:
ја ко што знам тоа е мнооооооОООоООоОоОоооооогу лоша комбинација...
 
Za energetski pijalok kako takov,napishano e i na nego deka ne smee da se konsumira vo golemi dozi,znachi ima predupreduvanje od proizvoditelot.
A za sechenje so alkohol,narochito vodka.....ne deka ne e vkusno i deka ne se pija po 10-15 ko nishto.Ama napraj esap pa da vidam so kolku novac treba da izlezesh i da se napravish onaka sportski kazano KAMEN i da bidesh centar paznja kako "klaberot" shto ide na zurka i shto porachuE? Red Bull so vodka normalno :P
 
A za sechenje so alkohol,narochito vodka.....ne deka ne e vkusno i deka ne se pija po 10-15 ko nishto.Ama napraj esap pa da vidam so kolku novac treba da izlezesh i da se napravish onaka sportski kazano KAMEN i da bidesh centar paznja kako "klaberot" shto ide na zurka i shto porachuE? Red Bull so vodka normalno :P
остај ти есап...глеј си го здравјето:jaj:
 
аиии. не пробувам веќе енергетски пијалок
 
Ако веќе гледаме на лошите работи како Кафе Ред Бул Цигари, ај глејте на полошите од лошите.
Сега сигурно следува прашањето кои се тие полоши од лошите работи. ЕПА Водата, воздухот а богами и сонцето во последно време матер ни ебава со сите штетни ствари што ги има па што, пак пиеме вода пак дишеме и пак седиме на сонце.
Трите основни елементи за живот се загадени т.е. сјебани а вие сте се загрижиле за ред булот....јак штик, за матура испив 4 ред була со водка и еве ме жив здрав, еднаш до два пати неделно ми текнува да си купам ред бул и онака да го испијам. Што знам многу многу енергија не ми дава, сличен ми е на сок....а можда и јас погрешно го конзумирам:toe:
НИКОГАШ ама НИКОГАШ не ми дал енергија како што би ми дало кафето, „енергијата„ била онака кратко трајна, понекогаш повеќе ме „крева„ кригла-две пиво одколку лименка-две ред бул
 
Ако не беше ред булот јас немаше да ја преживеам екскурзијата во Будимпешта, Ако не беше ред булот немаше ни да издржам без спиење на неколку журки. Знам дека комбинацијата со алкохол е штетна ама имам мешано, повеќе пати. Сега се чувам, прекинав со ред бул и сл енергетски пијалоци.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom