премногу, некако ружно ми делува трвда кожа на убава летна сандала.. или несредени нокти.. моите се секогаш френч и на рацете и на нозете.. лете зиме, не е битно.. едноставно мерак ми е да го направам тоа
Додека седите на столче, подигнете го десното стапало и правете кругови со него во правец на стрелките на часовникот.
Потоа со десната рака во воздухот напишете го бројот 6. Стапалото само од себе ќе се обиде да го смени правецот на движење. Ма што и да праите... не може да го смените ова. Каков глуп и наивен мозок иаме...
Не правам разлика дали е лето или зима,грижа за стапалата водам постојано.Еднаш неделно ги мачкам со крема за стапала од Авон, а немам проблеми со миризбата затоа што секој ден ги мијам и мачкам со крема.
Дланките и стапалата ми се најголема слабост и секогаш си обрнувам големо внимание на нив. Прво ноктите на нозете ми се средени и налакирани исто како и на рацете, средување кутикули имам едно мастче во шишенце како лак ги омекнува, со камен на секое туширање ги стругам без разлика дали има тврда кожа или не.и после тоа со хидратантна крема прво користев од орифлејм ама сега една од аптека Scholl active repair K+, со калиум. Брзо се впива не се чека многу и ги прави мазни ама не се става многу често барем до три пати неделно.
Се грижам за моите стапала така што на лето на одмор преку ден одам боса - цело време. Внимавам каде газам и досега се немам посериозно повредено. Кожата на стапалата ми е цврста, но никогаш не ми се јавило задебелување, т.е. корка, или било каква друга инфекција. Едноставно, стапалата ми се здрави. Не користам камен за пети, стругање правам така што се шетам боса по камења и карпи . За да не закачам некоја инфекција, за во купатило си носам папучи.
Да не испадне реклама ова за Рамстор мол, но таму во делот козметика може да се најде се за нега на стапала, од германска фирма производител на турпии, грицкалки, балсами за нега или сл. Топ се работите, милслам по квалитет...
Јас не сум тип што претерано води сметка за стапалата, еднаш неделно ги поминувам со турпија за стапала и ги мачкам со специјален лосион
Би сакала да напоменам дека и мажите треба да обрнат внимание на педикирот а не да имаат стапала како шмиргла па да те изгребе не дај боже пр. при галење во кревет:nenene:
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.