Македонска битова драма

  • Креатор на темата Креатор на темата OBDN
  • Време на започнување Време на започнување

OBDN

Ходајучи Вујаклија
Член од
25 јули 2005
Мислења
1.456
Поени од реакции
32
Јелена ЛуЖина
Македонската театрологија, македонската литературна наука, но и културната историја на македонскиот народ имаат сериозни причини, ама и обврски, постојано - а не само пригодно/пригодничарски, или инцидентно! - да потсетуваат на интригантниот феномен што вообичаено го именуваме како битова драматика/драматургија. Театрологијата е (можеби) најмногу обврзана соодветно да ја истражува, толкува и вреднува исклучителната историска мисија што битовата драматика/драматургија ја исполни не само спектакуларно, но и исклучително функционално. Имено, театрологијата постојано нагласува дека се работи не само за одредена литературна и/или театарска појава, туку за вистинска мисија која што, во еден мошне чувствителен историски и геополитички миг, битно придонесувала кон развојот на одредени урбани културни стандарди (на овие турбулентни балкански простори секогаш малку инсуфициентни !), но и кон формирање/форматирање на одделни социјални чувства (на припадност), оттука и оние со националниот предзнак.
Не смее да се заборави и најважното: пробив и афирмација на битовата драматика, која - како што знаеме - од сцената "зборувала" на повеќе македонски говори значително пред македонскиот литературен јазик да биде кодификуван, битно придонесувала и кон постапно официјализирање (и стандардизирање) на истиот тој јазик.
Најпосле, театрологијата никогаш не пропушта да напомене дека - благодарение токму на мисијата на македонската битова драматика/драматургија, одделни македонски говори - започнувајќи уште од ноември 1900-та година, од митската праизведба на "Македонска крвава свадба" на Војдан Поп Георгиев ?ернодрински, триумфално ги освојуваа официјалните театарски сцени во повеќе балкански земји, наметнувајќи им се на нивните монолингвални државни политики на мошне суптилен, но и незапирлив начин.
Со други зборови, театрологијата постојано потсетува оти мисијата што, во протег на изминативе стотина-и-кусур години, толку маестрално ја извршуваше македонската битова драматика - драматика што, во некоја порадикална естетичка смисла, можеби и може да се оцени како "кревка" - дека таа мисија никогаш не била само театарска и само литературна. Напротив.
За битовата драматика./драматургија може и треба да се зборува во разни ситуации и по најразлични поводи. Денешниов, кој се врзува за оваа пригодна изложба, навидум е "поттикнат" од неколку формални годишнини:
Пред десет години, на 1 ноември 1995, во Скопје починал најизведуваниот и несомнено еден од најрелевантните автори-битовци Васил Иљоски (роден во Крушево, 1902); пред триесет години, 1975, починал уште еден битовец, можеби најлуцидниот и најоригинален од сите драматичари што ја развиваа битовската стилска формација, Ристо Крле (роден во Струга, на 3 септември 1900); пред точно стотина години, на 13 април 1905 (или, можеби, пред сто-и-една, бидејќи, во случајот, располагаме со повеќе различни години на раѓање), во Стар Дојран се родил Антон Панов, автор на можеби најамблематската битова пиеса "Печалбари" (починал, инаку, во Струмица, на 28 август 1968); на 20 ноември оваа година, се заокружат цели 105 години од софиската праизведба на најславната пиеса што му припаѓа на битовскиот драмски/драматуршки модел - "Македонска крвава свадба"; најпосле, пред точно 130 години - на 15 јануари 1875 - во село Селци, Дебарско, роден е Војдан Поп Георгиев ?ернодрински, митскиот "татко" (родоначалник/втемелувач) на македонскиот институционален театар, неспорен македонски театарски првоборец (починал во Софија, на 8 јануари 1951)...
Какво е местото на битов(ск)ата драматика, како во контекстот на македонската литература и театрологија, така и во контекстот на славјанската, односно на европската литература и театрологија?
Кои се и какви вредностите на битовскиот драмски корпус, односно: кои се и (објективно) какви естетичките вредностите на поединечните драмски дела што произлегоа од оваа голема/долга/стогодишна стилска формација?
Во што се гледаат тие вредности, вистински или потенцијални - доколку постојат - денес; во што можеме да ги видиме ние: во самите драмски дела, во историските релации кои што се воспоставуваа помеѓу нив и нивните дамнешни гледачи, во денешниот колективен однос кон таканареченото културно наследство?
Дали е тоа - воопшто - жив театар? Дали е можно, воопшто, некакво негово денешно упризорување?
Има ли вистински можности за "ново читање" на неговите "традиционални", стереотипни, безмалку архајски предлошки?
И што да правиме, најпосле, со целиот тој фонд од текстови, познати и непознати?
Пребарувајќи ја големата база на театрографски податоци што перманентно ја ажурира научно-истражувачкиот тим на Институт за театрологија при ФДУ во Скопје, може да се евидентираат следниве цврсти/неспорни факти:
- битовската драмска библиографија содржи отприлика 250 поединечни текстови, потпишани од вкупно 80-тина поединечни автори; одвај педесеттина од овие текстови успеале да бидат поставени на сцените на професионалните театри;
- во текот на изминативе 105 години (од 20 ноември 1900-та година, кога е праизведена "Македонска крвава свадба", до 21 јануари 2005, кога на сцената на Битолскиот театар премиерно била изведена 11-та премиерна постановка на пиесата "?ест" од Васил Иљоски), професионалните театри што функционираа и функционираат на почвата на Македонија (вклучително и сите театри на ?ернодрински, коишто секогаш и секаде функционираа само на македонски јазик) премиерно поставиле, приближно, околу 140 битовски наслови (вклучувајќи ги сите нивни постановки); доколку имаме предвид дека истите тие театри поставила - вкупно - 5000 драмски претстави, лесно е да се пресмета оти битовите драми во вкупниот репертоар партиципираат само со 3 насто!
- бројот на евидентираните репризни изведби, што безмалку сите битови драми го регистрираат во безмалку сите професионални театри, не е само убедливо најголем по однос на сите други текстови, но е и рекорден: на пример, од петте најизведувани претстави во историјата на скопскиот МНТ, првата (со 346 репризии) е "?орбаџи Теодос" а петтата (со 173 репризи) "Македонска крвава свадба"
- според формалните показатели, најизведуваниот битовски драматичар е Васил Иљоски, чиишто пиеси биле поставени вкупно 67 пати и тоа: "?орбаџи Теодос" 26 пати, "Ленче Кумановче"/"Бегалка" 23 пати, "?ест" 11 пати, "Кузман капидан" 6 пати...
Нема ниту еден македонски режисер кој не се обидел, барем еднаш, да постави некоја од битовите пиеси. Големиот Петре Прличко можеби е и рекордер по бројот на битовите режии. Неколкумина режисери настојуваа и сериозно да го истражуваат битовскиот феномен - најзаслужен и најодан од сите нив несомнено е Бранко Ставре. Ставрев има поставено дури 11 текстови што на различни начини ја маркираат битовската поетика/естетика, при што најсериозно и најтемелно го истражувал токму антологискиот, можеби и најсигнификантниот од сите нив, текстот на Ристо Крле "Парите се отепувачка", кој го работел три пати, секој пат сосема поинаков (1970 и 1976 во МНТ; 1997 во Народниот театар во Битола).
Посебно треба да се нагласи големиот интерес што кон битовската драмска и театарска традиција систематски го развива еден од најиницијативните македонски режисери, Љупчо Ѓоргиевски (1955), кој во текот на изминативе десеттина години не само што има поставено најмногу текстови кои формално/формативно му припаѓаат на овој тренд, но и - поставувајќи ги консеквентно, некои од нив и повеќе пати - успеал да ја профилира сопствената "битовска режисерска поетика". Благодарение на ваквиот темелен интерес и ангажман на Ѓоргиевски, рецентната македонска театарска продукција може да евидентира најмалку три антологиски битовски претстави одиграни помеѓу 1995 и 2002 година, сите три поставени во Народниот театар о Битола: "Бегалка" на Васил Иљоски (1995), "Македонска крвава свадба" на Војдан Чернодрински (1999) и "Парите се отепвачка" на Ристо Крле (2002).
На 21 јануари оваа година, млада Софија Ристеска (штотуку дипломирана режисерка на една од најдобрите школи во регионот, софиската академија "Крстју Сарафов"), на сцената на Битолскиот театар ја има поставено драмата "?ест". Изборот го образложила со едноставниот факт дека денес - во турбулентните времиња во кои живееме - токму предметот на оваа драма на Иљоски, честта, станува најдубиозна и најпроблематична категорија. Заради што и се наметнува како сериозен повод за театрализација.
Како што знаеме, чест е клучниот мотив на сета битовска драматика.
 
Кој бега од себе.нема да може да се пронајде никогаш..убаво потсетување на нас самите..ако може да се групираме како народ..петка за темата..:cuc: :icon_redf
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom