Што научивте од последната врска во која бевте?

  • Креатор на темата Креатор на темата кики
  • Време на започнување Време на започнување
Бисерите не се фрлаат на свињи. Патем, научив да не се мешам со триците за да не ме јадат свињите! И научив дека ќе го живеам животот како што сакам додека Вие секогаш ќе се плашите од тоа што сте!

А да, ќе заборавев нешто од најбитните работи : НИКОГАШ не дозволувајте неговиот/неговата/нејзиниот/нејзината надобар/најдобра другар-ка да ви биде советник или, не дај боже, „мост”. Како што човек може да се заебе од најдобри другари од никој не може! Живи напасти се...
 
Од сите врски учам многу лекции, ама поконкретно од последната научив дека врска на далечина не бидува. Колку да се сакате, самото тоа што го нема она што го имавте - слушање по цел ден, поминување денови заедно... ќе ве направи напнати и ќе се карате за глупости и на крај се ќе расипете.
 
I don't know, I don't care, and it doesn't make any difference.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
да не верувам на зборовите и делата на човек што е во состојба на благо пијанство :)
 
Уште учам упм...Никако да го завршам материјалот...
 
научив дека треба да се ценам премногу,да бидам строга,да не фаќам мушки спонзоруши веќе.и многу многу други работи да не бидам ептен детална.
 
Последниов пат сакав да биде поинаку. Сакав да ја покажам мојата „друга“ страна: понежна, повнимателна, поискрена, погрижлива, потолерантна, помила, помалку комплицирана, ама од сето ова успеав само да си ја преминам својата црвена линија, неколку пати. Се` испадна `ко на ура. Многу неславно, многу... :giggle:

Од овој аспект, не ми се допаѓаат некои мои постапки и мислам дека некоректно ги употребив некои зборови. Во иднина не би променила многу, само ќе се потрудам да не се повторат некои работи.
 
Научив дека женските се курви. Дека и ние машките сме курви. Дека женските не знаат што сакаат. Дека и машките не знаат што сакаат. Всушност, најголемиот дел од луѓето не знаат што сакаат, а останатите често забораваат.
Научив дека животот не е фер. Дека секад добрите го добиваат џганот, а џганот добрите. Среќни лубовни приказни има само таму, во приказните.
Научив дека заради гореспоменатите курви + малограѓанштина, сплеткари, завидливци и секакви други паразити, довербата во денешно време е апстрактен поим, па ја нема ни каде што е заслужена. Научив дека најголемиот дел од луѓето не знаат да препознаат лојален карактер, бидејќи и самите тоа не се. Зашто да се биде таков, лојален, значи свесно да ризикуваш да ти биде зариен нож во срцето. Треба многу ХРАБРОСТ.
Научив дека "Amores Perros". Може да те сјебе до максимум. Дека не сум толку силен колку што мислев. Дека сум пак долу. Дека немам друг мотив за живот освен љубовта. И нема да имам.
Научив дека не постојат "грешки" кога постапуваш од срце, од душа. Но, можеби грешам.
Научив дека сум способен во секоја да го најдам она макар и скриено парче добро и во него да се заљубам. А можеби сум само наивен и затоа ќе го јадам и во иднина.
Научив дека не постои ни такво нешто како "преболување". Љубовта е давање, а не земање. Секој крај отцепува дел од тебе, неповратно. Нема назад.
И сега знам, дека да сакаш некого искрено и вистински, е како слободен пад од висина која нема да те убие, но ќе ти ги скрши сите коски. Ќе боли страшно многу, ама чувството додека паѓаш е неописливо прекрасно и неповторливо. Еднаш го направив. И ќе го направам пак. Свесно. И токму тоа ме прави ГОЛЕМ.


PS. Remember people, ХРАБРОСТА Е ДОБЛЕСТ! ;)
Ако сево ова се научило само од една врска,богами си научил скоро се.Обично овие сиве работи тешко кој ке ги научи од една врска.
Нешто од една,нешто од друга.
Тебе веке скоро ништо нема да те изненади.
Ти заблазнувам од причина што,еднаш заболело ама школото ке ти се најде за понатаму.

Од последната единствено што се секавам е дека научив односно сфатив дека не смеев да дозволам да отфрлам од себе човек со кого имав скоро се што сакам.
 
Дека од љубовта доаѓа најголемата злоба на овој свет..
љубовта е крива за сета несреќа... а највеќе јас што дозволив да ме надвладее!
 
Научив дека кога те лаже најмногу и веруваш :)
 
Научив дека прво треба да мислиш на себе и дека ти треба да владееш со партнерот а не тој со тебе. :)
 
Паднав многу ниско.. дозволив чувствата да си поиграат.. за дозволив љубовта да надвладее со мене.
И затоа на крајот јас испаднав повредена..
поверував на сите зборови, поверував на се... очекував многу..
а тој што очекува секогаш е извисен.. мислев дека неговата љубов беше посилна од се, но уште еднаш се докажа дека ни еден машки збор не вреди да се потпрат сите надежи и верувања на него.
Научив дека не смеам да се вљубам повторно, а се сомневам дека ќе можам да сакам некој друг како што го сакав него.
Никогаш нема да си простам што се изневерив себеси,
одсекогаш велев дека јас ќе бидам онаа која ке става крај и нема да дозволи да биде изиграна... но се случи,
ова беше тешка лекција.. но за се има прв пат.. ама нема да дозволам да се случи повторно!
 
Научив дека ќе ми биде многу подобро ако станам бесчувствително копиле и почнам да ги третирам жените како ѓубре.
 
Претежно сите кажуваат како од последната врска излегле повредени, научиле повеќе да се ценат и слично. Јас, меѓутоа научив многу работи за кои не сум ни била свесна дека постоеле. Многу бев ладна и гледав само за себе, не функционирам многу добро во врска, ама уште е така, битно го согледав тоа. Од бившиот добив порака- Ти не знаеш да сакаш ! И тоа ме замисли многу. Факт е, дека не бевме еден за друг- голем факт, и затоа и се разделивме. Тој се трудеше многу да опстане врската, форсираше, сакав и јас фала богу затоа и бевме заедно, ама кога не иде-не иде. Треба да знаеш да пресечеш. Така да, после него се замислив, што сакам ? Сакам да имам некој и да функционирам во врска, или добро ми е сама ? Знам дека би сакала да најдам некој со кој ќе бидам заедно, ама не сакам да ме гуши, сакам да си имам свој простор. Не отворена врска, не мување, него нормална врска каде што секој ќе си има свој простор.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom