Политичката припадност како пречка

  • Креатор на темата Креатор на темата B. Boop
  • Време на започнување Време на започнување

B. Boop

Princ: Најозбилна...
Член од
19 мај 2006
Мислења
1.302
Поени од реакции
263
Инспирирана од "жешките" дискусии во Политика и вести меѓу симпатизерите на двете спротивставени партии во државава ме интересира дали политичката припадност (доколку ја има) на вашиот потенцијален патнер би ви пречела за отпочнување на врска или во понатамошниот развој на истата?
Пример, вие сте симпатизери/членови на едната партија и цврсто си стоите позади целите и идеите на вашата партија, а партнерот/ката е припадник на другиот табор и исто толку цврсто стои позади својата страна. Во дискусиите секој ќе си ја држи својата страна, дел од луѓето со кои ќе се движите може да бидат припадници на другиот табор кој е плукан од ваша страна и ред други ствари...
Мислите ли дека, со оглед на тоа што пола од времето го трошиме на политички теми било со партнерот, било со друштвото, дека би претставувало реален проблем? И дали воопшто би требало да биде проблем?
 
За мене не претставува проблем :toe: нашето општество е премногу исполитизирано така да неизбежно е скоро секој да следи политика...јас не сум политички обоен,а не би ми пречело мојата партнерка било која партија да ја одбере,тоа е нејзино нели демократско право,иако мислам дека и од различни партии партнери нема да имаат проблеми,сепак нели за љубов говориме :smir:
 
Хахах, сешто, баш ќе биде поинтересно, не озбилно вакво нешто воопшто не би ми пречело, здрава дискусија е секогаш добредојдена.
 
Ајдее се расфрчевте со темиве,се некои пречки наоѓате.
Не,не ми пречи и не би ми пречело,од причина што политичарите нема утре да ме наградат за тоа,туку јас ќе си останам без партнер.
Ајде сега некој нека отвори тема дали би ве спречило да развиете врска ако партнерот не може да погоди Р или чисто Л.
 
А ја да ви кажам дека познавам едни на кои им пречеше и си раскинаја...
Јас кога слушнав за ова и причината зашто раскинале се згазив од смеење ама има бе секакви, зашто...

Иначем мене ништо не ми пречи... :back:
 
Ајдее се расфрчевте со темиве,се некои пречки наоѓате.
Не,не ми пречи и не би ми пречело,од причина што политичарите нема утре да ме наградат за тоа,туку јас ќе си останам без партнер.
Ајде сега некој нека отвори тема дали би ве спречило да развиете врска ако партнерот не може да погоди Р или чисто Л.

Само ако има пречки работите се движат и напредуваат, а ти со нив растеш и созреваш!
Ако не ти се допаѓа темата ... си знаеш.
Темата за политичка припадност на партнерот не е ни оддалеку иста со тема за говорна мана на човек која не би ја поставила и за која не би се исмејувала ниту во сон!
 
Само ако има пречки работите се движат и напредуваат, а ти со нив растеш и созреваш!

Како тоа само ако има пречки работите напредуваат?
Значи,ајде сега да речеме ова е пречка,политичкава определеност,како ќе напредува врската?Пречките не носат напредок,напротив,те уназадуваат.

Темата за политичка припадност на партнерот не е ни оддалеку иста со тема за говорна мана на човек која не би ја поставила и за која не би се исмејувала ниту во сон!
Не реков дека е иста,ниту реков ти лично да отвориш таква тема.
Сакав да кажам дека политичката определеност не е пречка,има мнооогу поголеми и позначајни пречки на кои гледаат луѓето,наместо да се замараат дали саканиот/саканата е од иста партија или не.

Ама секој со своето,и јас со моето.
 
Ako e zabegana po bilo koja partija toa pokazue deka e RETARD i nek ide u tri lepe PM
 
Важен е и овај фактор.
Знам пример се зедоле еден пар млади и на свадба татко то на жената сакал српско да слуша и бил од СДС а другиот пак бил тежок вмроец и сакал исклучиво македонски песни и се испкарале на сред свадба :)
 
Oskar za najglupava tema...
Не е глупава темата. Има примери од животот баш за вакави ситуации, и има примери кај некои парови кои често се расправаат за ова, ама ако е вистинска љубов, не би требало да е политичката припадност пречка. Накрајот на краиштата, има и такви, претежно постари патнери, брачни, кои намерно се членови на различни партии за да се има придовки од сите или барем од едната страна.
Имам слушнато неколку пати од млади дека ако некој е од друга парија(макар што се 18годишници) не им одговара.:uvo:
 
Oskar za najglupava tema...

А зошто мора да го напишеш тоа? Убаво си објасна Бети за што е поставена темава и јас на пример воопшто не гледам што е тука глупаво. Посебно не во ова наше секојдневие кое има само едно име - Политика.

Туку да си одговорам ...
Јас неможам да поднесам занесени луѓе по партии и политики. Секој има право да сака некоја партија, да си гласа за неа, да гледа вести и политички емисии и најважно - има право да има различен став од мојот за било што на тоа поле. Но доколку постојано е опседнат со неа и ништо друго незнае да проговори, тогаш веќе дефинитивно не би била со него.
Ќе си направиме секаков муабет, ќе се поконтраме или сложиме и сл., но ако преминува граница, тогаш за тој човек нема слободно место до мене.
 
За жал, општеството ни е такво, што сите се некако поделелни, па се случувало и најдобри другари/ки да бидат поделени и да се скараат и да станат смртни непријатели заради политика.
Сега, ако сум за некоја политичка опција, нормално поубаво би било да бидеме за истата, ама сега, ако не, Боже мој ништо страшно, дури интересно може да биде, ќе се буцкаме и ќе се шалиме на еден на друг пред избори и слично.
Не можам да очекувам копија и да го терам да бидеме за иста партија.
За да дозволам една политика да ми расипе љубов, треба значи да бидам малоумна и преееееемногу плитка.
Значи не наметнувам став, нормално тоа го очекувам и од другата страна. Немам намера да слушам предавања за кој треба да бидам, кого да не сакам и слично.Тоа си МОЕ право и нема врска со НАС и нашата врска.
 
Бидејќи не ја сметам политиката за нешто што може да ме попречи во ШТО БИЛО т.е. за мене постојам јас, и си го слушам мојот збор и глас т.е. не сум политички обоен, не би ми сметало. Доколку кај некои луѓе смета да ми простите на изразот ама ДА ИМ ЕБАМ ПРОСТАТА РАЈА
 
поглупава причина за да не бидеш со некој ...:pop:.:cuc:
 
И колку да “сум“ по некоја партија, не можам да бидам до таа мера недемократична па да не се “дружам“ со луге од спротивниот табор.
Немам намера да исмевам ничии политички убедувања (поготово кога се силни :pos:) ама фатaлно обврзување и обожување нa некоја партија ми е turn off. :pos: Постои како појава.
И да,знае да биде реален проблем кај вакви партиски фанатици.
Луге, ке си бирате партнер од вашата партија инаку џабе и активизам и состаноци и митинзи :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom