Мистичен
Човек
Македонија според странските директни инвестиции ја завршила 2007 година последна на листата од 20 држави во Централна, Источна и Југоисточна Европа, за годинава сепак е предвиден значителен растеж.
Ова се наведува во последната анализа на Виенскиот институт за меѓународни економски студии, според кој, лани во земјава нивото на странските директни инвестиции (СДИ) изнесувало 239 милиони евра. Виенскиот институт предвидува дека Македонија ќе ја заврши 2008 година со половина милијарда евра, што би било најголемо ниво на СДИ во земјава од 2001 година. На крајот од годината, Македонија треба да го избегне дното на листата, предвидува Институтот.
Континуираниот растеж на СДИ од 2004 кај 20-те држави, годинава ќе се намали предвидува Институтот. За 2008 се предвидени вкупно 91 милијарда евра инвестиции, за разлика од лани кога биле регистрирани 101 милијарда.
Институтот во 2008 предвидува зголемување на инвестициите само во Албанија, Македонија, Полска и Романија.
Според Виенскиот институт, лани во ЈИЕ биле инвестирани рекордни 9,072 милијарди евра, а за годинава се проектирани 1,5 милијарди помалку. Освен Македонија и Албанија, кај сите други земји во регионот е предвиден пад: Босна и Херцеговина од 1,47 милијарди на 800 милиони, Хрватска од 3,62 милијарди на 2,8; Црна Гора од милијарда на 500 милиони и Србија од 2,25 на две милијарди.
Во групите земји членки на ЕУ Романија, Бугарија и Словенија, лани привлекле седум, шест, односно една милијарда евра.
Највисоки инвестиции лани се регистрирани во Русија, над 38 милијарди евра, додека во Полска биле инвестирани речиси 13 милијарди.
Извор