20- то мото рели по повод Денот на независноста- учесниците утре во Охрид

  • Креатор на темата Креатор на темата Shellshock nam67
  • Време на започнување Време на започнување
S

Shellshock nam67

Гостин
btn_textsize_sm.gif
icon_at_textsize.gif
btn_textsize_lg.gif

По повод Денот на независноста на Република Македонија, Мотоциклистичката Федерација на Македонија во соработка со Сојузот на спортови на Скопје, го организираат јубилејното 20-то рели „Независност – Македонија".

Релито кое започна денес и ќе продолжи во текот на наредните два дена, има меѓународен карактер и во него ќе учествуваат над 300 мотористи од сите балкански земји и од Европа.


odat2.jpg

Денес, релито ќе се вози ќе се вози на релација Скопје, Куманово, Свети Николе, Кочани, Берово, Струмица, Дојран. Утре се очекува, учесниците возејќи низ делницата Дојран, Гевгелија, Неготино, Кавадарци, Прилеп, Крушево, Битола, да пристигнат во Охрид.

Во сабота, поаѓањето е од Охрид, и ќе се продолжи со возењето низ Струга, Дебар, Маврови анови, а како крајна дестинација е повторно Скопје, од каде што и стартуваше релито .

OhridNews​
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom