Филмовите и технологијата

  • Креатор на темата Креатор на темата Il Chino
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
Баш деновиве, гледав документарец на оваа тема и се запрепастив кога дознав, колку многу измислени филмски гаџети ги среќаваме денес во секојдневниот живот.

Па ајде, давајте примери... сцени и сл.
Јас за тоа време ќе набројам неколку во еден пост.
 
Не сум некој “филмоман’’ или како и да се вика тоа,ама приметливо е дека во недостиг на интересна приказна и идеа некои навалуваат со овие пронајдоци нивни за да искомпензираат некако а тоа чим кај мене не проаѓа :) што не гледам многу филмови кој знае кај понавлезени како е..
 
Пример 1.

Амбис на Џејмс Камерон од 1989.
Филм за подводната трка до нуклеарките кои се лоцирани на насуканата на дно американска подморница, потоа средби со вонземјани во морските длабочини, ментално нестабилни ликови, психопати, силен притисок, акција, бенг, бенг и сл. Во овој филм главните актери стигнуваат на дното од океанот со подморница која ако ја споредиме со денешниве подморници кои се користат за поморски истражувања е доста слична, да не речам иста. Да потсетам во 1989 година, ја немавме технологијата за да изградиме навистина така совршено парче со така комплицирани и напредни карактеристики. Роботска рака, систем за брзо спуштање, управување од бродот и сл.

Подморницата од Амбис
abyss-2.jpg


Денешните современи подморници за истражување

SUB10-1.jpg


За да биде уште поинтересен овој вовед, видете ја следната слика... тоа е слика од подморницата со која Џејмс Камерон, дури го снимаше филмот Титаник
се спушташе на локацијата кадешто беше потонал бродот Титаник за да дознае повеќе од местото на злосторот. Значи Титаник ја имаше својата премиера во 1997 година, а пак Амбис ја доживеа својата 8 години претходно.
mir-submersible-20070910000642879-000.jpg



:)

to be continued.
 
Наградно прашање

Од каде произлезе идејата за еден изум, за една направа без која денес не можеме да го замислиме секојдневниот живот?
Ок, ајде вака... во кој филм за прв пат се појави направа преку која луѓето можат да комуницираат на поголеми далечини и да, тие да бидат подвижни и да можеме да ги носиме насекаде со нас? Целам на мобилните телефони.

Знае некој?
(ќе оставам некој саат, ако никој не каже ќе постирам пак и ќе одговорам. :))
 
Абе за прашањево не знам да ти одговорам ама за ова со гаџетиве и ствариве баш гледав на Дискавери вчера даваа за тоа колку ствари од Стар Трек серијата и филмовите кои од 66-69 биле прикажани во првата серија денеска дека постојат. Цела емисија беше посветена на тоа.
 
Наградно прашање

Од каде произлезе идејата за еден изум, за една направа без која денес не можеме да го замислиме секојдневниот живот?
Ок, ајде вака... во кој филм за прв пат се појави направа преку која луѓето можат да комуницираат на поголеми далечини и да, тие да бидат подвижни и да можеме да ги носиме насекаде со нас? Целам на мобилните телефони.

Знае некој?
(ќе оставам некој саат, ако никој не каже ќе постирам пак и ќе одговорам. :))

Оh , yeah .. Star Trek , baby !!

од овој серијал имаа еден мал милион работи измислено .. пример ви се и вратите на лизгање ..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom