1967 - 2007 автокефална МПЦ

  • Креатор на темата Креатор на темата TpH_Bo_OkO
  • Време на започнување Време на започнување

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Локација
Дома
Веб-сајт
www.trn.blog.mk
lav004customkp2.jpg

Пред 40 години (17 јули 1967 година) Светиот Синод на МПЦ во Охрид го свика Третиот црковено-народен собор и на свечената седница во охридската црква Свети Климент Охридски ја прогласи Македонската православна црква за автокефална. Тоа се случи точно 200 години по неканонското укинување на автокефалната Охридска Архиепископија во 1767 година, остварено со одлука на турскиот султан Мустафа Трети, а по барање на Цариградскиот Патријарх Самуил Први.

До Првата светска војна епархиите на сегашна Република Македонија се наоѓаат под црковна јурисдикција на Цариградската Патријаршија. По Првата светска војна епархиите потпаднаа под окупација на Српската држава и затоа преминаа под управа на Српската православна црква. Со почетокот на Втората светска војна српските епископи заедно со својата војска и полиција ги напуштија овие епархии со кои управуваа 20 години и на нивно место се најдоа епископите на Бугарската православна црква.

Пред завршувањето на војната, во 1944 година во селото Врановци е создаден Иницијативен одбор за организирање на Македонска православна црква. Во март 1945 година во Скопје се одржа првиот Црковно-народен собор на кој е донесена Резолуција за обновување на Охридската Архиепископија, како Македонска православна црква. Одлуката е доставена и до Архиерејскиот собор на Српската православна црква бидејќи пред војната епархиите во делот на Вардарска Македонија беа во составот на Обединетата Православна црква на Србите, Хрватите и Словенците, подоцна - Српска православна црква. Архиерејскиот собор на СПЦ не ја прифати одлуката и во своите натамошни барања Иницијативниот одбор истапува со одредени редукции: наместо како автокефална бара да биде признаена како самостојна Црква, но повторно не наидува на одобрување.

Во 1958 година, во Охрид се одржа Вториот македонски Црковно-народен собор, каде што е прифатен предлогот за обнова на Свети-Климентовата Охридска Архиепископија, олицетворена во самостојната Македонска православна црква, а за нејзин прв епископ е избран г. Доситеј. Одлуката за самостојност на МПЦ беше потврдена преку отслужувањето на заедничка архиерејска Литургија со српскиот патријарх Герман, на јули 1959 година во црквата Свети Мина во Скопје, и во исто време е извршена и хиротонија на преспанско-битолскиот владика Климент. Со тоа Светиот Архиерејски Синод на СПЦ и даде самостојност на МПЦ, со тоа што таа и натаму останува во канонско единство со СПЦ преку нејзиниот патријарх. По неколку дена во црквата на Свети Никола во Штип е хиротонисан за владика на Злетовско-струмичката епархија г.Наум. Конституиран е Синодот на МПЦ според Уставот на МПЦ, како и другите административни органи и тела во Архиепископијата и во епархиите.

Во мај 1962 година во придружба на патријархот Герман, со неколку епископи на СПЦ во посета на МПЦ пристигна патријархот Московски Алексиј, придружуван од митрополитот Никодим, епископот Пимен и повеќе великодостоинственици на Руската православна црква. На празникот на Свети Кирил и Методиј во црквата Пресвета Богородица - Каменско во Охрид беше одржана и архиерејска Литургија на која што служел патријархот Московски Алексиј во сослужение на патријархот Српски Герман и Архиепископот Охридски и Митрополот Македонски Доситеј. Тоа беше прво сослужување на поглаварот на МПЦ со поглавари на други автокефални цркви.

Доситеј беше поглавар на Македонската православна црква од 4 октомври 1958 до 20 мај 1981 година. По него архиепископи на МПЦ беа Ангелариј (18.08.1981 г. до 15.07.1986 г.), Гаврил (04.10.1986 г. до 09.06.1993 г.) и Михаил (21.12.1993 г. до 06.06.1999 г.). Актуелниот архиепископ г.г. Стефан е поглавар на Македонската православна црква од 09.10.1999 година.
lav013qa9.jpg
 
До Првата светска војна епархиите на сегашна Република Македонија се наоѓаат под црковна јурисдикција на Цариградската Патријаршија.
a egzarhijata posle fermanot od 1870g.?ne te provociram,Trn...ama mora da go spomnesh i toa.
 
a egzarhijata posle fermanot od 1870g.?ne te provociram,Trn...ama mora da go spomnesh i toa.
Станува збор за автокефалноста, 40 години пред денешен ден... Што значи нема потреба тоа да се спомнува. Искрено, црквата не е она што некогаш беше. Барем после смртта на господин господин Михаил. Денес црквата премногу политизирана. Замешана во Бог знае какви малверзации. Еве последно што разбрав, на г.г. Стефан му се дале пари да изгради црквиште, а тој си ги ствил в џеб.. Па нема лошо да му дојдат 200 000 евра..
Ајт.. Ќе биди за некои 100 години.. Ќе имаме црква каква што треба...
 
Станува збор за автокефалноста, 40 години пред денешен ден... Што значи нема потреба тоа да се спомнува. Искрено, црквата не е она што некогаш беше. Барем после смртта на господин господин Михаил. Денес црквата премногу политизирана. Замешана во Бог знае какви малверзации. Еве последно што разбрав, на г.г. Стефан му се дале пари да изгради црквиште, а тој си ги ствил в џеб.. Па нема лошо да му дојдат 200 000 евра..
Ајт.. Ќе биди за некои 100 години.. Ќе имаме црква каква што треба...
ma,kako da nema potreba.eve,sho kaja Trn:
"До Првата светска војна епархиите на сегашна Република Македонија се наоѓаат под црковна јурисдикција на Цариградската Патријаршија."
ednostavno ne e verno toa.:nenene: bitno e da se pamti!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom