Какви се македонските деца од 11 до 15 години?

  • Креатор на темата Креатор на темата vone
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Локација
Тука негде наоколу
Најголемиот дел од македонските деца на возраст меѓу 11 и 15 години живеат со двајца родители, го сакаат училиштето и сметаат дека покажуваат добри резултати. Цигара запалиле околу една третина од нив, алкохол пробало секое десетто дете, а марихуана три отсто од 15-годишниците.

Ова го покажа меѓународното истражување на Светската здравствена организација за однесувањето во врска со здравјето на децата на училишна возраст, спроведено во 2006 година во 41 држава во Европа и во Америка.

Истражувањето е спроведено на над 200 илјади деца на возраст од 11 до 15 години, а во Македонија во периодот април - мај 2006 година се испитани 5.552 деца во рана адолесценција, возраст која според експертите е најризична во животот за стекнување лоши навики и претставува основа за лоши резултати во животот.

Македонија е прва на листата каде што дури 91 отсто од децата на возраст од 11. до 15. година живеат со двајцата родители. Повеќе од 87 отсто од децата во Македонија на возраст меѓу 11 и 15 години со леснотија комуницираат со своите мајки, а малку помал е процентот, над 62 отсто, кои без проблеми разговараат со своите татковци.

Децата во Македонија не се меѓу најдруштвените. Дека имаат тројца или повеќе пријатели од истиот пол одговориле над 66 проценти, за разлика од нивните врсници во Англија и во Норвешка, од кои повеќе од 89 проценти имаат многу пријатели. Околу 30 отсто од децата на оваа возраст во Македонија минуваат четири или повеќе вечери во неделата со своите пријатели, а до 40 проценти секојдневно по електронски пат контактираат со врсниците. Над 30 отсто секој ден играат игри на компјутер.

Македонските деца на возраст од 11 до 15 години најмногу од сите нивни врсници од 40 земји го сакаат училиштето и, исто така, се на врвот на листата според оцената дека училиштето добро им оди. Сепак, околу една третина рекле дека се оптоварени со учењето. Над 75 проценти ги оцениле своите соученици како љубезни и од помош.

Околу 40 отсто од децата на 11 до 15 години во изминатите 12 месеци се степале. Речиси една третина рекле дека биле малтретирани на училиште од другите деца, а исто толку учествувале во малтретирање друго дете.

Цигара запалиле 36 отсто од 15-годишниците, 9 проценти од 13-годишните деца и 2 отсто од 11-годишниците во Македонија. Секојдневно пушат цигари 9 проценти од 15-годишните деца во Македонија. Овие резултати ја ставаат Македонија при дното на листата. Дури 77 отсто од децата на 15 години во Литванија запалиле цигара. Друштво им прават 61 проценти од 13-годишниците во Летонија и 35 отсто од 11-годишните деца на Гренланд.

Алкохол консумирале до 13 проценти од децата, а марихуана пробале три отсто од 15-годишниците.

Сексуални односи имале 34 отсто од машките и 5 проценти од девојчињата на 15 години. Од нив помалку од седум отсто користеле таблети за контрацепција, но затоа при последниот сексуален однос кондом употребиле 81 отсто од машките и 65 проценти од женските. Дека имаат прекумерна тежина сметаат најмногу 20 проценти од децата во Македонија. Интересен е податокот што повеќе момчиња отколку девојчиња на возраст од 11 до 15 години се пожалиле на прекумерна тежина. Најмногу над 30 проценти од децата на таа возраст во САД и на Малта сметаат дека се предебели. Зеленчук секој ден јадат околу 37 проценти. Околу 40 отсто секојдневно консумираат овошје, а повеќе од две третини пијат газирани пијалаци и редовно си ги мијат забите
 
значи добри се нашиве, а?ја мислам дека не е баш точно зошто не секое дете признава дека пуши или пие...дај боже да се точни резултативе

а тоа со сексот...може ги рачунаат Десанка и Леванка:pos:
 
Не би се согласил баш со процентиве. Мислам дека е многу поголем бројот на тие што пробале цигари и алкохол, па богами задниве години и мара. Од друга страна 36% од машките имале секс? Мислам дека си ги рачунале влажните сништа.:)
 
Децата на таа возраст се катастрофа....а тоа е затоа што родителите немаат време за нив поради оваа ебана транзиција:vozbud:
 
ja praevme ova anketa naskola...pojketo se sramet ili im e strav da napiset dali pusele ili piele, taka da...ne e najtocna...pominite petok navecer vo nekoja diskoteka da vidite dali pijet alkohol ili ne...
 
Моменат! Не им беше целта да се испофалат кој колку испил/испушил? Или секој одговор за своја публика?:toe:
 
Па фала богу дека нема да кажат дека пијат и пушат сите. Финтата им је пред пички да се праат манги,вака нигде ги нема.
 
Со еден збор децата се недоквакани.
А читајте од мој клас што направија фраерите на анкетава : Имаше прашања од типот Дали во дискотеките ви даваат алкохол иако сте малолетни, Дали низ забавите низ државава се шират наркотични средства и Дали без проблеми во продавниците ви даваат алкохол или цигари?
Фраерите и фраерките од мој клас заокружија НЕ, од проста причина што нивното мало мозоче мислеше дека ако заокружат ДА, ќе нема веќе да им даваат алкохол и цигари по дискотеки и продавници и ќе нема каде да купуваат без лична карта.
Каде отиде времето кога родителите си ги воспитуваа децата?
 
Не ....не се уплашиле од тоа...анкета ко анкета, тешко дека ќе остане анонимна...се уплашиле дома да не ги дознаат.
Знаеш дома пред тато и мама сите се ангелчина се додека не ја затворат вратата кога излегуваат.
 
Може да е и до тоа, но ги слушав кога се договараа. Глупа младина има државава, за тоа се виновни само тие што работат во образовните институции и нивните родителски единки.
 
Каде отиде времето кога родителите си ги воспитуваа децата?

Родителите што сакаат да си ги однесат сопствените деца на вистински пат се` уште си ги воспитуваат децата, само што во последно време се повеќе се намалија таквите. Повеќето по цел ден не можат да им ги видат очите на децата, споулавени се бркајќи работа и финансии зашто мислат ако им пружат доволно материјални средства тие ќе ги почитуваат, а всушност не сфаќаат дека понекогаш доволна е само една топла родителска насмевка.

Анкетава ни најмалку не верувам дека е баш така како што е прикажана, дури и да е анонимна, анкетираните не би ја кажале вистината од најразлични причини, било да се прават фраери, било да ја кријат вистината.
 
...tie, se najubavite deca do sea sho sum gi videl na taa vozrast, mnogu intelegentni, so mnogu odnapred osetena i svatena vizija za okolinata i suroviot svet okolu niv, zelni za druzenje-no sepak zatvoreni vo sebe, zalno no vistinito-rodeni politichari, pomalce nervozni za nivnata vozrast, golemi borci-silom prilike, i idninata i slikata na opshtestvoto vo koi ziveat...anyway, se zaprashal li nekoj od politichative deka, decata se nashata idnina a ne politikata...ne veruem da ima nekoj takvo nesho izjaveno u zadnje vreme, na drugo mesto, ako dete na taa vozrast ne e usmereno od drzavata i obrazovnite kadri, taa drzava mislam deka bi propadnala...se ama bash se e podredeno na usmeruvanje na decata od taa vozrast, tuka se reshava kakov ke mu bide zivotot na toa dete, kako vozrasna edinka potoa...zalno...stvarno e karastrofa da se vidi razlikata, sho bi mozelo da bide i sho ke bide od toa dete...

...wake up fucken idiots, childhood is a best period for each of us...!!!
 
аххаа а...не сум веќе 15 :D шала....јас лично бев мирно (и сеуште сум) дете/тинејџер...така да моите немаа проблем со мене...јас си бев мирен,,,мирно се оставав пред комјутер цел ден, мирно бунтував со глад, мирно не учев и така :pos2:
 
Најголемиот дел од македонските деца на возраст меѓу 11 и 15 години живеат со двајца родители, го сакаат училиштето и сметаат дека покажуваат добри резултати. Цигара запалиле околу една третина од нив, алкохол пробало секое десетто дете, а марихуана три отсто од 15-годишниците.

Ова го покажа меѓународното истражување на Светската здравствена организација за однесувањето во врска со здравјето на децата на училишна возраст, спроведено во 2006 година во 41 држава во Европа и во Америка.

Истражувањето е спроведено на над 200 илјади деца на возраст од 11 до 15 години, а во Македонија во периодот април - мај 2006 година се испитани 5.552 деца во рана адолесценција, возраст која според експертите е најризична во животот за стекнување лоши навики и претставува основа за лоши резултати во животот.

Македонија е прва на листата каде што дури 91 отсто од децата на возраст од 11. до 15. година живеат со двајцата родители. Повеќе од 87 отсто од децата во Македонија на возраст меѓу 11 и 15 години со леснотија комуницираат со своите мајки, а малку помал е процентот, над 62 отсто, кои без проблеми разговараат со своите татковци.

Децата во Македонија не се меѓу најдруштвените. Дека имаат тројца или повеќе пријатели од истиот пол одговориле над 66 проценти, за разлика од нивните врсници во Англија и во Норвешка, од кои повеќе од 89 проценти имаат многу пријатели. Околу 30 отсто од децата на оваа возраст во Македонија минуваат четири или повеќе вечери во неделата со своите пријатели, а до 40 проценти секојдневно по електронски пат контактираат со врсниците. Над 30 отсто секој ден играат игри на компјутер.

Македонските деца на возраст од 11 до 15 години најмногу од сите нивни врсници од 40 земји го сакаат училиштето и, исто така, се на врвот на листата според оцената дека училиштето добро им оди. Сепак, околу една третина рекле дека се оптоварени со учењето. Над 75 проценти ги оцениле своите соученици како љубезни и од помош.

Околу 40 отсто од децата на 11 до 15 години во изминатите 12 месеци се степале. Речиси една третина рекле дека биле малтретирани на училиште од другите деца, а исто толку учествувале во малтретирање друго дете.

Цигара запалиле 36 отсто од 15-годишниците, 9 проценти од 13-годишните деца и 2 отсто од 11-годишниците во Македонија. Секојдневно пушат цигари 9 проценти од 15-годишните деца во Македонија. Овие резултати ја ставаат Македонија при дното на листата. Дури 77 отсто од децата на 15 години во Литванија запалиле цигара. Друштво им прават 61 проценти од 13-годишниците во Летонија и 35 отсто од 11-годишните деца на Гренланд.

Алкохол консумирале до 13 проценти од децата, а марихуана пробале три отсто од 15-годишниците.

Сексуални односи имале 34 отсто од машките и 5 проценти од девојчињата на 15 години. Од нив помалку од седум отсто користеле таблети за контрацепција, но затоа при последниот сексуален однос кондом употребиле 81 отсто од машките и 65 проценти од женските. Дека имаат прекумерна тежина сметаат најмногу 20 проценти од децата во Македонија. Интересен е податокот што повеќе момчиња отколку девојчиња на возраст од 11 до 15 години се пожалиле на прекумерна тежина. Најмногу над 30 проценти од децата на таа возраст во САД и на Малта сметаат дека се предебели. Зеленчук секој ден јадат околу 37 проценти. Околу 40 отсто секојдневно консумираат овошје, а повеќе од две третини пијат газирани пијалаци и редовно си ги мијат забите
Dali deca treba da se vospituvaat spored ovaa statistika i dali toa treba da ni bide reper vo izveduvanjeto na decata na prav pat.Sekoe dete e prikazna za sebe..Najlosite raboti gi zemame od Zapad a znaete li deka mladi do 21 godina vo SAd ne smeat da bidat nadvor posle 20 casot a za prodavanje na cigali ili alkohol na maloletnici ne stanuva ni zbor.Nie prevzemame samo raboti koi ni gi unistuvaat vistinskite vrednosti.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom