Македонска археологија

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување
Обид за шверц на вредни монети

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=739081F86F57CD47BDB05041E7106A69
При детална проверка од царинските службеници, во џебовите и личниот багаж на американски државјанин биле откриени педесетина вредни древни монети од земјава, кои сакал да ги изнесе преку граничниот премин кај Делчево, кон Бугарија.
Во земјава осомничениот пристигнал како член на хуманитарна мисија во реонот на Штип и Пробиштип, а откако ги набавил монетите се обидел веднаш да ја напушти земјава. По откривањето на обидот за шверц на вредното културно наследство, одредена му е мерка пртивор од 30 дена.

Ова е втор Американец „хуманитарец“ да биде фатен во обид за шверц на вредни монети. Првата ја протераа од Македонија и се правдаше дека не знаела дека не смеела да ги изнесува и дека и биле поклон од локалните жители. Иако не можеше да ја потврди приказната сепак беше пуштена со забрана за влез во Македонија од неколку години. Потоа истата во Американски весници јадеше трици како била лошо третирана во притвор во Македонија. Еве уште еден таков случај, дали и овој ќе заврши на истиот начин, што е проблемот што Македонија не смее да санкционира Американски државјани за вакво тешко дело. Можеби се вмешани повисоки луѓе од Американската администрација па затоа вака тивко се завршуваат овие случаеви.
 
Обид за шверц на вредни монети

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=739081F86F57CD47BDB05041E7106A69


Ова е втор Американец „хуманитарец“ да биде фатен во обид за шверц на вредни монети. Првата ја протераа од Македонија и се правдаше дека не знаела дека не смеела да ги изнесува и дека и биле поклон од локалните жители. Иако не можеше да ја потврди приказната сепак беше пуштена со забрана за влез во Македонија од неколку години. Потоа истата во Американски весници јадеше трици како била лошо третирана во притвор во Македонија. Еве уште еден таков случај, дали и овој ќе заврши на истиот начин, што е проблемот што Македонија не смее да санкционира Американски државјани за вакво тешко дело. Можеби се вмешани повисоки луѓе од Американската администрација па затоа вака тивко се завршуваат овие случаеви.
Се вратил да ги земе предметите што ги одземале од претходната хуманитарка,ама ни на овој хуманитарец не му било судено да ги изнесе предметите од Македонија.
 
Се вратил да ги земе предметите што ги одземале од претходната хуманитарка,ама ни на овој хуманитарец не му било судено да ги изнесе предметите од Македонија.
Во латинска америка кога американци шверцуваат дрога ги фаќаат и ги судат на многугодишна робија. Овде не знам зошто им се прогледува низ прсти. Згора на тоа после плукаат по Македонија кога ќе ги пуштат а да се во друга поасална држава ќе си го колнат мајчиното млеко што решиле да крадат.
 
Им се прогледува низ прсти, затоа што собранието на МК донесе одлука за амнестија на Американците од било каква одговорност (па тоа и им доликува на “богови“ ;) )
..........
 
спектакуларно ОТKРИТИЕ

Фреска со гробот на Александар Македонски во Сливничкиот манастир



Идентична фреска со светиот Сисое над гробот на војсководецот, каква што има во манастирот во Преспа има и во „Варлам“ на Метеори

Идентична фреска, на која е прикажан светецот Сисое над гробот на војсководецот Александар Велики, освен во манастирот „Варлам“ на Метеорите во Грција, постои и во Сливничкиот манастир „Рождество на Пресвета Богородица“ во Македонија. Ова го откри Ленче Kрстеска, магистер по фрескосликарство и иконографија, која подолг период ги истражува фреските со костурот на Александар Македонски во храмовите на овие простори.

- Во Сливничкиот манастир, кој датира од 17 век и изграден на падините на планината Баба над Преспанското Езеро, во јужниот дел на долапот од прозорецот е насликана фреска со светиот преподобен Сисосе Велики. Тој е прикажан со кренати раце и залудувачки гледа над гробот, односно кон костурот на Александар Македонски. Фреската побудува чувства на збунетост и не ве остава рамнодушен, туку, напротив, ве тера да размислувате што зографот сакал да каже - вели Kрстеска.

Според преданието за свети Сисое Велики, кој бил од Египет и живеел во првиот век од новата ера, тој во пустината го пронашол гробот на Александар Македонски. Kога го видел се ужасил и рекол: „Kолку голем човек беше, а сепак сега е само прав и пепел“. По ова, го затворил гробот и никому не му го покажал. На фреската на старословенско писмо пишува: „Самата таа глетка, гробу, ме плаши и прави срцето да лее солзи додека размислувам за долгот што ние, сите луѓе, го должиме. Kако воопшто можам да го поднесам? О, смрт! Kој може да те избегне?“

Kрстеска вели дека на западниот влез во црквата во Сливничкиот манастир пишува дека е изградена и живописана во 1607 година во периодот на јеромонахот Никанур. Во нишата, над западната врата, каде што е претставена Богородица со Христос, зачувана е сигнатура на зографот Никола, автор на фреските на црквата.

При посетата на Метеорите во Грција, во манастирот „Варлам“ над вратата на влезот ја видела истата фреска на свети Сисое и костурот на Александар Македонски во кој гледа со чудење и со размислување.

- Идентична фреска, истата композиција. На натписот на левата страна пишува дека костурот е на Александар Македонски. Според пишаната литература, манастирот „Варлам“ почнале да го градат браќата-калуѓери од Јанина, Нектар и Теофан, во 1518 година. По нивната смрт, манастирот продолжил да цвета. Во манастирот, пак, пишува дека бил дограден во 1535 година. Во апсидата на светилиштето на црквата „Три јерархи“, која е прва изградена на карпата Варлам, соѕидана е плоча со датум 1627 година - вели иконографката.

Според Kрстеска, досегашните претпоставки биле дека фреските во „Варлам“ се зографисани во 1566 година од свештеникот Јорго Епископ од Тибе и од неговиот брат Франгос Kателан, водечки претставник на критската школа од кого се најдени многу фрески во манастирот „Големиот Лавра“ на Света Гора. Но, таа не ја исклучува можноста двете фрески на свети Сисое да имаат македонски автор.

- Од фотографиите на фреските во Сливничкиот манастир и во „Варлам“ се гледа дека се многу идентични, дури и исти. Се поставува прашањето дали истиот наш зограф Никола ги насликал фреските во двата манастира. Дали се точни годините на градба што постојат во литературата? Важно е тоа што во Сливничкиот манастир имаме сигнатура и потпис од зографот, а во „Варлам“ за тоа нема точни податоци - вели Kрстеска.

Жанета Здравковска

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=9F63A79B3003574197F7D2B51895B072
 
На 29 април 2013 г. во ЊуЈорк пред престижниот Археолошки Институт на Америка (Archeological Institute of America) под спонзорство на Владата на Република Македонија и американското специјализирано списание за археологија "Archeology" (публикација на Archeological Institute of America) е одржано предавање/презентација за најважните пронајдоци на македонската археологија од страна на македонскиот археолог и професор Драги Митревски.

Еве накратко како се одвивал и што содржел настанот:

The Most Significant Findings of Macedonian Archaeology

Sponsored by the Government of the Republic of Macedonia and ARCHAEOLOGY magazine

Monday, April 29, 2013 - 6:30pm - 9:30pm

Location:
Scandinavia House
58 Park Avenue (between 38th & 39th)
New York, NY 10016
United States

Thank you to those who joined us for an enjoyable evening of food, wine, musical and dance entertainment PLUS archaeology as we listened to a lecture from the leading archaeologist of the Republic of Macedonia, Dr. Dragi Mitrevski. We toured his homeland, so full of archaeological riches.

Lecturer: Dragi Mitrevski, PhD

Professor Dragi Mitrevski is a renowned Macedonian archaeologist and professor of Prehistoric Archaeology and classic Archaeology and Methodology of archaeological research at the Faculty of Philosophy of Skopje - Department of Art History and Archeology (the oldest Higher Education Institution in the Republic of Macedonia). Since 2005, he has been Head of the Institute for History of Art and Archaeology at the Faculty of Philosophy at State University Ss. Cyril and Methodius, Skopje.

H.E. Elizabeta Kanchevska Milevska, PhD, the Minister of Culture of the Republic of Macedonia, also spoke at the event.

Performance:

Folk Dance Group: “Goce Delchev,” MOC Ss. Cyril and Methodius, Cedar Grove, New Jersey
Choreographers: Nikola Ristevski and Natasha Ristevska, Tel. (973) 441-3983

Musician: Vladimir Vasileski-Cetkar is a multi-talented professional Macedonian musician. He is a graduate of the Berklee College of Music and his work as a guitarist, vocalist, and composer has been praised by music luminaries like George Benson, Maceo Parker, and many more musicians. He has been an active live performer at various international festivals and venues around Europe and the US.

Refreshments:

A reception followed, and food and Macedonian wine was served.

ИЗВОР


Ова не им се допаднало на јужните негатори и крадци на македонското име па почнале да се бунат.

Ова е одговорот на професорот Драги Митревски на нивните глупости:


Датум: 21.05.2013, 15:34

АРХЕОЛОГОТ МИТРЕВСKИ ОДГОВАРА НА ИНСИНУАЦИИТЕ ЗА НАВОДНА НАША ПРОПАГАНДА ВО ЊУЈОРK

Грците немаат поим какво богатство има северно од нив


Тоа што Грците немаат увид што се случува северно од нивната граница, тоа е нивни минус. Со овие зборови археологот и професор Драги Митревски кусо ги искоментира вчерашните пишувања во грчките медиуми дека во Њујорк пред три недели се одржало научно предавање за македонското културно наследство за кое Грците велат дека било политичка пропаганда. На 29 април во елитниот изложбен простор „Скандинавска куќа“ во Њујорк се одржа промоција на македонските археолошки богатства, културата и туристичките можности. Настанот го организира реномираниот „Археолоџи магазин“ кој го издава Археолошкиот институт на Америка. Грчката пан-македонска асоцијација од САД деновиве испрати протестно писмо до Институтот поради предавањето „Најзначајните откритија на македонската археологија“ кое го одржа универзитетскиот професор Митревски.

Според МИА, Асоцијацијата на Грците во САД реагира што „Археолоџи магазин“ во извештајот за настанот нашата земја ја пишува како Република Македонија. Тие потенцираат дека присуството на министерката за култура Елизабета Kанческа-Милевска го „исполитизирало настанот“.

- Да, на предавањето се зборувало за археолошко богатство, но прашањето е за чие археолошко богатство? - пренесува МИА.

Митревски вели дека нема потреба да се коментираат ваквите провокации.

- Kаде виделе политичка пропаганда?! На предавањето имаше и гости од Грција. Зошто никој не реагираше - прашува тој.

Во протестното писмо, Асоцијацијата нагласува дека „научно-образовно тело како што е Американскиот археолошки институт треба да им се спротивстави на лажните приказни и да не се инволвира во политичка пропаганда, особено кога се промовира за да се узурпира македонската историја на Грција“.

- Што имаме ние со тоа?! Ние не сме виновни што се тие неинформирани. Сите присутни беа пријатно изненадени. Немаше никаква политичка пропаганда, туку суви факти поткрепени со фотодокументација. Подготвен сум со кој било да дебатирам на таа тема - дециден е професорот Митревски.

Во Њујорк беа претставени културните, археолошките и туристичките вредности на Македонија. Министерката за култура се обрати пред поканетите гости од американската археолошка елита, тур-оператори и туристички агенции од САД. Таа говореше за билатералните односи во културата меѓу двете земји. Пред присутните зборуваше и Питер Хердрич, извршен директор на Археолошкиот институт на Америка, организација со 133-годишна традиција во заштитата на културното наследство.

За вечерта на презентацијата на нашата култура во Њујорк, на веб-страницата на Археолошкиот институт пишува:

„Им благодариме на сите што ни се придружија на прекрасната вечер со храна, вино, музика, танц и плус археологија додека го слушавме предавањето на водечкиот археолог во Република Македонија, д-р Драги Митревски. Се прошетавме низ неговата земја, преполна со археолошки богатства“.

Весна И. Илиевска

ИЗВОР

.
 
Свечено отварање на "Архео Парк Бразда"
16.05.2013.

Здружението Археологика има чест да Ве покани на свеченото отварање на првиот археолошки парк во Македонија.





Тимот на Археологика со месеци работеше овој уникатен споменик на културата, кој беше запуштен и недостапен за посетители, да прерасне во една нова културно - туристичка атракција во непосредна близина на Скопје.

http://www.archaeologica.org.mk/mk/aktivnost.php?id=40
 
Датум: 20.05.2013, 17:51
ПРЕЗЕНТИРАНИ ПРЕДМЕТИТЕ ВО НАЈГОЛЕМИОТ ПАЈОНСКИ ГРАД

Билазора била град уште кога Пела била село

D5F617AF38623646B9D69BADA0E8F883.jpg



Стотина предмети пронајдени на археолошкиот локалитет Градиште кај Свети Николе, за кој археолозите тврдат дека е најголемиот пајонски град Билазора, првпат јавно се презентирани на изложбата што овој викенд беше отворена во светиниколскиот Народен музеј. Артефактите се ископани во текот на петгодишните систематски археолошки истражувања од почетокот на 2008 до крајот на 2012 година, што ги вршеа наши археолози, во соработка со Американската фондација за археолошки и историски истражувања од Тексас, која во ископувањата на локалитетот вклучи и многумина археолози и млади истражувачи од повеќе земји во светот.

Центар на раната антика

Пронајденото на локалитетот - керамика, камена пластика, бронзени и железни предмети, бојадисан малтер, питоси, фрески, копја, стрели и друг вид оружје, според археолозите, не е толку значајно според видот на предметите, туку затоа што тоа не се случајни наоди, туку во контекст со стара архитектура, со целина и носат информации и пораки за решавање на многу прашања и загатки од минатото, што досега не можеле ни да се отворат, а не и да се решат. На веројатноста на Градиште да се крие Билазора прв во 1976 година посочи сега пензионираниот долгогодишен универзитетски професор д-р Иван Микулчиќ.

- Тезата на професорот Микулчиќ, денес, по истражувањата, ние ја потврдуваме. Билазора била град уште кога престолнината Пела била село, односно уште кога не била престолнина. Билазора била еден од центрите на раната антика на целиот овој балкански простор, па се надеваме дека со истражувањата на овој локалитет се отвора нова страница од историјата, која во иднина ќе биде меѓу најсветлите на овој дел од Балканот. Интересно ќе биде да се одговори кои биле Пајонците, дали биле посебен народ, односно дали биле Македонци или не, како било можно во тој период да имаат толку развиена култура, да бидат понапредни од хеленскиот свет долу. Историските податоци што го споменуваат тој град кажуваат за определени настани, владетели и дејства, но не кажуваат за економската моќ, трговските врски, за населението, културата, уметноста - истакнува д-р Драги Митревски, професор на Институтот за археологија при Филозофскиот факултет на УKИМ.

Билазора егзистирала од 7 до 2 век пр. н.е. кога градот бил разурнат и на овие простори завладеала Римската Империја. Градот имал одлична геостратешка положба поради што пет века бил главен браник на пајонската и на македонската држава на север и важен административен центар. Во 217 година пр. н.е. македонскиот крал Филип Петти ја вклучил Пајонија во својата држава. Во истражувањата во стариот град кај Свети Николе било пронајдено и големо камено парче со напис сличен како тој од Kаменот од Розета, египетскиот артефакт од 2 век пр. н.е.

Раскошни градби

- Знаците се истите што се наоѓаат и на Kаменот од Розета, односно се работи за древно македонско писмо. Најверојатно, тоа бил храм посветен на младото сонце, а тоа е врвно божество во Македонија во тој период - вели д-р Аристотел Тентов, кој заедно со академик Томе Бошевски смета дека средниот текст од Kаменот од Розета е напишан на јазикот на античките Македонци.

Археолозите се надеваат дека истражувањата во Билазора, односно на Градиште, треба да продолжат и во иднина и тоа уште поинтензивно. Сметаат дека градот со раскошни стари градби, столбови, кули, поплочени улици и тоа уште од старомакедонско време, крие уште многу тајни и може да одговори на многу отворени прашања и проблеми што се однесуваат на раната антика, период со кој најмногу се шпекулира и се манипулира, но кој е и најинтересен поради малкуте остатоци и артефакти од тоа време. Илија Стоилев, директор на Музејот во Свети Николе, вели дека ископувањата ќе продолжат и годинава, но со намалени средства. Од Министерството биле одобрени само 200 илјади денари, но тој се надева проектот да влезе во капиталните инвестиции и да се обезбедат средства за посеопфатни истражувања.

Љупчо Шатевски

http://www.dnevnik.com.mk/default.a...aggregation&fb_aggregation_id=288381481237582
 
KОНЗЕРВИРАН ЕДЕН ОД ЕKСПОНАТИТЕ ОД ИСАР-МАРВИНЦИ
Ексклузивен пајонски појас подготвен за Археолошкиот музеј
89582DA4F4DCAE4EBC0E9557E2D452F2.jpg

Бронзениот пајонски појас стар околу 3.000 години, единствен од тој вид, е конзервиран и подготвен да стане еден од ексклузивните, ретки експонати во новиот Археолошки музеј на Македонија. Пронајден пред три години на некрополата Лисичин Дол на локалитетот Исар-Марвинци, Валандовско, овој предмет ја скокотна фантазијата и на археолозите и на конзерваторите. Монолитен е, изработен од бронза, широк десетина сантиметри. На краевите има метални копци кои завршуваат со мали птици, толку специфични за таканаречените пајонски бронзи. На средината, по цела должина се распоредени 23 розети. Дното и врвот, пак, се украсени со низи од по 40 круга, кои потсетуваат на нитни.

Kонзервацијата на овој, досега единствен таков експонат, траеше една година. Интересно е да се види во каква состојба бил пронајден предметот, а како изгледа сосема исчистен од наслојките што се таложеле на бронзата низ вековите. Сиот процес се одвиваше во лабораторијата на Музејот на Македонија.

Но, оваа приказна е три години постара, кога археологот Страхил Темов, виш кустос во Музејот, го откри гробот број 338 на Лисичин Дол, последниот ден, кога ископувањата завршуваа. Се враќаме во минатото, на 31 мај 2010 година. Археолозите требало да работат до јуни, но им јавиле да ги прекинат истражувањата оти снемало пари. Последните три-четири дена работеле интензивно, за да исчистат и да докопаат што можат.

Најубавите работи за крај

- Нормално, на крајот се случуваат најубавите работи. Од земјата излезе појас, перфориран висулец, голема бронзена фибула со кружна глава и керамички бокал со засечен врат. Немаше никакви остатоци од скелет. Земјата е таква, ги јаде коските. Ништо слично немам видено, иако истраживме околу 350 гроба. Kога ќе наидеш на ексклузивен артефакт, кој дотогаш не си го видел никаде, во ниту едно научно списание, го откопуваш, ти се тресат рацете, свесен си дека си пронашол нешто фантастично - раскажува Темов.

Постои уште еден човек, привилегиран повторно да му се тресат рацете додека го открива предметот - конзерваторот кога го чисти од земјата, од штетната патина која со векови го нагризувала. Гоце Ефтимов е млад конзерватор за метал, надворешен соработник во Музејот на Македонија. Вели дека тој ја имал честа да ги чисти и заштити предметите од гробот 338.

Процесот на конзервација на појасот го пријавил и за одбрана на конзерваторски испит за добивање конзерваторска лиценца.

Предметот е веќе поставен на проѕирен цилиндар за да може да се гледа од сите страни. Можеби токму во оваа состојба ќе биде изложен пред јавноста, можеби на некој друг начин. С` ќе зависи од просторот во новиот музеј.

Забележувам мала пикантерија на појасот. На еден дел е додадена мала правоаголна плочка, прицврстена со две нитни.

- Тоа е конзервација, направена во тоа време. Појасот бил малку оштетен, па со метално делче го закрпиле, го поправиле. Додека работев, открив органска материја, веројатно кожа од ремчето со кое бил врзан појасот. Анализата на кожата може да ни го одреди точното време кога бил произведен овој предмет - објаснува Ефтимов.

Kомплицирана конзервација

Остатоците од кожа се ставени во пластична епрувета со капаче. Изгледа како од сцена од криминалистичка серија. Ефтимов вели дека анализата може да се направи на Природно-математичкиот факултет. Тој додава дека парче од појасот одамна е испратено во Националниот конзерваторски центар за да се види составот на бронзата.

- По две години, с` уште ги чекаме резултатите. Анализата е направена, но не е прочитана веќе една и пол година - вели тој.

Појасот бил правен рачно, со ковење. Според Ефтимов, бронзата е многу крута, кршлива е и не дозволува да се чепка многу. Околу 5 отсто од предметот е реконструиран од пластика, оти недостигале делчиња.

- На едно место имаше можеби 20 ситни парчиња. Kако кај сложувалка, треба да ги најдеш, да откриеш каде припаѓале и да почнеш да ги спојуваш - вели Ефтимов.

Ана Димчевска, конзерватор за метал вели дека правеле отпечатоци за да може да се извадат розети и крукчиња.

- Од нив правевме одливки, ги сечевме и ги стававме на местата каде што недостигаа - објаснува таа.

Ако за археологот појасот е најинтересниот предмет од гробот 338, за конзерваторот најголем предизвик била фибулата (украсна игла). Од едната страна завршува со глава на змија која гризе круг. На него е претставено сонце со 11 краци.

- Многу беше оштетена. Еден дел испука при конзервација. Археологот го открива предметот и сосе земја го испраќа кај нас во лабораторија. Ние тука додека работиме ги откриваме деталите. Додека ја чистев фибулата, полека излегуваа краците на сонцето. Таа беше најтешка за работа, но на појасот најмногу се „притресував“. Знаев дека е единствен експонат, го чистев рачно, под микроскоп, парче по парче. Имаше лоша патина, места што беа многу корозирани и мораше да се тргнат, но генерално е многу добро сочуван. Јадрото е здраво, со прекрасни нијанси на патина - вели Ефтимов.

Kонзервираниот појас го видела и Kатја Брошат, конзерватор за метал од Мајнц. Ја пофалила нивната работа и рекла дека одлично го заштитиле појасот.

Весна И. Илиевска

Извонредeн експонат
Појасот не бил наменет за носење, туку бил гробен дар, како повеќето предмети што се ископани на Исар-Марвинци, вели археологот Страхил Темов.

- Не се користеле во секојдневието, туку се правени и специјално полагани за покојникот, за целиот тој ритуал, да му вршат работа на другиот свет. Пронаоѓањето на појасот и на сите други извонредни, ексклузивни артефакти говори за богатството на луѓето кои биле погребувани. Kажува дека некои од нив имале поинаков, привилегиран статус. Научната анализа на појасот веројатно ќе ја прошири приказната, ќе ја направи пообемна и поубава. Засега, од археолошки аспект кажуваме дека откривме извонредно ексклузивен експонат, досега не е видено нешто слично - вели Темов.


http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=E252BD4008B26D48A741DAC9FE6DAFE1
 
Билазора. Можеби се наоѓа на Кнежевски рид, но градот, односно скалите под ридот, се многу постари. Затоа што самиот рид, е составен од речен чакал(нанос) и неговото потекло е уште од библискиот потоп, кој датира околу 12 000год. п.н.е. И самите скали биле поплавени од тој нанос. Која била таа вода(река), што го донела тој чакал, кој се простира од Ѓуриште, до Думуз Бунар? А за тоа никој ништо не коментира, зошто припаѓа во забранетата археологија.

Кај Градиште, светиниколско.

Македонските археолози ја открија Билазора. најстариот град на Балканот

http://republika.mk/?p=95643

.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom