Нешто чудно се случува со грчката црква

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.115
Грчкиот Св. Синод настојува да се зачува автокефалноста на Грчката црква

Вчера Св. Синод на Грчката православна црква се произнесе за зачувување на добрите односи со Цариградската Патријаршија (Вселенската патријаршија во Истанбул)), но бара почитување на автокефалноста на Грчката црква од страна на патријаршијата, соопштува грчкиот сајт Ин њуз. На заседанието на синодот во Атина била истакната неопходноста од почитување на патријаршкиот и синоден акт од 1928 г., кој регулира административен статут на 36 митрополии во Епир, (Грчка) Македонија, (Грчка) Тракија и некои егејски острови, сите наречени како "Новите земји", коишто биле вклучени кон грчката држава по Балканските војни и сеуште се сметаат за дел од јурисдикцијата на Вселенската патријаршија во Истанбул. Односно желбата на патријархот Вартоломеј Православната црква да има едно представништво во Брисел, раководено од претставник на Константинопол, Св. Синод на Грчката црква се произнесе за "соработка меѓу двете канцеларии во Брисел - на Вселенската патријаршија и Грчката црква", со кое практично го отфрли предлогот за сливање или затворање на грчкото претставништво.
Со актот од 1928 г. овие митрополии се предаваат за административно управување на автокефалната Грчка црква, но при тоа да се почитува каноничниот врв на Вселенската патријаршија и со 10 услови, коишто низ годините биле зачувани со променлива постојаност и истите биле постојан извор на недоразбирање меѓу двете цркви.
Јероним, којшто го зеде раководството на црквата по смртта на својот претходник Христодул, беше во прва посета на Вселенската патријаршија во Истанбул, која посета беше определена како "нова страница" во односите меѓу Грчката црква и Патријаршијата.
Јероним кажал, дека разно гласините припаѓаат на минатото, а во извештајот на таа посета беше посочено, дека разговорите минале во топла атмосфера на братство и искрена хармонична соработка и взаемна подршка, како потврда на нераскинливите историски и други врски меѓу двете цркви.
По повод заседанието вчера Светиот синод на Грчката црква објави и дека е против браковите на еднополови двојки во државата. Хомосексуализмот е нарушување на Божјата воља и на христијанското учење. Беа дадени половина милион евра од црквата како помош на настраданите од земјотресот во Пелопонез пред неколку дена, како и им беше наложено на специјалисти да извршат проверка на состојбата на храмовите во тие области.:nesum:

Сакав ова да го поставам ова како прашање на http://preminportal.com.mk/component/option,com_frontpage/Itemid,85/,
но нивниот форум е во реконструкција, па може тука ќе се најде некој поупатен во темава и ќе образложи повеќе, што е толку битен тој документ од 1928 г за грците и неопходност за почитување на истиот и кои се тие посебни 10 услови ?:toe:
 
Два свештеника на Эладска Цркви од г. Патра воведуваат нови правила:pos:
не им дозволуваат на постарите лица кои имаат вештачки вилици да се причестуваат.:eek:
верницте ќе поднесат официјална жалба поради дискриминација, :ROFLMAO:
и второ- на празникот Успение на Богородица- ги натерале верниците во црквите да се поделат -мажи посебно=жени посебно и наместо прво децата и жените да се причестат- они почнале со мажите,жените останале запрепастени- повикувајќи се на зборовите на Апостол Павле: пред Бога сите се исти
http://www.pravmir.ru/veruyushhie-grecii-vozmushheny-novoj-praktikoj-prichashheniya-v-gorode-patry/
 
ChurchInGreece.png
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom