Brainmachine
Прокрастинатор
- Член од
- 30 април 2006
- Мислења
- 137
- Поени од реакции
- 7
Си одам јас со чичко ми на лов и тој ме прашува: „Ги зеде ли патроните?“ и јас: „
Ееееееееј!!! Ај у пм ги заборавив..“ Гледам чичо нема куршуми во пушка. Јас имам само еден. Кога ни доаѓа една дива свиња, веднаш кон нас трча. Јас му велам на чичо Стој! Нишанам со пушката и браааам!!! Право на дивата свиња меѓу очи. Полека одиме кон неа, па и м`снавме уште една со кундакот... што е сигурно. сигурно е. Ја дигаме свињата, ко`а под неа - зајак. Како што паѓала оваа дивата свиња, паднала врз зајко и него го утепала. Чичо ми вели трк до џипот. Јас трчам, трчам, трчам и гледам јато еребици. Си велам, ех да си ја имав пушката наполнета па да утепам некоја. Така како што трчав и гледав во еребиците се сопнав и паднав со главата врз еден камен. Се онесвестив. Се будам и гледам во ранецот 2 еребици, демек како што сум паѓал сум заробил 2 во него. И така беше тој (просечен) ловчиски ден кога со еден патрон отепав дива свиња, зајак и две еребици lol.
